Промовирани огласи »

МОН: Настава мора да се организира и за време на штрајк

Официјално соопштение од МОН за најавениот штрајк од страна на раководството на Синдикатот за образование, наука и култура – СОНК.

Основните и средните училишта и од утре, за кога е најавен штрајкот од страна на раководството на Синдикатот за образование, наука и култура – СОНК, ќе продолжат да работат, односно ќе примаат ученици и ќе организираат воспитно – образовен процес, информира Министерството за образование и наука (МОН).

Правната регулатива во оваа област ги штити интересите и на учениците. Согласно законите за основно и средно образование, воспитно – образовната работа мора да се реализира во текот на целата наставна година. Прекин не смее да има, освен во услови на вонредни околности како постоење на кризна состојба, прогласена епидемија, односно пандемија, пожари, поплави или други големи природни непогоди, за што одлучува Владата и го уредува начинот на организирање и реализирање на наставата до крајот на учебната година, прецизираат од МОН.

Како што нагласуваат, училишните раководства имаат законска должност да го организираат воспитно – образовниот процес и да овозможат продолжување на континуитетот на следење на настава во училниците, кој беше воспоставен откако по година и половина едукација на учениците во вонредни околности и услови на пандемија, тие повторно се вратија во училишните клупи, каде што впрочем им е местото.

Промовирани огласи »

Дали градинките ќе продолжат со згрижувачката дејност и во време на штрајк?

Најново соопштение на МТСП: Прочитајте дали градинките утре ќе продолжат со редовно работно време.

Сите предучилишни установи ќе продолжат да ја обавуваат својата дејност – згрижување и воспитание на децата и во деновите на најавениот штрајк, како и до сега, информира Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

Во согласност со Конвенцијата за правата на детето, одредбите во Уставот на Република Северна Македонија и Законот за заштита на децата, неприкосновено право на децата е да им биде пружено згрижување и воспитание во предучилишни установи како облик на заштита на децата. Согласно Законот за заштита на децата, во предучилишните установи за деца, вршењето на дејноста згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст не смее да се прекинува освен за вонредни состојби (природни непогоди, епидемии и друго), за што решава основачот, а по претходна согласност од Министерството за труд и социјална политика, но не и за време на штрајк, велат од МТСП.

По повод најавениот штрајк од страна на СОНК и во предучилишните установи, кое е загарантирано право на работниците согласно со Уставот, посочуваат дека при остварувањето на правото на штрајк вработените се должни да обезбедат непречено згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст.

Нагласуваат дека за Министерството за труд и социјална политика, грижата за најмладите, децата е приоритет, а заштитата на нивните права, наша заедничка одговорност.

Промовирани огласи »

Видео: Наскар возачи се степаа по судир на трката

Кој мислите дека е во право?

Тај Гибс го удрил Сем Мајер по трката во петокот вечерта на серијата Xfinity на која и двајцата возачи се одбија во последниот круг.

По трката, Гибс го закачи болидот на Мајер. Откако излегол од својот автомобил, Гибс отишол кај Мајер, кој исто така бил надвор од својот автомобил.

По трката, Гибс побарал од ривалот да објасни зошто го направил тоа. Кога не го сфатил, реши да се справи со ситуацијата со тупаници. Неколку пати го удри Мајер, а поголема тепачка спречија редарите. Мајер по судирот заврши во болница со полесни повреди на лицето.

Се боревме за награда од 100.000 долари и јас скокнав пред него. Тој згреши и ме удри неколку пати. Сепак, тие удари се премногу слаби. Јас едвај ги почувствував, рече Мајер, додека Гибс рече дека реагирал откако Мајер почнал да му се заканува.

Видео: Наскар возачи се степаа по судир на трката

Промовирани огласи »

Еве неколку совети кои ќе ви помогнат полесно да се адаптирате во новата работна средина:

1. Не зборувајте за она што сте го правеле на претходното работно место. Може многу да ве чини.

2. Не блефирајте. Ако не знаете како да сработите нешто, прашајте.

3. Признајте си ги грешките. Секој греши. Не се обидувајте да ги прекриете.

4. Прашувајте, фаќајте забелешки. Но, внимавајте да не станете досадни, запаметете го она што го ви кажуваат, не прашувајте исти работи постојано.

5. Ако работите во канцеларија, не се облекувајте премногу лежерно. Делувајте пристојно во секој момент.

6. Внимавајте што се зборува за време на team building часовите. Бидете активен слушач и говорник.

7. И запомнете, секое работно место си има свој ритам, треба само да се научите да го следите.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »