Промовирани огласи »

КАЗНА ОД 600 ЕВРА НА СЕКОИ ТРИ МЕСЕЦИ ЗА СИТЕ ШТО ЌЕ ОДБИЈАТ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ - Австрија го претстави планот за задолжителна вакцинација

Сите невакцинирани граѓани по пошта ќе добијат известување за закажаниот термин за вакцинација против коронавирусот од 15 февруари. Оние кои нема да одговорат на рокот, односно нема да се вакцинираат, од 15 март ќе бидат парично казнети

Австриското Министерство за здравство го претстави првиот предлог-закон со кој треба да се воведе задолжителна вакцинација во земјата. Како што веќе беше најавено, задолжителната вакцинација треба да стапи во сила од први февруари следната година.

Според планот на Министерството, сите невакцинирани граѓани по пошта ќе добијат известување за закажаниот термин за вакцинација против коронавирусот од 15 февруари. Оние кои нема да одговорат на рокот, односно нема да се вакцинираат, од 15 март ќе бидат парично казнети.

Предлог-законот предвидува казна за одбивање вакцинација во износ од 600 евра на секои три месеци. Највисоката парична казна е одредена на 3.600 евра.

Задолжителна вакцинација би важела за сите граѓани од 14-годишна возраст, а ослободени од обврската се трудница и прележани до 180 дена од позитивен ПЦР тест.

Доколку има други здравствени причини, како што е наведено во нацртот, можно е некое лице да се изостави од задолжителната вакцинација. Сепак, тоа мора да биде потврдено од лекар. 

Промовирани огласи »

Извлечен првиот добитник на Samsung Galaxy од големата наградна игра на KARIERA.mk

KARIERA.mk го додели првиот телефон од големата наградна игра

Викендов се дружевме со Симон од Кратово, првиот добитник на Samsung Galaxy A12s од големата наградна игра на kariera.mk

Ако сакате да станете потенцијален добитник на некоја од наградите како: Мобилен телефон, спа ваучери за Play Fit, TCC Plaza/ карти за Cineplexx/ карти за на театар можете да учествувате во наградната игра со објавување на оглас на нашиот сервис. Извлекувањето е секој ден LIVE во 12:00 часот на нашите социјални мрежи.  


Правила за учество во наградната игра:

  • Објави бесплатен оглас во категорија недвижности, возила, електроника или останато и директно стануваш потенцијален добитник на многуте награди од наградната игра.
  • Огласувај недвижности https://kariera.mk/oglasi/nedviznosti
  • Огласувај возила https://kariera.mk/oglasi/vozila
  • Огласувај електроника https://kariera.mk/oglasi/elektronika

Ве очекуваме!
 

Тагови: Кариера Онлајн

Промовирани огласи »

ВЛАДАТА ГИ ЗАМРЗНА ЦЕНИТЕ: Еве на кои производи

Донесена е одлука на денешната владина седница, еве на што се замрзнуваат цените 👇

Се замрзнуваат цените на основните прехранбени производи, одлучи Владата.

„На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука за замрзнување на цените кои се применувале на 1 декември 2021 година, во трговијата на големо и трговијата на мало на:

  • леб;
  • шеќер;
  • брашно – тип 400;
  • сончогледово масло за јадење;
  • трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%;
  • свежо месо и сувомеснати производи;
  • сирење и урда

Исклучени се цените на привремените попусти кои важеле на 1 декември 2021 година.

Оваа одлука ќе важи до 31 јануари 2022 година.

Промовирани огласи »

Швајцарските власти препорачуваат што поголем број граѓани да работат од дома. 

Маските ќе мора да се носат во затворени простори, а само вакцинираните или оние кои го прележале коронавирусот ќе можат да одат на разни настани.

Властите ја проширија употребата на ковид сертификатите, кои се потребни за сите јавни настани што се одржуваат во затворен простор, како и за сите спортски и културни активности.

За собири со семејството и пријателите во затворен простор со 11 или повеќе учесници, се препорачува да се воведе употреба на ковид сертификат.

Новите мерки ќе стапат на сила од 6 декември и ќе траат до 24 јануари.

foto freepik.com

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »