Промовирани огласи »

LUCKY DAYS во НЕПТУН!

Во НЕПТУН продажна акција со најголеми попусти! Не пропуштајте ја оваа идеална прилика за купување по намалени цени!

„Lucky days” до 11ТИ АПРИЛ во „Нептун” - продажна акција со најголеми попусти! Вистинска можност за  купување на производи со најголеми попусти и  до 60 рати на HAPPY цени. Разгледајте ги понудите во сите продажни салони на Нептун ширум Македонија или онлајн на Neptun.mk и изберете од најголемиoт избор на: телевизори, фрижидери, машини за перење и сушење, плотни, фурни, лаптопи и таблети, мобилни телефони, мали апарати за домаќинство и апарати за нега и убавина од врвни брендови. Нептун Македонија има и широка палета на услуги за своите клиенти како: haPPy лојална програма, инстант кредити, дополнителни гаранции, премиум достава, онлајн продажба, мобилна апликација за онлајн шопинг, кредитна и кешбек картичка haPPy MasterCard.

Акцијата важи за купување во Нептун продажните салони ширум Македонија, но и за онлајн продажба преку веб сајтот Neptun.mk и преку мобилната апликација за онлајн шопинг NEPTUN достапна на Play Store и App Store. Не пропуштајте ја оваа идеална прилика за купување по намалени цени, посетете ги “Нептун” продавниците и уживајте во овие ДЕНОВИ НА СРЕЌНИ КУПУВАЧИ!

Тагови: Нептун Македонија

Промовирани огласи »

УЕФА раскрсти со „Панини“, албумите за ЕП одат во други раце

УЕФА „раскина“ со Панини – еве кој ги доби правата за сликичките и албумите од Европските првенства

Долгата традиција на „Панини“ како официјален албум со сликички за големите фудбалски натпреварувања е прекината, тие веќе нема да бидат официјален партнер на УЕФА.


Американската компанија „Топс“ го презема бизнисот со фудбалски сликички за Европското фудбалско првенство, тие склучија договор со УЕФА за ЕВРО 2024 и 2028. Ќе имаат албум и за Лигата на нации, но и за Европското првенство за жени во 2025.

Првиот албум на „Панини“ со сликички од фудбалери почна од далечната 1970 година за СП во Италија, а осум години подоцна албумот за СП во Германија излезе ширум светот. Отогаш почна традицијата на масовно собирање на сликички.

Засега „Топс“ ги презема само Европските првенства, па Мундијалите се уште ќе ги работи „Панини“.

Едно од првите заштитни лица на „Топс“ стана Жозе Мурињо, а веќе излезе и првата реклама:

УЕФА раскрсти со „Панини“, албумите за ЕП одат во други раце

Промовирани огласи »

Граѓаните без маски да пазарат во моловите и маркетите, предлага КЗБ

Предложено укинување на маските во затворен простор, освен за неколку места

Комисијата за заразни болести предлага олабавување на две антиковид мерки. Претседателот на советодавното тело, д-р Александар Петличковски изјави дека по процена на епидемиолошката состојба, условите им овозможуваат за намалување на дел од рестриктивните мерки кои се во насока на спречување на ширењетоп на корона вирусот.

Првата препорака се однесува на укинување на задолжителното носење маски во затворен простор. Тие повеќе нема да мора да се носат, освен на четири места, а тоа се здравствените установи, домовите за стари лица, аптеките и јавниот превоз. Значи таму и понатаму важи мерката задолжително носење маска. На сите останати места може да се носат само по желба, ако некој сака, изјави д-р Петличковски.

ОД КЗБ информираа дека втората препорака се однесува на следењето на контактите на заразените со ковид-19.

Препорачуваме укинување на епидемиолошкото следење на контактите, а со тоа и укинување на мерката за изолациоја на контактите, изјави д-р Петличковски.

Досега во земјата се направени вкупно 1.974.520 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 307.142, бројот на оздравени пациенти е 296.373, на починати е 9.234, а бројот на активни случаи изнесува 1.535.

Промовирани огласи »

Работата од 9 до 17 часот полека, но сигурно убива

Резултатите од едно истражување покажале дека 8 часовното работно време може да биде кобно за вработените.

Резултатите од едно истражување покажале дека работното време од 9 до 17 часот може да биде кобно за вработените.

Истражувањето е спроведено на Универзитетот „Кембриџ“ и покажало дека една од шест предвремени смртни случаи е врзана за стрес, срцев удар, дијабетес 2 или рак кои се поврзани со целодневно седење во канцеларија.

Тоа се случува поради преголемата количина стрес, но и недоволното движење.

Затоа е многу важно што повеќе да се шетаме и да вежбаме, барем неколку пати во неделата, но и да ги смениме навиките за да направиме нешто корисно за своето тело.

Па така, потребно е почесто да стануваме од столица и да протегнуваме, наместо лифт да ги користиме скалите.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »