Промовирани огласи »

Oд утре без сертификати на летните тераси во кафулињата

Без маски во училиште и без сертификат на кафе

Владата денеска ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести, дадена пред речиси две недели. А тоа значи дека почнувајќи од утре, учениците во основните чилишта не е задолжително да носат маски.

Главниот координативен кризен штаб за справување со коронавирусот на крајот од минатата недела ги прифати препораките од Комисијата за заразни болести за укинување на обврската за носење маски во основните училишта, како и препорака за физичко присуство на наставата на факултетите.

Тие прифатија и укинување на сертификатите на терасите од кафулињата, што значи дека од утре на невакцинираните лица нема да им се бара сертификат на отворено.

Промовирани огласи »

Нафтата поевтини, барел чини помалку од 105 долари

Најавите на Русија ја паднаа цената

Барелот нафта брент се намали под 105 долари.

Откако Русија најави дека ќе ги намали воените дејствија во некои делови на Украина, барелот нафта од типот Брент поевтини на 104,28 долари.

Цените на нафтата паднаа и поради корона затворањето во Кина кое ги погодило економските активности во Шангај, главниот деловен центар на земјата. Овој кинески финансиски центар, кој има 26 милиони жители, им наложил на сите компании да го сопрат производството или да ги префрлат луѓето на работа од далечина во текот на локдаунот.

Промовирани огласи »

Од утре основците без маски во училиште

Владата донесе конечна одлука.

Владата го услови запосникот од седницата на Главниот крзен штаб, со кој се укинуваат маските во училиштата за децата од прво до деветто одделение.

Комисијата за заразни болести претходно и предложи на Владата измена на одлуката со која учениците во основните училишта да посетуваат настава без маски, освен ако ученикот по сопствена волја не бара да носи заштитна маска. За наставниците и останатите вработени во училиштата останува препораката за носење маски.

Промовирани огласи »

Без струја утре делови од неколку скопски општини

Проверете дали е и вашата

Без струја утре во одредени временски периоди ќе останат делови од Бутел, Гази Баба и Кисела Вода.

Регионалниот центар за управување со кризи соопшти дека од 08:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат жителите на улиците: „30“ и Љуботенски пат во општина Бутел, а од 9 до 11:30 часот корисниците лоцирани во просториите на „Стаклара“ и објектот на ресторанот „Градина“ и „Сардоникс“ во општина Кисела Вода.

Во периодот од 09:15 до 11:45 часот без електрична енергија ќе останат жителите од улиците: „Боро Тодоровиќ“, „Миодраг Илиќ“, „Интернационални Бригади“ и „158“, како и дел од корисниците од улицата „519“ и објектите на „Механика“ и „Автогума“ во Гази Баба.Од 11:45 до 14 часот без струја ќе бидат и објектот на „Автокаросерија“ и корисниците од улицата „516“ во општина Гази Баба.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »