Big Business Solutions е брзорастечка и успешна компанија во областа на телемаркетинг. Ние се фокусираме на целокупниот развој на нашите вработени. Нудиме стабилност и работна култура која се фокусира на успехот на сите членови на нашиот тим. Да се биде дел од Big Business Solutions значи да се напредува во кариерата и да се соработува со најдобрите. Нашите модерни канцеларии во центарот на градот им го даваат најдоброто искуство на нашите вработени.

Big Business Solutions во овој момент брои 100 вработени и е во процес на регрутација на нови кандидати. Единствен предуслов кој треба да го исполнувате за да бидете соодветен канидат за оваа позиција, е да имате добро познавање на еден од странските јазици: германски, шпански и италијански јазик.
Со цел да го зголемиме нашиот тим со креативни и талентирани луѓе, компанијата во моментов е во потрага по дополнителни 150 маркетинг агенти за продажба. Доколку сте комуникативна и посветена личност која солидно го владее некој од бараните јазици, Ве охрабруваме да ја испратите Вашата кратка биографија на нашата официјална електронска адреса. Ние ќе Ви обезбедиме дополнителна едукација и обуки кои се неопходни за Вашиот понатамошен развој.
Big Business Solutions e работодавач кој дава еднакви можности за сите и ја цени различноста во компанијата. Ние не правиме разлика врз основа на боја на кожа, етничка припадност, јазик, национално потекло, пол, сексуална ориентација, возраст, семејна или брачна состојба итн.

Во своето последно обраќање, нашиот извршен директор Иван Петрушевски издвојува:
„Ова беше одлична година за нашата компанија. Во услови на зголемена конкуренција и економски предизвици, Big Business Solutions успеа да постигне солидни стапки на раст и добри финансиски резултати. Во почетоците на нашето работење тимот го сочинуваа 35 вработени. Денес може да се пофалиме со тим од 100 успешни маркетинг агенти за продажба.
Нудиме одлични услови за работа и работна атмосфера каде трудот на секој поединец се вреднува. Преку континуирана едукација и пристап до соодветни обуки на своите вработени им помагаме да го достигнат својот потенцијал.
Би сакал да ја искористам оваа прилика да им посакам добредојде на сите кандидати кои сакаат да се приклучат на нашиот тим. Придружете ни се, доживејте нова авантура и растете заедно со нас.

ВЕРУВАЈ ВО СЕБЕ
ИСКОРИСТЕТЕ ЈА МОЖНОСТА
ПОДОБРА ИДНИНАТА ЗА СИТЕ“
Со нетрпение ги очекуваме новите колеги кои ќе го зголемат нашиот ТИМ .
Дополнителни информации:
Аплицирајте за работа со испраќање на Вашата кратка биографија на: [email protected]оm.
Во делот за „предмет“ на електронската порака, Ве молиме наведете го јазикот за кој аплицирате.
Тагови: Аспајр