Промовирани огласи »

Дубаи создава дожд за да се спаси од горештините

Ако нема дожд, ќе се направи!Во Дубаи чудо невидено – невреме со помош на нова технологија

Како место во кое летните температури редовно знаат да бидат и над 48 степени Целзиусови, а и како место во кое без проблем со години сред пустина функционира затворен скијачки терен, Дубаи одлучи со дронови и струја да создава дожд. И местимично претера во тоа.

Метеоролошките власти на Дубаи објавија снимка на обилни дождови кои се резултат на нивната операција за создавање облаци кои би ја зголемиле влагата во блискоисточната држава.

Емиратите од 2017 имаат инвестирано 15 милиони долари во 9 различни проекти за создавање дожд. Сегашниот систем е од Универзитетот од Ридинг во Англија, и веќе неколку месеци работи на создавање на услови за да почне со врнење.

За сега системот на места работи подобро од што треба, па делови во околината на Дубаи беа поплавени како последица на вештачкиот дожд.

Една од најпофалните страни на системот е што користи струја наместо со хемикалии за создавање на дождот.

Промовирани огласи »

Царовска: Од септември учениците ќе добиваат зголемени стипендии од 3.500 денари

Наместо досегашните од 2.200 до 2.970 денари на месечно ниво учениците ќе добиваат стипендија во висина од 3.500 денари

Во просек за 11 отсто се зголемуваат ученичките стипендии кои ќе се исплаќаат со стартот на новата учебна година. Со владината одлука којашто е донесена во понеделникот наместо досегашните од 2.200 до 2.970 денари на месечно ниво учениците ќе добиваат стипендија во висина од 3.500 денари.

Вкупниот годишен износ кој ќе се распределува за оваа намена од речиси 87 милиони денари се зголемува на 97,8 милиони денари, а ќе бидат опфатени 3.100 ученици, најави министерката за образование и наука Мила Царовска по средбата со средношколските и студентските здруженија.

За сите видови стипендии ќе се објавуваат конкурси и заинтересираните навремено ќе бидат информирани за сите услови, критериуми и рокови за остварување на ова право.

Министерството за образование и наука преку работната група МЛАДИ-МОН ќе продолжи да креира политики со кои се подобрува стандардот и условите за учење за младите.

Промовирани огласи »

Србите бараат мајстори, ама и добро плаќаат

Одлични плати

Во Србија се бараат мајстори, a платата може да достигне и до 2.000 евра. 

За водоинсталатер за итни интервенции, платата се движи од 1.000 до 2.000 евра. На електиричарите, молерите, керамичарите, ѕидарите и заварувачите им се нуди плата поголема од просечната, а се движи во главно од 60.000 до 120.000 динари. Горан Родиќ, од Градежната комора на Србија, за „Вечерне новости“ објаснува дека недостигот на занаетчии ќе влијае на поскапувањето на трошоците за одржување на сите системи, од инфраструктура до станбени објекти, а дел од тоа ќе мораат да го платат граѓаните. Слична е состојбата и во други земји во регионот, каде снемува занаетчии поради иселувањето. 

Промовирани огласи »

И Австралија ставена под клуч поради Делта сојот

Заразната варијанта Делта воведе блокада во Австралија

Трета држава која отиде во блокада во вторникот. Препораките да останат дома сега се во Јужна Австралија, Викторија и делови од Нов Јужен Велс.

Многу луѓе изразија фрустрација што се вратија во карантин.

Помалку од 14% од луѓето се вакцинирани - најлош рејтинг меѓу нациите.

Премиерот Скот Морисон беше жестоко критикуван поради бавната стапка на вакцинација, но се спротивстави на повиците да се извини.

До неодамна, стратегијата на Австралија за затворање на границите,помагаше да се одржат случаите на ниско ниво. Но, многу заразната варијанта Делта ги оспори овие одбрани во изминатиот месец.

Постојат стравувања дека заклучувањето на Сиднеј може да се прошири до септември.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »