Промовирани огласи »

Преостануваат уште само 3 ДЕНА до GLOBAL HR SUMMIT Скопје!

Искористете ги последните денови и бидете дел од водечкиот меѓународен HR настан

Преостануваат уште само 3 дена до GLOBAL HR SUMMIT Скопје закажан за 29 -ти септември во Ragusa 360 Rooftop!

По феноменалниот успех во 24 различни земји низ светот, Глобалниот самит за човечки ресурси конечно доаѓа во Македонија, оваа година LIVE!

Годинава го носиме настанот на сосема ново ниво со воведување на три  нови говорници, три нови работилници и многу различни интерактивни дискусии од експерти за човечки ресурси што ќе ви помогнат да ја подготвите вашата организација за пост-пандемиски свет!

Очекувањата на вработените се менуваат и ние ќе треба да ја дефинираме продуктивноста многу пошироко. Сето ова го поттикнува напредокот во кариерата на секој работник како и за новите дипломирани студенти кои се во работната сила денес.

Досега имало преку 70 самити  за човечки ресурси низ целиот свет. Не пропуштајте, местата се ограничени! Резервирајте го вашиот билет ТУКА и станете дел од водечкиот меѓународен HR настан во Скопје на 29/9/2021.

Промовирани огласи »

Фрод Хваринг од NEWIND говорник на HR Summit Скопје 2021

Запознајте го третиот говорник и резервирајте ги вашите билети!

КARIERA.mk како ексклузивен партнер на HR SUMMIT Skopje, со големо задоволство го најавува и третиот говорник на настанот. На 29.9.2021 со почеток во 9h во Ragusa 360 ќе се одржи долгоочекувааниот HR SUMMIT SKOPJE кој со години дава прекрасна атмосфера во светот на човечките ресурси во регионот. 

Меѓу говорниците на настанот, би сакале да го претставиме Фрод од NEWIND кој е меѓународен советник за лидерство, човечки ресурси и култура. Денес е извршен директор во Newind и обезбедува оптимизација на човечките ресурси, перформанси на персоналот и корпоративен успех.

Во неговата претходна улога Фроде беше извршен директор и меѓународен директор за човечки ресурси во компании како што е швајцарското здружение на работодавачи; Кредит Свис, Катерпилар и ЕБУ-Евровизија. 

Фрод има магистерски студии по економија во Фрибург, Швајцарија и постдипломски студии во Лозана и Тандербирд, Феникс. Неговите докторски студии се фокусираат на културната интелигенција.

На која тема ќе зборува тој на настанот?

Интерактивна работилница: Усогласување на вашата нова култура со вашата нова пост Ковид стратегија 

Во оваа интерактивна сесија, ќе откриеме и ќе примениме три чекори за усогласување на вашата стратегија за корпоративна култура. Ќе разгледаме комплетен пристап, правејќи чекор по друг. Ќе откриете дека преземањето на кој било од овие три чекори - дури и одделно - носи ефект во однос на:

• Ефективно извршување на вашата стратегија во согласност со вашата култура

• Ангажирање и поседување персонал во согласност со вашата стратегија

Придружете се на успешните тимови од HR светот и вклучете се во настанот! ТУКА погледнете ја агендата и темите на кои ќе се разговара. Билетите се во продажба и истите можете да ги купите и онлајн на следниот ЛИНК. Се гледаме на 29.9.2021 во Ragusa 360 Скопје.

 

 

Промовирани огласи »

Две минимални плати не се доволни да ги покријат основните животни трошоци

Најмногу пари се трошат за храна и пијалоци (14.633 денари) и за плаќање на режиските трошоци (10.818 денари). Дали е така и кај вас?

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во август се зголемени за 214 денари во однос на јули. Сојузот на синдикати на Македонија пресмета дека за основните месечни потреби на едно семејство му се неопходни 34.342 денари, а доколку во семејството има барем еден ученик, тогаш трошоците се зголемуваат за околу осум илјади денари.

Од Сојузот на синдикати на Македонија за МИА велат дека ниту просечна, ниту две минимални плати, се доволни за да ја покријат синдикалната минимална кошница. Анализите на ССМ покажуваат дека трошоците за живот континуирано се зголемуваат, а платите стагнираат.

Најмногу пари, според пресметките на ССМ, се трошат за храна и пијалоци (14.633 денари) и за плаќање на режиските трошоци (10.818 денари). За лична хигиена, минималните трошоци изнесуваат 2.382 денари, а за превоз минимум се потребни 2.529 денари.

Посебен товар за граѓаните е и почетокот на учебната година. Минимално за ова, според ССМ, би се потрошиле осум илјади денари само за еден ученик.

Пораст на трошоците на живот евидентира и Државниот завод за статистика. Според објавените податоци за август, пораст е забележан кај зеленчукот за околу 15 проценти, кај сирењето и урдата за 1,1 процент, кај месото за 0,9 проценти, лебот и житата за 0,7 проценти и кај млекото за 0,6 проценти.

Ако со ваков интензитет продолжи зголемувањето на трошоците на живот, тогаш ниту три минимални плати не би биле доволни да го достигнат растот на синдикалната минимална кошница, оценуваат од ССМ и предупредуваат дека ако продолжи минималната плата да стагнира односно да се усогласува без да бидат прифатени забелешките од синдикатите, ќе има тренд на осиромашување на населението.

ССМ извесен период бара минималната плата да изнесува најмалку 60 проценти од просечната плата, а при последното усогласување во март годинава побара да не се земе предвид падот на Бруто домашниот производ како еден од трите параметри за усогласувањето, но нивниот предлог не беше прифатен.

 –  Поради се поевидентното зголемувањето на цените, очигледно е дека ни треба плата за живот со која како работници, без да се грижиме за нашата егзистенција, ќе можеме да си ги овозможиме најмалку трошоците во висина на една синдикална потрошувачка кошница со само една плата, посочуваат од ССМ во изјавата за МИА.

Од ресорното Министерство за труд и социјална политика, пак, укажуваат дека во изминатиот период се бележи пораст на платите во државата. Повикувајќи се на официјалните статистички податоци за јули годинава посочуваат дека нето платата е зголемена за 1.309 денари во однос на јули минатата година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна нето плата за јули 2021 година, која е објавена во септември 2021 година, изнесува 28.540 денари и е повисока за 1.309 денари во однос на истиот месец од претходната година или 4,8 проценти. Нашите очекувања се и понатаму да има пораст на платите во земјата со што ќе се влијае и на состојбата на животниот стандард на граѓаните, стои во одговорот што МИА го доби од Министерството.

Во однос на предлогот на ССМ да не се зема предвид негативниот пораст на БДП при усогласувањето на минималната плата, од МТСП појаснуваат дека во законот се утврдени критериуми за корекција и оти какво и да било менување на овие критериуми, мора да биде разгледано во рамки на социјалниот дијалог.

Минималната плата се утврдува со Законот за минимална плата и истата се објавува секоја година во март а се применува од април. Во Законот се утврдени критериуми за корекција на минималната плата. И сегашното законско решение за утврдување, односно критериумите за корекција на истата се утврдени со социјалните партнери. Поради ова сметаме дека какво било менување на критериумите кои ќе имаат влијание на минималната плата треба да биде предмет на социјален дијалог помеѓу социјалните партнери, наведува МТСП.

Минималната плата во земјава изнесува 15.194 денари во нето износ. Ново усогласување се очекува во март следната година. При усогласувањето предвид се земаат три параметри – една третина од порастот на просечно исплатената плата, една третина од порастот на индексот на трошоците на живот и една третина од реалниот пораст на БДП.  

Промовирани огласи »

Ако не сте се попишале досега, сторете го тоа на локации во вашата општина

Локациите ќе бидат објавени на веб страницата на Заводот за статистика

Oние што не се попишале ќе можат тоа да го сторат на одредени локации во својата општина. 

Тие граѓани ќе можат да појдат на неколку локации во нивните општини и да се попишат. Локациите ќе бидат објавени на веб страницата на Заводот за статистика наменета исклучиво за пописот.

Државниот завод за статистика од утре ќе им овозможи на граѓаните да можат да отидат на одредни локации во нивните општини и да ја завршат својата граѓанска и законска должност, со цел никој да не биде пропуштен во пописот, изјави на денешната прес-конференција Јасмина Ѓоргиева од заводот за статистика.

Оваа можност се однесува на оние граѓани кои поради некоја причина не успеале во изминатите 20 дена да остварат контакт со попишувачот, односно попишувачот не ги нашол дома или не стапил со нив во контакт.

Пописот трае до 30 септември и никој нема да биде пропуштен или изоставен од овој процес, соопштија од Владата. 

Заклучно до денеска до 12.00 часот попишани се вкупно 1 395 000 граѓани, над 435 000 домакинства и над 600 000 станови. До денеска заклучно до 12.00 часот се самопопишани 195 477 граѓани од дијаспората. 

фото ДЗС

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »