Промовирани огласи »

Со две решенија за отпис на камати и промена на законот за извршување ќе одблокираат десетици илјади жиро сметки на граѓани. Премиерот Зоран Заев смета дека со предложените законски решенија ќе се реши горлив проблем за сиромашните граѓани.

Првото решение е каматата не може да биде поголема од главниот долг. Второто решение кое се надевам дека ќе го поддржат е застареноста да биде пресечена на 10 години, а каматите по 10 година да не се пресметуваат. Ако по 10 години продолжат да сметаат затезни камати, тоа е виртуозен круг во кој се влезени граѓаните.

Тоа е пресметан ризик и треба да го отпишат како побарување, кога по 10 години не успеале да го наплатат побарување. Реакцијата на граѓаните беше дека на сметка од 1.000 денари, стигаат по 2.000-3.000 камати, па судски и извршителки пресметки, стигаа до 20.000 денари, рече Заев.

Извор: Скопје1.мк

Промовирани огласи »

Шилегов: За само 16 дена завршена е реконструкцијата на булевар „Крсте Мисирков“

Ова е уште една потврда дека може да се работи брзо, ефикасно и квалитетно во интерес на граѓаните, порача Шилегов.

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, на својот фејсбук профил, соопшти дека е завршена реконструкцијата на булеварот Крсте Мисирков. 

-Со вчерашното ноќно бележење на новиот реконструиран коловоз на бул. Крсте Мисирков, овој булевар беше завршен за рекордно време од 16 дена, од потегот кај раскрсницата кај Мавровка до мостот Мајка Тереза, во близина на МАНУ. Ова е уште една потврда дека може да се работи брзо, ефикасно и квалитетно во интерес на граѓаните, порача Шилегов. 

Промовирани огласи »

Шахпаска апелира пратениците да го усвојат законското решение за недела да биде неработен ден

За да стартува решението, ќе мора претходно пратениците да ги изгласаат измените на Законот за работни односи.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска апелираше пратениците што поскоро да го донесат законското решение за недела да биде неработен ден, што би требало да почне да се применува од 1 октомври, со цел, како што рече, на работниците да им се овозможи баланс меѓу професионалниот и приватиот живот.

Таа информираше дека денеска во второ читање по амандманите на ова законско решение расправа Комисијата за труд и социјална политика.

Апелирам до пратениците, затоа што работниците се нашиот најголем човечки капитал да се погрижиме да им овозможиме да се воспостави баланс меѓу приватниот и професионалниот живот. Верувам дека пратениците заеднички ќе го донесат ова законско решение и ќе може да се применува од 1 октомври, како што е предвидено, рече министерката Шахпаска во одговор на новинарско прашање.

За да стартува решението „недела како неработен ден“ од почетокот на наредниот месец, ќе мора претходно пратениците да ги изгласаат измените на Законот за работни односи. Измени се потребни и во законот за Законот за трговија, со кои ќе се уреди кои дејности ќе бидат исклучоци од прогласувањето на недела за слободен ден за работниците, колкава ќе биде дневницата и правата на оние што ќе работат во недела, но и како тоа прашање ќе се уреди за работењето на моловите.

Промовирани огласи »

Радарот „уловил“ брзина од над 200 километри на час на автопат

Во даден момент, било регистрирано возило кое се движело со брзина од 229 км/ч по автопатот.

Во текот на вчерашниот ден (19.09.2021) Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово - Скопје - Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 191 возило.

Од нив, 27 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.  

Во даден момент, било регистрирано возило кое се движело со брзина од 229 км/ч по автопатот.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта. 

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »