Промовирани огласи »

Видео: Руски влогер по запалениот Мерцедес, сега го запали и новиот BMW M5

Наводно, новото видео во кое Михаел Литвин уништува M5 Competition LCI е направено во спомен на загубата на пријател

Границите на разумот одамна се поместени предалеку, а во случајот со социјалните мрежи екстремните „глупости“ станаа секојдневие.

Рускиот блогер Михаил Литвин можеби отишол најдалеку. За разлика од момците зад каналот на YouTube Garage54 кои со своето знаење, искуство и неверојатна имагинација се борат за прегледи на видеа, Михаил оди по пократкиот пат. Тој едноставно го пали автомобилот и потоа ги брои прегледите.

Тоа го направи уште во октомври 2020 година кога го запрепасти светот со видеото во кое го запали својот AMG GT 63 S. Причината била наводно дефект на автомобилот, што страшно го изнервирало. Потоа, при купувањето на Porsche Taycan, тој „случајно“ ги сменил педалите и излетал од прозорецот на салонот.

Михаил очигледно има корист од тоа, па сега реши да сними уште едно видео. На ред е BMW, M5 Competition, а наводно е автомобилот на неговиот пријател, кој го уништил во спомен на неговата смрт, дознава ASTV.ru.

Видео: Руски влогер по запалениот Мерцедес, сега го запали и новиот BMW M5

Причината е немил настан од минатата година кога влогерот Саид Губденски загина додека возел BMW M4 Competition во ноември. Како што е вообичаено во вакви случаи, тој изгубил контрола над автомобилот во центарот на Москва и се судрил со Мерцедес ГЛ и Волво ХЦ90. Тој починал пред да пристигне брзата помош, додека неговиот совозач починал подоцна во болницата.

Промовирани огласи »

Видео: Повратник од Германија задоволен со платата од 18.000 денари

Полико Авдиу, вработен во текстилна фабрика која ја посети премиерот Димитар Ковачевски се вратил од Германија пред осум години за да работи во Македонија. Сега ќе зема плата од 18.000 денари

Полико Авдиу, вработен во текстилна фабрика која ја посети премиерот Димитар Ковачевски се вратил од Германија пред осум години и се вработил во Македонија. Сега ќе зема плата од 18.000 денари. Му се заблагодари на премиерот и вели дека парите се доволни за скромен живот.

Видео: Повратник од Германија задоволен со платата од 18.000 денари

Јас сум задоволен. Бидејќи 18 години работев во Германија и напуштив од таму. Тука ме донесе среќата во ова компанија, пред осум години се вработив. Условите ги најдов исто како во Германија. Тоа да ви кажам искрено. Бидејќи сега ги гледам младите велат одиме во Германија, ама животот таму не е како што мислиме ние. Јас сум задоволен, почнувајќи од директорите Дарко и Маријана, сме задоволни. Плус сега со минималната плата, благодарение на компромисот на премиерот со партнерите, синдикатот, работодавачите, таа вечер. Многу се заблагодарувам на премиерот што најдоа компромис. Кога има еден компромис, значи убава работа. Сега 18.000, не е многу, ама за скромен живот ќе се онади… ама мислам и понатаму ќе растат платите, ако работиме повеќе. Директорите носат нови машини, ќе расте продуктивноста. За нашата компанија не можеме да се жалиме, посочи Авиду.

Тој на крајот му честиташе и на Ковачевски за неговиот избор да биде премиер на Македонија.

Промовирани огласи »

Николова: Со две минимални плати од 18.000 денари се покрива синдикалната кошница

За седум години синдикалната кошница се зголемила за девет отсто, а за истиот период минималната плата е зголемена за 100 отсто.

Од март 80.000 работници ќе добиваат повисока минимална плата која ќе изнесува 18.000 денари. Тоа е зголемување за над 100 отсто во однос на минималната плата во 2014 година, во време на ВМРО-ДПМНЕ, кога изнесувала 8.800 денари. Новото зглемување на минималната плата ќе даде сериозен придонес во трајното извлекување од сиромаштија и зајакнување на економскиот стандард на граѓаните, соопшти на денешната прес-конференција пратеничката на СДСМ Даниела Николова.

Таа информира дека според официјалните податоци на Сојузот на синдикати на Македонија, во 2014 година, во време на ВМРО-ДПМНЕ вредноста на синдикалната кошница изнесувала 32.133 денари. Тоа, како што рече, значи дека за да се наполни оваа кошничка во 2014 година биле потребни четири минимални плати.

-Во декември 2021 синдикалната кошница изнесувала 35.042 денари. Со новото зголемување на минималната плата, две минимални плати не само што се доволни за да се наполни синдикалната кошничка, туку остануваат и нешто помалку од илјада денари, рече Николова.

За седум години, како што посочи, синдикалната кошница се зголемила за девет отсто, а за истиот период минималната плата е зголемена за 100 отсто, со што се покажува дека животниот стандард на граѓаните е заштитен и дополнително унапреден.

Промовирани огласи »

Кои се симптомите на зараза со стелт-омикрон?

Интересно е што стелт, како подваријанта, има околу 20 мутации со слични карактеристики една на друга.

Стелт-омикрон, кој е познат и под ознаката ВА.2, се открива со помош на ПЦР-тест, а се потврдува со помош на техниката на секвенционирање на генетскиот материјал. 

Основната варијанта на омикрон се појави пред помалку од три месеци и веќе доминира во најголем дел од светот, а кратко време беше потребно за да се појави и подвид. Стелт-подвидот СЗО го означи како сој кој го набљудуваат, но се уште нема статусна сој кој е од интерес или кој загрижува. 

Засега не може да се предвиди како ќе влијае врз целосната епидемиолошка состојба. Интересно е што стелт, како подваријанта, има околу 20 мутации со слични карактеристики една на друга. 

Симптомите се слични како и на сите претходно познати мутации на коронавирусот, болки во грло, треска, главоболки, солзење на очите, изнемоштеност, болка во мускули, но и во грбот, температура не повисока од 38 степени, но и дијареја и дигестивни тегоби, особено кај децата.

Засега, има индиции дека стелт-омикрон ги напаѓа само горните дишни патишта, односно ретко се спушта до белите дробови. Не е забележана разлика во бројот на хоспитализации и починати како последица на болеста.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »