Промовирани огласи »

Дизелот од полноќ ќе чини над 100 денари, поскапуваат и бензините

Новиот ценовник нема да им се допадне на возачите!

Од полноќ, 8 септември, стапуваат на сила нови, повисоки малопродажни цени на нафтените деривати.

Според одлуката на Ргеулаторна, цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 3 денари за литар и ќе изнесува 97 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува за 3 денари и ќе се продава по максимална цена од 99 денари за литар.

Најголемо поскапување има кај дизелот. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапува за 6 денари за литар, па новата максимална малопродажна цена ќе изнесува 101 денар за литар.

Поскапува и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), чија цена се зголемува за 8 денари и ќе изнесува 105 денари за литар.

Мазутот М-1 НС поскапува за 1,591 денар за килограм, со што новата максимална цена ќе биде 46,001 денар за килограм.

Новиот ценовник кој ќе важи од 8 септември 2026 година од 00:01 часот ќе изгледа вака:

  • ЕУРОСУПЕР БС-95 – 97 денари/литaр
  • ЕУРОСУПЕР БС-98 – 99 денари/литaр
  • ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 101 денар/литaр
  • ЕЛ-1 – 105 денари/литaр
  • Мазут М-1 НС – 46,001 денар/килограм

Тагови: нафтените деривати Регулаторната комисија за енергетика-(РКЕ)

Промовирани огласи »

AI инфраструктурата создава нова криза на таленти: Недостигот на квалификувани работници станува критичен

Data центрите стануваат иднината, но нема кој да ги одржува!

Развојот на вештачката интелигенција и забрзаното ширење на cloud инфраструктурата создаваат нов предизвик за работодавачите недостиг на квалификувани работници кои можат да ја изградат и одржуваат инфраструктурата потребна за AI.

Според анализа на Kelly Services, до 2026 година вработеноста во data center индустријата во САД се очекува да достигне околу 650.000 работни места, што претставува раст од 30% во однос на 2023 година. Дополнително, до 2028 година се очекува бројот на работни места поврзани со изградба на data centers да надмине 180.000.

Најголемиот проблем веќе не е технологијата туку луѓето

Иако инвестициите во AI инфраструктурата растат со огромна брзина, компаниите се соочуваат со сериозен недостиг на луѓе со специфични технички знаења. Особено дефицитарни се кадрите во градежништвото, телекомуникациите, енергетиката, индустрискиот HVAC и техничкото одржување. Според анализата, дури 90% од операторите на data centers го идентификуваат недостигот на кадар како критична пречка за проширување или изградба на нови капацитети.

Дополнителен проблем е што конкуренцијата за искусните работници е исклучително висока – околу 25% од вработените во data center секторот заминуваат кај конкурентски компании, што дополнително го усложнува задржувањето на талентите.

Недостигот на кадар ги зголемува и платите

Кога побарувачката за специфични вештини значително ја надминува понудата, платите растат.

Според Kelly, националните средни проценки за годишни плати достигнуваат околу:

  • 175.000 долари за AI инженери
  • 178.000 долари за data center оператори
  • 135.000 долари за commissioning program managers
  • 128.000 долари за construction managers

Разликите во платите зависат и од локацијата – во Silicon Valley, на пример, платите се околу 34,2% над националниот просек.

HR мора да размислува поинаку за талентите

Еден од клучните заклучоци за HR професионалците е дека традиционалното регрутирање можеби нема да биде доволно за да се задоволи растечката побарувачка. Kelly препорачува компаниите да бараат кандидати и во соседни индустрии, наместо исклучиво меѓу луѓе со директно искуство во data centers.

Телекомуникациски инженери, експерти за електроенергетски мрежи, HVAC професионалци и други технички кадри можат релативно брзо да ги развијат дополнителните компетенции потребни за работа во data center секторот. Тука особено значење добиваат skills-based hiring и брзото upskilling, односно вработување врз основа на преносливи вештини и инвестирање во нивно дополнително развивање.

Што значи ова за иднината на HR?

Кризата со кадарот во data center индустријата е пример за поширок тренд што ќе го гледаме и во други сектори: технологијата може да се развива побрзо од достапноста на луѓето со потребните вештини.

Затоа, компаниите сè повеќе ќе мора да инвестираат во:

  • Интерно развивање на таленти
  • Upskilling и reskilling програми
  • Skills-based recruitment
  • Привлекување кандидати од сродни индустрии
  • Кариерен развој и мобилност на вработените
  • Посилни стратегии за задржување на клучните таленти

За HR лидерите, пораката е јасна: борбата за таленти повеќе не е само прашање на тоа кого ќе вработите, туку и како ќе создадете талент што сè уште не постои на пазарот.

Прочитајте и за: Кога кризата станува секојдневие: Зошто „да се вратиме во нормала“ повеќе не е доволно за една организација?

Тагови: AI HR трендови вработени САД

Промовирани огласи »

Само 4 часа работа дневно? Рутината на авторот на Џејмс Бонд крие важна лекција

Работната рутина на Ијан Флеминг: 4 часа дневно и 1.500 зборови

Пишувањето на успешна книга не мора секогаш да значи поминување на целиот ден пред компјутер или пишување со часови без пауза. Тоа го покажува и примерот на Ијан Флеминг, авторот на познатите приказни за Џејмс Бонд.

Флеминг ги пишувал своите 14 романи за Џејмс Бонд во својот имот GoldenEye на Јамајка, каде што имал воспоставено строга дневна рутина. Според објавата, тој одвојувал четири часа дневно за пишување, во периодот од 10 до 14 часот, со целосен фокус на работата.

Во тој период, Флеминг пишувал околу 1.500 зборови дневно, а потоа го прекинувал пишувањето и продолжувал со другите активности.

Неговиот пример покажува дека продуктивноста не секогаш зависи од тоа колку долго работиме, туку и од тоа колку добро го користиме времето во кое сме фокусирани. Наместо долги часови поминати во работа со постојани прекини, јасно дефиниран период за концентрација може да биде доволен за создавање значајни резултати.

Можеби токму затоа неговата рутина и денес е интересна за сите кои се обидуваат да бидат попродуктивни од писатели и креативци до луѓе кои работат во канцеларија.

Тагови: 4 дневна навики работа Ијан Флеминг Џејмс Бонд

Промовирани огласи »

Бидете подготвени за можни редици: Од денес престануваат олеснувањата за системот за влез/излез на границите на ЕУ

Со укинувањето на оваа можност, туристичките агенции и авиокомпаниите предупредуваат дека повторно може да се појават долги редици и доцнења.

Од денеска престануваат да важат привремените олеснувања при примената на европскиот систем за влез и излез (EES).

Досега земјите-членки можеа привремено да го прекинат земањето отпечатоци од прсти и скенирањето на лицето кога на граничните премини се создаваа поголеми метежи. Со укинувањето на оваа можност, туристичките агенции и авиокомпаниите предупредуваат дека повторно може да се појават долги редици и доцнења.

Од Европската комисија, пак, оценуваат дека системот во текот на летото генерално функционирал добро и ги истакнуваат неговите придобивки за безбедноста.

Биометриските проверки сепак го продолжуваат времето потребно за обработка на патниците. Според податоци од авиоиндустријата, проверката која претходно траела околу 20 секунди, со EES може да трае и до 90 секунди по патник.

На големите аеродроми во Франкфурт, Минхен и Амстердам времето на чекање веќе е двојно подолго во споредба со минатата година, а во одредени европски сообраќајни центри во периодите со најголема фреквенција се чека и до два часа.

Туристичките здруженија поради тоа бараат од Брисел да ја продолжи можноста за привремено олеснување на проверките барем до крајот на зимската сезона. Тие предупредуваат дека дел од аеродромите сè уште немаат доволно автоматизирани киосци и персонал за непречено спроведување на системот.

Се предупредува дека укинувањето на флексибилноста може да донесе нови доцнења во септември, особено за патниците кои во ЕУ пристигнуваат од земји кои не се членки на Унијата.

Тагови: EEC граница ЕУ

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »