Промовирани огласи »

Видео: Јапонците го конструираа возот на иднината: Брзина од 600 км на час!

Погледнете го јапонскиот воз кој оди преку 600 километри на час

Најбрзиот патнички воз на светот – јапонски маглев – го урна сопствениот рекорд, јавува агенцијата АП.

Оператор на централа на јапонските железници кажал дека возот за време на тестирањето досега брзина од 603 километри на час со што го надмина сопствениот рекорд од 581 километри на час од 2003 година.
На возот му било потребно малку помалку од два километри да ја надмине брзината од 600 километри на час.
Возот маглев го добил називот од зборот магнетна левитација и станува збор за посебна врста на брз воз кој е познат по тоа што практично лебди над шините, така што не постои сила на триење помеѓу шините и возот.
Јапонските брзи возови се помеѓу најнапредните на светот и дневно бележат стотици поаѓања со минимално задоцнување.
Пруга за тестирање на маглев возовите, која се наоѓа во близина на планината Фуџи на околу 80 километри од Токио, развива технологија која ќе се користи на планирана врска помеѓу Токио и Осака.

Видео: Јапонците го конструираа возот на иднината: Брзина од 600 км на час!

Промовирани огласи »

Одете било каде во Шведска и тоа бесплатно!

Airbnb во понудата ја стави цела Шведска

Шведска ги огласи сите свои села на интернет платформата за барање сместување „Airbnb“, рекламирајќи се како земја во која секој може да дојде да пешачи, кампува, планинари и собира бобести плодови-целосно бесплатно.

Шведска, Данска, Финска и останатите нордиски земји имаат правило под името „allemansrätten“, односно „право на секој човек“, кое подразбира секој да може да дојде и целосно слободно и бесплатно да лута по природните и селски предели на земјата, независно од тоа дали се работи за земја во јавна или приватна сопственост.

„Можете да берете плодови и да шетате било каде, се додека не им приоѓате близу на куќите на мештаните и не ги вознемирувате животните во полето кое мирно пасат“, вели Џени Кајзер од агенцијата „Visit Sweden“.

Шведска не морала да го плати ова огласување а Кајзер смета дека овој оглас ќе привлече многу корисници на „Airbnb“.

Промовирани огласи »

Во завршна фаза е автопатот Демир Капија- Смоквица, едно од најголемите градежни достигнувања што Македонија ги памети до денес. Автопатот кој наскоро ќе биде уштен во употреба е во должина од 28,2 километри, инвестиција вредна 217 милиони евра.

Видео: Во финална фаза капиталниот проект, автопатот Демир Капија- Смоквица

Промовирани огласи »

Сезонска работа со најмалку 700 евра заработка

Еве ви идеја што можете да работите преку летото...

За сезонска работа може да се заработи од 700 па се до 1500 евра месечно, пишуваат српските медиуми. 

Најчесто се бараат берачи на овошје, а има и работни места во угостителство. 

Има доста огласи, а и со препорака може да се добие работно место како келнер. 

Во угостителството плаќаат по 150 динари од час, а оние кои имаат искуство заработуваат повеќе, додека пак искусните готвачи заработуваат добро. 

Пица мајстор заработува над 2000 динари, а во текот на месецот може да заработи по 40.000 или 50.000 динари. 

Студентите кои преку задруги делат фалери можат да очекуваат од 1000 до 2000 динари заработка. 

Оние кои нема да најдат сезонска работа во Србија, со познавање на англиски, германски или руски јазик можат да се снајдат во Црна Гора. 

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »