Промовирани огласи »

Цените на недвижностите во Париз уриваат рекорди

Квадрат стан во Париз чини преку 11.000 евра

Цените на недвижностите во Париз ова лето се чини дека ќе достигнат нови рекорди, со оглед дека купувачите, меѓу кои има многу Британци, се натпреваруваат околу купувањето  станови во најелитните делови на француската престолнина.

„Бројот на купувачи незапирливо расте. Побарувачката ја надмина понудата, особено за луксузни недвижности, можеби и заради Брегзит“, рече Тјери Делесал, кој е запознат со оваа проблематика.

Додека Италијанците се најголема група на странски купувачи на станови во Париз, со удел од 17 отсто во вкупниот број продадени недвижнини на не-Французите, Британците се пробиле на второ место со удел од двете отсто.

Веќе во првите три месеца оваа година цените на изградените станови во Париз пораснале 5,5 отсто на 8,45 илјади евра за метар квадратен, според проценката од извештајот на Комората на нотари на Париз и Ил-де Франс регионот.

Во јули цените би можеле дополнително да скокнат на 8,8 илјади евра за метар квадратен.

Претходниот рекорд во поглед на цените на станбените недвижнини во висина од 8,46 илјади евра за метар квадратен е забележан летото 2012 година.

Во градските квартови или арондисманите цените на становите надминуваат и преку 11.000 евра за квадрат.

Промовирани огласи »

Видео: Ова е најевтиниот приватен авион

Троши малку гориво, а може да превезува седум лица

Една од главните одлики на новите милионери кои стигнуваат до поголема сума на пари е да инвестираат во приватен авион за полесно да ги извршуваат бизнис активностите и патувањата во странство со нивните партнери, но и да ги користат за брзи „бегства“ на краток одмор или посета на некоја луксузна локација.

Затоа се препорачува леталото Cirrus Vision кое чини само 2 милиони долари. Ова е меѓу најниските суми кои може да ги платите за приватен авион во кој може да се сместат 5 возрасни патници и 2 деца. 

Предноста на Cirrus Vision е тоа што има и вграден падобран во случај ако дојде до откажување на моторите или до некој посериозен механички проблем со што значително ќе се ублажи падот, а поради малата тежина на авионот принудното слетување ќе се изврши многу побезбедно. 

Исто така авионот на Cirrus има мала потрошувачка на гориво што го прави многу подостапен за новопечените богаташи.

Видео: Ова е најевтиниот приватен авион

Промовирани огласи »

Во Германија има работа за сите - Историски најмала стапка на невработеност

Најсилната економија во Европа не застанува

Стапката на невработеност, во Германија во мај падна на 5,7 отсто, што е најниско ниво од повторното обединување на земјата, кое се случи во 1994 година. Тоа ја потврдува стабилноста  и економскиот раст на најголемата економија во Европа, се наведува денеска во објавениот извештај.

Агенцијата за вработување соопшти дека податоците за невработеност сезонски се прилагодени.

Во соопштението, Агенцијата наведува дека стапката на невработеност во април е со пресметаната сезонска варијација и беше 5,8 проценти, а тоа е на исто ниво како и во март.

Во услови на поволна економска средина продолжува да расте невработеноста и таа падна во мај. Вработување е се посилно, а побарувачката за работна рака остана на исто ниво, рече директорот на Агенцијата Детлеф Шеле.

Промовирани огласи »

Швајцарија ќе додели 69 милиони евра грантови за Македонија

Швајцарија ја претстави новата Стратегија за соработка со Македонија за периодот од 2017 до 2020 година

Речиси 70 милиони евра ќе донира Швајцарија за Македонија во следните 4 години. Парите ќе бидат доделени на институциите и невладините организации кои ќе аплицираат со проекти од областа на економијата, демократското владеење како и животната средина. Од Амбасадата информираат дека  годишниот износ на грантови е 17 милиони евра а само за вработување и економски развој  се обезбедени 20 милиони евра.

- Со швајцарска помош во следните 4 години се очекува да се отворат нови 4 400 работни места како и да се подобри состојбата со водоснабдувањето на дополнителни 115 000 жители во земјава. 

Во реализацијата ќе можат да се вклучат и заинтересираните микро мали и средни претпријатија. Фокусот ќе биде ставен на вработување на младите и социјално исклучените групи. Ќе се работи и на подобрување на квалитетот на јавните услуги и поефикасно управување со природните ресурси.

Особено внимание ќе им посветиме на потребите на најранливите групи граѓани во Македонија затоа што нема вистински просперитет на општество кое што не е инклузивно. Ќе им помогнеме на стручните училишта  во нивната поддршна на младите работници да стекнат вештини кои се потребни во приватниот сектор. Трет пример на проект кој ќе се реализира е помагање на општините да изработат планови за управување со цврст отпад и намалување на ризици од катастрофи, истакна амбасадорката Сутер.

Швајцарија е еден од најголемите билатерални партнери на земјава. Со претходната стратегија за соработка биле отворени околу 2 000 работни места.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »