
За компанијата:
Групацијата PRIMA е најнапреден систем кој произведува и продава мебел во регионот. Во Република Хрватска, нашиот малопродажен ланец на салони за мебел вбројува 59 продажни места, додекa во Северна... повеќе за компанијата »
(преземи го огласот како слика)

РЕФЕРЕНТ ЗА НАПЛАТА И КРЕДИТИРАЊЕ
Локација: Скопје - Godi Retail Park
Твоите работни обврски вклучуваат:
- Комуникација со потрошувачите во самиот продажен салон и преку телефон;
- Индивидуален пристап кон секој потрошувач;
- Спроведување на сите готовински и безготовински трансакции со потрошувачите на благајна – физички и правни лица;
- Редовна дневна проверка на состојбата на благајната, тековно слагање на готовината и документите со фактичката состојба;
- Обезбедување актуелна информација за тековни промоции и попусти, коишто можe да ги искористи потрошувачот;
- Поддршка на потрошувачот при избор на најсоодветна кредитна опција;
- Пополнување на документи и барања за аплицирање за кредит.
Твојот профил треба да биде:
- Одлични комуникациски и продажни вештини;
- Ориентираност кон клиенти и градење однос со потрошувачи;
- Добри организациски способности и поставување приоритети;
- Мотивација и желба за континуирана професионална надградба;
- Позитивен пристап, љубезност и совесност;
- Спремнoст за тимска работа;
- Работно искуство на иста или слична позиција.
Нудиме:
- Едукација и опкружување кое потикнува личен и професионален развој;
- Работа во динамична средина – предизвикувачки и разновидни работни задачи;
- Систем на наградување на успешните вработени.
Биди тоа што си бидејќи го цениме твојот труд.
Цел е да дадеш најдобро од себе, биди таков како што си. Оствари се себеси, исполни и препознај ги своите вредности и примени ги во секојдневниот живот и работа. Ако си задоволен со својата работа, ќе бидеш задоволен и со животот. Тука сме да ти помогнеме на твојот пат кон успехот и остварување на целите. Твојот успех е и наш успех. Од ден до ден, ќе следиме, мотивираме, наградуваме и веруваме во тебе. Ти ја даваме подршката и довербата. Те цениме и разбираме. Се што работиш е важно.
Доколку сакате да станете дел од професионалниот и креативен тим кој што секогаш е инспириран и мотивиран при осмислувањето на решенија за целосно опремување на домот со фокус на желбите и потребите на купувачите можете да се пријавите на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака Референт за наплата и кредитирање.
Слични огласи »