Промовирани огласи »

Небојша Матиќ е несекојдневен, особено за балкански услови, работодавец и бизнисмен, а судејќи според она што работниците го добиваат од него и што тој добива од нив, тој е и еден од најдобрите директори на светот. Својот приватен бизнис го започнал некаде во 90-те години во гаражата од неговиот татко, во Лајковац, а денес неговата компанија „Микроелектроника“ своите производи ги извезува во повеќе од 140 земји ширум светот.

За ваквите резултати Матиќ е најмногу благодарен на своите работници. На сите 86 вработени кај него, гледа како на бесценето богатство и луѓе кои во него го разбудиле најдоброто.

Оваа фирма е добра бидејќи во неа работат добри луѓе. Можеш да бидеш сопственик и директор колку сакаш, но си една обична нула без способни и грижливи работници. Суштината е во дружењето. Првиот човек на фирмата мора да се грижи за своите вработени. Јас многу ги сакам моите, заедно работиме, се смееме, се дружиме, одиме на риболов, бидејќи ако се тие задоволни, бизнисот оди напред. А кога има проблем, решение е комуникацијата, не парите, бидејќи мотивацијата се постигнува само со разговор. Заклучив дека секој од нас е луд три дена во половина година, и дека во тие денови не треба да го чепкаш, вели Матиќ.

Во „Микроелектроника“, компанија која се занимава со производство на елементи за микроконтрола кои се наоѓаат во телефоните, автомобилите, фрижидерите и слично, до скоро четири пати во годината се делеле бонуси, а работниците добиваа и 13, 14 и 15 плата.

– Сега сето тоа го променив во покачување на платата. Годишно платите растат и до 100%. Одлучив да ги “натерам” да имаат по три, па и по четири деца. Месечно им давам по 200 евра за секое трето и по 400 евра за секое четврто бебе. Тоа не е голем трошок, децата се најубавото нешто. Јас имам ќерка, а мојата жена често се шегува дека сум успеал да направам толку многу, но не и второ дете, вели Матиќ.

Промовирани огласи »

Историски пад на невработеноста

Дали невработеноста е голема?

Невработеноста во земјава падна на најниско ниво. 22,9 проценти изнесува стапката на невработеност во земјава, покажуваат најновите статистички податоци од Државниот завод за статистика.. Во првото тримесечје од 2016 година активното население во Македонија брои 952.644 лица, од кои вработени се 734.000, а 218.000 лица се невработени.

Податоците на Државниот завод покажуваат дека процентуално поголем е бројот на невработени мажи отколку жени – 61,5 проценти се мажи, а жени 38,5 проценти. Најчесто на удар на невработеноста се младите – дури 44,4 проценти од нив се без работа. Најмногу невработени лица се со средно четиригодишно образование. Статистиката покажува дека најмногу вработува преработувачката индустрија над 138.000 лица. над 100.000 работници има и воземјоделскиот сектор и трговијата.

За најновите податоци се огласи и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на социјалната мрежа Фејсбук.

Дури и во период на премрежја, криза и постојани напади продолживме да работиме на нашето ветување до граѓаните за намалување на невработеноста. Резултатите се потврдени. Државниот завод за статистика регистрираше досега најниско ниво на невработеност под 23%, поточно 22,9%. За една година (споредено со првото тромесечие од 2016год), имаме пад на невработеноста од 1.6%, или новоотворени над 19 000 работни места. Споредено со периодот 2005, 2006 и сега 2017 имаме пад од над 15%, од 38% на 22.9%, или од 560 000 вработени сега имаме 734 043, или во периодот додека ВМРО ДПМНЕ ја имаше одговорноста да управува со државата се отворија над 174 000 работни места. Ова значи решавање на најгорчливиот проблем на граѓаните. Она што недостасува кај новата влада е концентриран и професионален тим за странски инвестиции. Слабите перформанси може да резултираат со бркање на дел од инвеститорите што ке значи отпуштање или обесхрабрување на инвеститорите со кои бевме во финална фаза на инвестирање. Останува времето да покаже и државата би била најсреќна доколку трендот на пад на невработеноста продолжи, пишува Груевски на Фејсбук.

ВМРО-ДПМНЕ особено е горда на најновите податоци за невработеноста. Напорната работа, активните мерки за вработување, ниските даноци, политиката на странски инвестиции, поволната бизнис клима, оперативните планови на Владата за вработување кои беа спроведувани изминативе години, придонесоа невработеноста да се намали на историски најниски 22,9 проценти, рече денеска на прес-конференција Христијан Мицковски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Во 2006-тата година кога ВМРО-ДПМНЕ ја презеде власта од СДСМ, посочи, Македонија беше рекордер во Европа по највисоката стапка на невработеност и изнесуваше 38 проценти.

Во периодот од 2006-та година до денес отворени се нови 175.000 нови работни места. Дури и во услови на длабока политичка криза ние повторно работевме на намалување на невработеноста и само во последната година споредено првиот квартал од 2017 со првиот квартал од 2016 година, отворени се 20.000 нови работни места, додека пак само во првиот квартал од 2017 година кога политичката криза кулминираше, благодарение на политиките на владата на ВМРО-ДПМНЕ се отворија 3.000 нови работни места споредено со четвртиот квартал од 2016 година, рече Мицковски.

Граѓаните и во иднина очекуваат отворање нови работни места, просечна плата од 30.000 денари. Граѓаните исто така очекуваат и стабилна економија и годишен раст кумулативно секоја година од 5 проценти, истакна Христијан Мицкоски.

Промовирани огласи »

Во пресрет на летото нова Вип припејд промоција

Вип со нова летна атрактивна понуда

Вип и ова лето воведува нова атрактивна понуда за корисниците на мобилната Припејд телефонија со која четувањето со пријателите станува незаборавно и неограничено преку бесплатни Вибер пораки и специјално креирани Вибер стикери.

Промоцијата Бесплатни Вибер пораки и стикери е достапна за сите нови Вип Припејд корисници, додека постојните корисници ја добиваат оваа можност со надополнување од најмалку 100 денари за што ќе бидат известени со СМС во моментот кога промоцијата ќе биде активирана.

Летото и летните одмори се уште поубави и незаборавни кога ги споделуваме доживувањата со пријателите. Затоа креиравме нова промоција која на припејд корисниците им овозможува неограничена комуникација. Со надополнување на кредит на својот припејд телефонски број, корисниците добиваат можност да уживаат во бесплатни Вибер пораки дури цел месец, а допишувањето да биде уште поинтересно корисниците можат да ги симнат и специјално креираните летни Вип стикери. Со секое наредно надополнување следуваат нови 30 дена бесплатно Вибер четување, изјави Димитар Ковачевски , извршен директор во Вип.

Промоцијата за сите Вип Припејд корисници е достапна ограничен, промотивен период и важи во Македонија. Бесплатната понуда Вибер пораки не ги поддржува Вибер повиците, гласовните и видео пораки, слики и документи прикачени од архивата на телефонот на корисникот, симнување или поставување слики директно сликани од Вибер пораки апликацијата, отварање на надворешни линкови поставени при користење на Вибер пораки услугата. Искористениот податочен сообраќај надвор од промоцијата ќе се наплатува согласно тарифниот модел или активираниот дополнителен интернет пакет. За да ја користат промоцијата Бесплатни Вибер пораки, корисниците потребно е да ја симнат Вибер апликацијата од Google Play Store или од App Store.

Вип оди чекор понапред во комуникацијата со своите корисници и станува првата македонска телекомуникациска компанија која отвара Вибер public chat група во која корисниците ќе ги добиваат сите Вип новости и ќе ја добијат можноста да се запознаат со луѓето кои ја движат напред Вип приказната и при тоа многу да се забавуваат. Линкот каде може да го заследат овој чет e http://chats.viber.com/vipmk, кликнете follow.

За сите дополнителни информации и помош околу користењето на услугата корисниците треба да се јават во Контакт центарот на 077 1234 или да прочитаат на www.vip.mk

Промовирани огласи »

Кои се вашите права за користење на годишен одмор и колку денови ве следуваат

Ова се вашите права за користење на годишен одмор...

Согласно Законот за работни односи  имате  право на платен годишен одмор од најмалку 20 и најмногу 26 работни дена.

Според Законот годишниот одмор може да се користи во два дела, со тоа што првиот дел мора да трае најмалку 12 работни дена и да се искористи до крајот на тековната година, а вториот дел најдоцна до 30 јуни идната година .

Во годишен одмор не се пресметуваат: празниците, саботите и неделите, отсуствата поради боледување и другите случаи на оправдано отсуство од работа.

Непријавените работници односно „хонорарците“ и други нетипични видови на вработувања не се предвидени во Законот за работни односи, но морална обврска на менаџментот кој ги користи услугите на оваа најзагрозена група работници  е да им овозможи еднаков третман во однос на користењето на одморите со другите вработени.

Законот за работни односи предвидува прекршочна одговорност на сите работодавачи кои на вработените не им обезбедат годишен одмор во согласност со Законот  и не им издадат решение за годишен одмор кое служи и како доказ пред трудовата инспекција.

Секое користење на годишен одмор треба во секоја фирма да е според однапред утврден план за одмори и секако писмено да добиете документ за користење на годишниот одмор – потпишано од работодавецот и од вас како вработени.

Доколку според работните обврски мора да работите за празник работодавецот е должен да ви исплати празнична дневница.

Тагови: годишен одмор

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »