Промовирани огласи »

Битиќи: Помош за угостителите кога ќе биде навистина потребна

Нема да има помош за загубениот промет

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, денеска рече дека нема да има седми пакет на економски мерки во справувањето со економските последици од пандемијата.

На угостителскиот и туристичкиот сектор им најави дека во наредниот период нема да има државна помош за покривање на загубите со воведувањето на мерката со сертификатите и ограничувањето на бројот на посетители. Битиќи вели дека од досегашната помош добиле 14 отсто, а во креирањето на структурата на бруто домашниот производ учествуваат со помал процент.

- Ако треба да се прави компромис помеѓу економска мерка за угостители и здравјето на граѓаните и борбата за негово зачувување, тогашп здравјето на граѓаните е пред се. Сум кажал претходно, сме докажале дека секој еден изгубен денар, секој еден изгубен сектор, ќе се надополни кога тоа навистина ќе биде потребно. Тогаш ќе седнеме и ќе разговараме. Сметам дека во овој момент сите треба да сме подготвени нешто да жртвуваме во борбата што не чека сите, а тоа е борбата з аживот и зголемувањето на бројот на заболени, што ни е многу поважно.

Разговори ќе имаме, сметам дека угостителскиот и хотелско-туристичкиот сектор се погодени, но треба и да пресметаме колку загубиле, а колку добиле. Во изминатиот период овој сектор е потпомогнат со повеќе од 14 отсто од вкупната помош која е дадена во стопанството, наспроти нивниот придонес во бруто домашниот производ, рече вицепремиерот.

Дополнително, Битиќи рече дека периодот е предизборен и дека секоја позитивна одлука би се протолкувала негативно во моментов.

Промовирани огласи »

Заврши војната во Авганистан

Дали сите американци беа успешно евакуирани со последниот авион?

Последните американски воени авиони го напуштија Авганистан и со нивното заминување се означи крајот на една воена епоха. Претседателот на Америка се огласи со изјава со која им се заблагодарува на сите американски сили кои што служеле во Авганистан.

Во последните 17 дена извршен е најголемиот воздушен превоз во историјата на САД, каде што се евакуирани над 120.000 илјади американски државјани, како и авганистански сојузници на Соединетите држави. Целата оваа евакуација била направена со огромна храброст, професионалност и решителност.

Американските службеници соработуваа со талибанците, за да може да се воспостави одреден периметар околу аеродромот, со цел да има безбедна евакуација. Сепак и американските службеници и претседателот на Америка изјавија дека не им веруваат на талибанците.

Администрацијата на претседателот изјави дека ќе продолжат да соработуваат со талибанците на дипломатски начин, со цел да да ги извлечат преостанатите американци и авганистански сојузници кои сакаат да ја напуштат земјата.

 

 

Промовирани огласи »

Совети од директорите: кои изговори да ги искористите кога доцните

Дали често доцните на вашето работно место?

Се расипал автобусот со кој сте доаѓале на работа, ви доцнеше возот, будилникот воопшто не се вклучил, сте помагале на постара личност да ја премине улицата и тоа траеше подолго отколку што очекувавте, се едни од многуте изговори кои што ќе ги кажете на вашиот директот кога доцните. Повеќето од нас доцнат и тоа може да му се случи на секого. 

Кога се извинувате што сте задоцниле, лицето кое ве чека нема да биде загрижено за причината поради која доцните, туку дали тоа ќе го направите повторно, па затоа внимателно избирајте ги вашите зборови.

Неколку директори споделија какви изговори слушале од своите вработени.

1. Секогаш кажувајте ја вистината

Директор на фирма за вебсајт оптимизација изјави дека сака секогаш неговите вработени да бидат искрени со него за причината поради која доцнат. Тој кажа дека и не го интересира толку причина за доцнење, туку самата приказна со лошо сценарио што ја смислуваат вработените. Доволно би било само да ја каќат вистината, бидејќи на секого може да се случи да задоцни, се додека тоа не се повторува константно.

2. Оставете ги настрана изговорите

Претседател на ИТ компанија во Америка кажа дека кога некој вработен ќе задоцни, се губи целиот редослед на работа бидејќи тие имаат посебна бизнис структура по која работат и се придржуваат. Убаво би било доколку некој од вработени знае дека ќе доцни или не планира да дојде на работа, да го најави навремено своето отсуство.

3. Не ги вознемирувајте останатите колеги

Откога ќе задоцните, поздравете ги вашите колеги и започнете го вашиот работен ден. Не треба да одите кај сите колеги и да им раскажувате зошто сте задоцниле со цел вашата приказна да ја знаат сите, туку треба да седнете на вашето место и да почнете со работа.

4. Бидете искрени дури и ако имате главоболка од синоќешната забава

Сите директори сакаат нивните вработени да бидат искрени со нив. На секого може да му се случи да има главоболка од забава на која што биле претходната вечер, најдобро би било тоа да го признаете, бидејќи директорот со сигурност ќе ја цени вашата искреност, но не дозволувајте тоа да ви стане навика.

5. Надоместете го времето за кое сте задоцниле

Доцнењето може да ви предизвика голем стрес. Сопственичка на фирма во Америка изјави дека нејзините вработени имаат флексибилно работно време, па така доколку задоцнат 20 минути нема потреба да ја трошат својата енергија во смислување на изговори, туку ќе останат 20 минути подоцна на работа.

6. Наместете го на време вашиот аларм

Доколку доцните од сабајле бидејќи не сте се разбудиле на време, тогаш станете малку поактивни. Наместете го на време вашиот аларм со цел да можете да ги завршите сите обврски што сте ги планирале  пред да одите на работа. Дозволете си да имате време да го испиете вашето утринско кафе дома, да имате време да ја изберете комбинацијата што ќе ја носите тој ден, па дури и одвојте време за разубавување.

7. Следете ја временската прогноза

Добро би било да ја следите временската прогноза, за да не бидете изненадени од ненадејни временски промени. Погледнете ја прогнозата пред спиење, па дури и откога ќе станете изутрина за да не се најдете во ситуација да мора да се вратите дома за да го земете вашиот чадор и тоа да биде вашиот изговор за доцнење.

8. Внимавајте на метеж во сообраќајот

Во утринските часови секогаш може да се најдете во сообраќаен метеж, па затоа убаво би било доколку ги слушате известувањата на радио или пак имате апликација која може да ве извести доколку има гужва во сообраќајот, бидејќи не би сакале ввашиот директор да мисли дека сте неодговорна личност.

9. Водете здрав начин на живот

Испланирајте го правилно вашето време, одете на прошетки во природа, хранете се здраво, вежбајте. Доколку не внимавате на овие работи, би можеле константно да бидете поспани и да се разболувате. Нема да му се допадне на вашиот директор доколку не сработите правилно некоја работа поради тоа што се сте многу уморни, па таков изговор може да биде лош за вашата кариера.

10. Извинете се на вашите колеги доколку доцните

Потрудете се да им се извините на вашите колеги доколку доцните, бидејќи тоа може да влијае и на нивната работа доколку работите тимски. Дајте им до знаење дека сте свесни дека вашето доцнење ги засега и нив, а убаво би било доколку вашиот директор види дека сепак сте одговорна личност и кон останатите.

Промовирани огласи »

Македониоја од денеска и официјално ќе биде отстранета од листата на безбедни земји за патување во Европската унија, јавува Ројтрерс.

Ќе бидерме во друштво со уште пет држави, меѓу кои Косово, Црна Гора и Либан, а ако ни е за утеха, во ова група влегоа и САД и Израел.

Двајца службеници во институциите на Европската унија потврдија за Ројтерс дека Советот на ЕУ денеска ќе ја објави својата одлука за отстранување од листата на епидемиолошки безбедни трети земји за вкупно шест земји, вклучувајќи ги и САД.

Отстранувањето од списокот значи дека на земјите-членки им се советува повторно да воведат забрана за влез на патниците од овие земји, така што истите веќе нема да ги исполнуваат условите да влегуваат без ограничувања за несуштински цели како туризмот и бизнисот.

Според Ројтерс, одлуката за повторно воведување забрана за влез на американски патници е донесена во петок, 27 август, но официјално ќе биде објавена дури во денеска, 30 август. 

Целосната листа на засегнатите земји оди како што следува: Израел, Косово, Либан, Црна Гора, Северна Македонија, Соединети Држави.

Сите шест неодамна пријавија зголемен број случаи на коронавирус откриени на нивната територија.

Во САД, каде живеат 328,2 милиони жители, од почетокот на пандемијата се откриени вкупно 38.158.495 случаи, од кои 169.512 во последните 24 часа, откриваат податоците на Светската здравствена организација.

Додека Израел, кој досега вакцинираше околу 80 проценти од своето 9,053 милиони жители, регистрираше 8.078 случаи во последните 24 часа, со што бројот на заразени лица од почетокот на пандемијата достигна 1.031.810.

Поради зголемувањето на бројот на случаи, SchengenVisaInfo.com веќе со денови известуваше дека ќе се врати забраната за влез на Американците кои патуваат во ЕУ за несуштински цели.

Листата на ЕУ на епидемиолошки безбедни трети земји е листа на земји кои не се членки на ЕУ/ЕЕА и кои се сметаат за безбедни во услови на пандемија на коронавирус поради ниските стапки на инфекции, а на земјите-членки им се советува повторно да ги отворат границите за несуштинските патници од овие области.

Списокот се разгледува секои две недели, а земјите -членки не се законски обврзани да го применуваат. Жителите на Андора, Монако, Сан Марино и Ватикан, од друга страна, се сметаат за жители на ЕУ заради целта на оваа препорака.

Првата листа беше објавена на 30 јуни 2020 година, додека последен пат беше разгледана на 15 јули 2021 година, кога Украина беше додадена на неа.

Во моментов, се состои од следниве 23 земји: Албанија, Ерменија, Австралија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Брунеи Дарусалам, Канада, Израел, Јапонија, Јордан, Либан, Црна Гора, Нов Зеланд, Катар, Молдавија, Северна Македонија, Саудиска Арабија, Србија, Сингапур, Јужна Кореја, Украина, Соединетите Американски Држави, како и Кина , што се уште е предмет на потврда за реципроцитет.

  

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »