Промовирани огласи »

Само 4 часа работа дневно? Рутината на авторот на Џејмс Бонд крие важна лекција

Работната рутина на Ијан Флеминг: 4 часа дневно и 1.500 зборови

Пишувањето на успешна книга не мора секогаш да значи поминување на целиот ден пред компјутер или пишување со часови без пауза. Тоа го покажува и примерот на Ијан Флеминг, авторот на познатите приказни за Џејмс Бонд.

Флеминг ги пишувал своите 14 романи за Џејмс Бонд во својот имот GoldenEye на Јамајка, каде што имал воспоставено строга дневна рутина. Според објавата, тој одвојувал четири часа дневно за пишување, во периодот од 10 до 14 часот, со целосен фокус на работата.

Во тој период, Флеминг пишувал околу 1.500 зборови дневно, а потоа го прекинувал пишувањето и продолжувал со другите активности.

Неговиот пример покажува дека продуктивноста не секогаш зависи од тоа колку долго работиме, туку и од тоа колку добро го користиме времето во кое сме фокусирани. Наместо долги часови поминати во работа со постојани прекини, јасно дефиниран период за концентрација може да биде доволен за создавање значајни резултати.

Можеби токму затоа неговата рутина и денес е интересна за сите кои се обидуваат да бидат попродуктивни од писатели и креативци до луѓе кои работат во канцеларија.

Тагови: 4 дневна навики работа Ијан Флеминг Џејмс Бонд

Промовирани огласи »

Бидете подготвени за можни редици: Од денес престануваат олеснувањата за системот за влез/излез на границите на ЕУ

Со укинувањето на оваа можност, туристичките агенции и авиокомпаниите предупредуваат дека повторно може да се појават долги редици и доцнења.

Од денеска престануваат да важат привремените олеснувања при примената на европскиот систем за влез и излез (EES).

Досега земјите-членки можеа привремено да го прекинат земањето отпечатоци од прсти и скенирањето на лицето кога на граничните премини се создаваа поголеми метежи. Со укинувањето на оваа можност, туристичките агенции и авиокомпаниите предупредуваат дека повторно може да се појават долги редици и доцнења.

Од Европската комисија, пак, оценуваат дека системот во текот на летото генерално функционирал добро и ги истакнуваат неговите придобивки за безбедноста.

Биометриските проверки сепак го продолжуваат времето потребно за обработка на патниците. Според податоци од авиоиндустријата, проверката која претходно траела околу 20 секунди, со EES може да трае и до 90 секунди по патник.

На големите аеродроми во Франкфурт, Минхен и Амстердам времето на чекање веќе е двојно подолго во споредба со минатата година, а во одредени европски сообраќајни центри во периодите со најголема фреквенција се чека и до два часа.

Туристичките здруженија поради тоа бараат од Брисел да ја продолжи можноста за привремено олеснување на проверките барем до крајот на зимската сезона. Тие предупредуваат дека дел од аеродромите сè уште немаат доволно автоматизирани киосци и персонал за непречено спроведување на системот.

Се предупредува дека укинувањето на флексибилноста може да донесе нови доцнења во септември, особено за патниците кои во ЕУ пристигнуваат од земји кои не се членки на Унијата.

Тагови: EEC граница ЕУ

Промовирани огласи »

„Фолксваген“ влегува во историски пресврт: до 100.000 работни места под удар, четири фабрики во неизвесност

Германскиот автомобилски гигант почнува најголемо реструктурирање во својата историја, додека притисокот од Кина, американските царини и скапата транзиција ја менуваат иднината на европската автоиндустрија.

„Фолксваген“ започнува најголема трансформација во својата 89-годишна историја, со план што предвидува вкупно исчезнување на околу 100.000 работни места на глобално ниво, објави „Ројтерс“. Покрај веќе започнатите кратења на околу 50.000 позиции, компанијата планира и дополнителни 50.000 отпуштања, како дел од стратегијата за намалување на трошоците и поедноставување на својата сложена структура. Одлуката доаѓа во време кога германскиот производител е под силен притисок од американските увозни царини, зголемените трошоци и сè поострата конкуренција од кинеските производители на електрични возила.

Особено неизвесна е иднината на четири големи фабрики во Германија — во Емден, Цвикау, Некарсулм и Хановер — чии сегашни производствени програми треба постепено да завршат од 2031 година. Иако тоа не значи автоматско затворање, фабриките ќе мора брзо да добијат нова намена. Ова прашање е многу пошироко од самата компанија, бидејќи автомобилските погони претставуваат економски столб за цели локални заедници, со мрежа од добавувачи, логистика, мали бизниси и јавни приходи.

Додека работниците и синдикатите стравуваат од последиците, инвеститорите позитивно реагираа на планот, па акциите на „Фолксваген“ во Франкфурт пораснаа за 7,9 проценти. Аналитичарите оценуваат дека компанијата се обидува да се прилагоди на новата автомобилска ера, во која софтверот, батериите и брзиот развој на модели стануваат поважни од традиционалната индустриска големина. Со ова, приказната за „Фолксваген“ станува и приказна за пошироката европска индустрија, која сè потешко ја брани својата позиција во глобалната трка.

Тагови: автомобили Германија Фолксваген

Промовирани огласи »

Дали и денес нè очекува топло време?

Еве какво време нè очекува

Сончево и топло време со повремена мала локална облачност. Ветерот ќе биде слаб до умерен и ќе дува од променлив правец.

Во Скопје се очекува сончево и топло време, со појава на мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

7.9.2026 Понеделник   21° / 30° 08:07   21:00
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h













27°
28°
29°
29°
30°
29°
28°
25°
24°
22°
21°

3

3

3

2

2

3

2

1

1

2

2
8.9.2026 Вторник   17° / 31° 08:08   20:59
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
19°
19°
18°
18°
18°
18°
17°
17°
18°
19°
21°
23°
25°
27°
28°
30°
31°
31°
31°
29°
27°
26°
25°
24°

2

1

1

1

1

1

1

1

1

1

2

2

3

3

3

3

3

3

3

3

2

2

1

2
9.9.2026 Среда   18° / 31° 08:09   20:57
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
23°
22°
21°
20°
19°
19°
18°
18°
18°
19°
21°
23°
25°
27°
29°
30°
31°
30°
28°
26°
25°
23°
23°
22°

2

2

2

2

2

1

1

1

1

1

2

2

3

3

3

3

3

3

3

2

2

2

1

1
Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »