Промовирани огласи »

Пријавете се доколку сте невработени - платени обуки за козметичарки, маркетари, негователи...

Во текот на обуката ќе добивате по 9.000 денари месечно.

Сите евидентирани невработени лица до 18. август месецов може да аплицираат за платени обуки за некои од понудените побарувани занимања на пазарот на труд.

Од Агенцијата за вработување информираат дека обуките се разликуваат од град до град, зависно од потребите.

Огласот се однесува на обуки за козметичарки и маникир-педикир козметичарки, негователи на стари лица, негователи на лица со попреченост, агенти за продажба преку телефон, помошници за ученици во основно образование, дигитални маркетери, монтери и инсталатери...

Обуките ќе се спроведуваат од страна на верификувани спроведувачи на обуки, а заинтересираните да се пријават во работните клубови на центрите за вработување во градот во кој живеат.

Лицата вклучени во обуките ќе добијат месечен надомест од 9.000 денари, со вклучено осигурување. Невработените лица кои ќе ја завршат обуката, практичната работа и успешно ќе го положат предвидениот испит, ќе се стекнат со Сертификат издаден од верификуваните спроведувачи на обука, пропишан од Министерство за образование и наука кој ќе им служи и во иднина.

Повеќе детали околу огласот на следниов ЛИНК.

Промовирани огласи »

Златото е најлошата инвестиција во оваа година. 

Цената на златото во неделата се намали на најниско ниво во последните четири месеци, откако имаше цена од 1.677,90 долари за унца, пренесуваат светските медиуми. Од почетокот на оваа недела, дојде до зголемување на нивоа од околу 1.740 – 1.750 долари за унца, но ова е далеку под највисоките вредности на златото во оваа година од 1.900 долари.

Во јуни, цената на златото беше на најниско ниво за период од девет месеци. 

Промовирани огласи »

Зголемен бројот на туристите и на ноќевањата

Туризам, јуни 2021 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јуни 2021 година изнесува 47 167, од кои 47.2 % се домашни туристи, а 52.8 % се странски туристи.

Бројот на ноќевањата во јуни 2021 година изнесува 117 701, од кои 52.6 % се од домашните туристи, а 47.4 % од странските туристи.

Во периодот јануари – јуни 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 42.5 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 97.8 %, а кај странските зголемувањето е за 8.3 %.

Во периодот јануари – јуни 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 54.0 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 87.2 %, а кај странските зголемувањето е за 27.9 %.

Тагови: туристи

Промовирани огласи »

Која е приказната за петок 13-ти?

Денес е петок 13ти, дали навистина е несреќен? 😱

Денеска е петок 13, ден кој отсекогаш се сметал за ден со лоша среќа, а некои истражувачи објаснуваат и зошто е тоа така.

Широко распространетото суеверие датира уште од Средниот век, а одредени историчари тврдат дека тоа бил денот кога Ева го натерала Адам да го касне јаболкото, кога почнал потопот и изградбата на Вавилонската кула.

Петок се вклучува во сево ова, бидејќи распнувањето на Исус се случува во петок – нормален ден за распнување во Рим. Во Америка во доцниот 19 век, сите егзекуции се извршувале во петок.

Стравот од петок 13ти сеуште е актуелен. Суеверните луѓе на овој ден дури и одбиваат да излезат од дома, некои се откажуваат од патување со авион, а некои и воопшто не патуваат. Било пресметено дека на овој ден во САД бизнисмените губат помеѓу 800 и 900 милиони долари, бидејќи многумина не ни помислуваат за своите работни места.

Петок 13 станал најнесреќен од деновите бидејќи се комбинирале две суеверија во едно.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »