Промовирани огласи »

Приведено лице од Скопје поради пукање со огнено оружје на семејна веселба

Полицијата лиши од слобода едно лице

На 05.08.2021, околу 08.00 часот на подрачјето на Чаир, полицијата уапси од слобода едно лице  поради сомнение дека извршил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 од Кривичниот законик.

Според претходно преземени мерки утврдено е дека лицето пукало со огнено оружје на семејна веселба, по што со наредба од судија извршен е претрес во неговиот дом каде е пронајдена муниција која тој бесправно ја поседувал.

На лицето му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Промовирани огласи »

Во кој рок се исплаќаат парите од Мој ДДВ?

Зошто повратот од Мој ДДВ некогаш пристигнува веднаш, а некогаш покасно?

Согласно член 8 од Законот за враќање на дел од ДДВто кај физичките лица враќањето се врши на трансакциската сметка на лицето по службена должност од страна на Управата за јавни приходи во рок од 60 дена по истекот на календарското тримесечје во кое е издадена фискалната сметка.

Во кој рок се исплаќаат парите од Мој ДДВ?
Исплатата се врши етапно односно секојдневно во тој утврден период.

Тагови: Мој ДДВ

Промовирани огласи »

Пристигна австрискиот тим за справување со пожарите

Помош од Австрија

Австрија испраќа 120 пожарникари со 40 возила на помош кон Македонија за локализирање на пожарите.

Во раните утрински часови пристигна првата група од конвојот на Австрија, додека втората група се очекува да пристигне во текот на денот.

Австрискиот конвој е составен од 136 лица, 16 возила, 24 камиони, 1 амбулантно возило, 2 АТВ и 9 приколки.

Досега во земјава помош за гаснење на пожарите е пристигната од Србија, Словенија и Бугарија.

Солидарноста нé обединува- пишува на Фејсбук профилот на Дирекцијата за заштита и спасување.

Промовирани огласи »

ФОТО: Сликата од пожарникарите која ги разнежни срцата на сите

И на хероите им треба оддишка!

Македонските пожарникари деновиве се на првата линија на фронтот во исцрпувачката борба со пожарите кои беснеат ширум земјата. Многу херои, доброволци, пожарникари и војници до утрото се бореа со огнот што го зафати подрачјето на Пехчево и Делчево.

Ова се апокалиптични сцени од пожарите во регионот на Пехчево. На оваа фотографија, тројца струмички пожарникари по 14 часа надчовечки напори во гаснењето на пожарот во близина на Делчево, целосно исцрпени земаат оддишка пред новите битки со огнената стихија.

Фото: Арбнора Мемети

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »