Промовирани огласи »

Луѓето калкулираат што е приоритет за купување: Драстичен раст на цените на голем број прехранбени производи

Зголемувањето на цените е генерално кај сите производи, но најистакнато е кај прехранбените.

Сервисот Ценометар ги следи трендовите на промените на цените, откако замрзнаа цените на некои производи, но потоа се донесе и одлука да се ограничат маржите на прехранбените продукти во продавниците. 

Она што сите веќе можеме да го забележиме е дека многу продукти се далеку поскапи од претходно, а граѓаните реагираат и на цената на тоалетната хартија, основни козметички производи за капење и миење раце, но сепак, најизразено е кај храната. 

Зголемувањето е генерално кај сите производи, но најистакнато е кај следниве категории:

1. Банана – поскапена за 8-10 денари!

2. Лимон – поскапен за 5-7 денари!

3. Јаболка – поскапени за 8 денари!

4. Домат – поскапен за 14 денаари!

5. Зелка – поскапена за 4 денари!

6. Компир – поскапен за 6 денари!

7. Брашно – поскапено за 4 денари!

8. Грав – поскапен за 17 денари!

9. Путер – поскапен за 5 денари!

10. Ајдамер кашкавал – поскапен за 67 денари!

11. Гауда кашкавал – поскапена за 29 денари!

12. Свинска кртина – поскапена за 20-40 денари!

Поскапувањата се различни по различни маркети, но генералниот тренд е јасен.

Промовирани огласи »

Македонија го затвори воздушниот простор за руските авиони

И Македонија го затвора воздушниот простор за руските авиони, откако тоа го направија повеќе европски земји во изминативе неколку дена.

И Македонија го затвора воздушниот простор за руските авиони, откако тоа го направија повеќе европски земји во изминативе неколку дена.

Оваа информација ја објави самиот министер за надворешни работи Бујар Османи.

Владата тукушто одлучи да им се придружи на други ЕУ држави во забраната за прелет на руските авиони во воздушниот простор. Ние сме одлучни во нашата поддршка за Украина и ја повикуваме Русија веднаш да престане со воените акции. #StandWithUkraine – напиша на друштвените мрежи Министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Промовирани огласи »

„Гласен текстилец“: Газди се спремаат да отпуштаат работници поради зголемената минимална плата

Работодавачи се обидуваат да „го изиграат“ Законот за минимална плата, предупредуваат од „Гласен текстилец“

Здружението „Гласен Текстилец“ од Штип соопшти дека добило сознание оти поради стапувањето на сила на Законот за минимална плата од 18.000 денари, дел од работодавачите во следниот период спремаат откази на работниците поради наводно кршење на ред и дисциплина и неисполнување на нормираниот учинок од страна на работниците.

Ги повикуваме работниците да не потпишуваат никакви документи, изјави или спогодби се додека не се консултираат со правниот тим на Гласен Текстилец од Штип и да пријавуваат било какви прекршувања од работен однос, редовно да се јавуваат на своите работни места и покрај усмени укажувања од страна на работодавачите дека ќе бидат повикани на работа а сето тоа нема никаква правна потткрепа дека истите седат дома по налог на работодавачот, а не по нивна волја, велат од здружението, кое ги застапува правата на работниците од текстилната индустрија.

Гласен Текстилец“ испраќа апел до сите работодавачи да не превземаат никакви дејствија и противзаконски работи со цел да се изиграат законите и правата на работниците, бидејќи ќе се соочат со силен отпор од страна на здружението и работниците.

Исто така, сакаме да напомениме дека нормираниот учинок е укинат од страна на Уставниот суд на РСМ и нема да дозволиме никакво враќање на поранешна состојба и ќе бидат преземени сите правни механизми кои ги имаме согласно Уставот, Законите и меѓународните ратификувани документи во согласност со Уставот на РСМ за заштита на работниците и нивните права, се вели во соопштението.

Тагови: минимална плата

Промовирани огласи »

Google најави нови правила за враќање на работа во канцеларија

Гугл објави нови правила за враќање во канцелариите

Google се подготвува за враќање на вработените во канцеларија, а вакцинацијата не е задолжителна, како ни носењето маски и одржувањето растојание, но само за вакцинираните.

Кога минатата година најавија враќање на вработените во канцеларија од Google на своите вработени им испратија имејл со правилата до кои мора да се придржуваат среде пандемијата на корона вирусот. Од нив побараа да бидат вакцинирани, за што требаше да испратат доказ или да им испратат доказ зошто не смеат да се вакцинираат, на пример, од здравствени или религиозни причини.

Тогаш објавија дека на вработените кои нема да се придржуваат до правилата ќе им биде скратена платата, односно на крајот може да добијат и отказ. Но, бидејќи се смени ситуацијата со пандемијата, односно се покажа дека омикрон варијантата е поблага од претходните верзии, се менуваат и мерките во однос на пандемијата.

Некои земји веќе укинаа доста од мерките, а по тој пат тргнува и Google. Имено, технолошкиот гигант се подготувва за враќање на вработените во канцеларија. На почеток тоа ќе биде хибридна работа – 3 дена од канцеларија, 2 дена од дома, а добрата вест за сите е дека се олабавени и мерките.

Така, за вработените на Google во САД повеќе нема задолжителна вакцинација, но невакцинираните во канцеларија и понатаму ќе мора да носат маски и да држат растојание, како и редовно да се тестираат. За тие што се вакцинирани не важат таквите мерки и во најголем дел од канцелариите нема да пора да се тестираат, да држат растојание, ниту да носат маски.

Ова е уште еден доказ за нормализацијата на ситуацијата после двете години карантини, забрани и општа несигурност.

(CNET)

(фото: Pixabay)

Тагови: Google

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »