Промовирани огласи »

Копањето биткоини троши повеќе електрична енергија од цели држави

Рударењето Биткоин троши повеќе струја од цела Аргентина

Биткоинот троши повеќе електрична енергија годишно од цела Аргентина, покажала студијата на Универзитетот во Кембриџ и судејќи според неговата сегашната вредност, ова нема да се промени толку брзо, и покрај очекуваниот раст на штетните емисии на гас.

Рударењето“ на крипто-валути бара многу енергија, бидејќи вклучува големи компјутерски пресметки за да се потврдат трансакциите, пишува Би-Би-Си. Истражувачите од Кембриџ откриле дека компјутерите кои бараат трансакции трошат околу 121,36 терават-часови (TWh) електрична енергија годишно, врз основа на проценка на просечната цена од пет центи на киловат-час и енергетските потреби на мрежата на биткоинот.

Ова би значело дека компјутерите ангажирани во потрага по биткоини трошат повеќе од населението во Аргентина, чија потрошувачка е 121 терават-часови годишно. Тие исто така ја надминуваат потрошувачката на Холандија (108,8 терават-часови), Обединетите Арапски Емирати (113,2 терават-часови) и се блиску до Норвешка, која троши 122,2 терават-часови годишно.

Енергијата која ја користат можат да ги напојуваат сите машини за чај во Велика Британија во следните 27 години, откриле на Универзитетот во Кембриџ.

Тие исто така ја наведуваат споредбата која тера на размислување – количината на електрична енергија што ја трошат секоја година инволвираните, а неактивните домашни апарати само во САД може да ја напојуваат целата мрежа на биткоин за една година.

Промовирани огласи »

Владата повторно подготвува ваучери за туризам

Граѓаните повторно ќе добијат ваучер за туризам.

Владата повторно подготвува ваучери за туризам. Министерот за економија, Крешник Бектеши во гостувањето во ТВ 21 вели дека е предвидена програма која ќе започне да се реализира во април или мај, преку ваучер системот за помагање на луѓе со ниски приходи и луѓе со социјална помош.

-Ваучерот ќе биде 15 илјади денари и ќе има дополнително нов механизам преку кој ќе се распределат средствата за првпат, вели Бектеши.

Министерот истакна и дека директно ќе бидат поддржани и хотелите кои не се во туристички дестинации и немале можност да бидат поддржани со ваучер системот.

Тагови: туризам

Промовирани огласи »

Доколку скенирате сметки, УЈП воведе новина

Плус за граѓаните

Управата за јавни приходи воведе новина при скенирање на фискални сметки. 

Секој граѓанин со најава на својот профил на  е-ПДД , има можност  во новото  прозорче ,,МОЈ ДДВ – До каде е исплатата на повратот,, да изврши увид во состојбата за исплата на парични средства по основ на МојДДВ.

Граѓанинот  може да се информира за тоа дали му е вратен дел од ДДВ за соодветното тримесечје, односно  кога е извршена исплатата,  дали трансакциската сметка  е погрешно внесена, како да ја коригира погрешно внесената трансакциска сметка. 

Во меѓувреме, тече исплата на поврат на ДДВ за скенирањето на сметки во изминатите три месеци. Оваа мерка власта ја воведе со цел да се намали сивата економија. 

Тагови: УЈП

Промовирани огласи »

Фирмите кои незаконски ќе работат во недела, ќе бидат затворени 15 дена

Со новото законско решение предвидена е мерка и за субјектите

Оние газди кои ќе го прекршат законот и ќе работат во недела незаконски, ќе добијат клуч на врата од 15 дена, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во гостување на Телма.

Според неа, во нацрт верзијата на измените на Законот за работни односи, во членот 134, точно се регулира недела како ден за одмор, а таму се предвидуваат и мерките и прекршочните санкции, согласно со Законот за прекршоци.

Покрај санкциите за парична казна, и кога на една фирма, ќе и се забрани да работи 15 дена на некој начин ќе значи опомена да не се случи слично кршење на законот следен пат.

И во колективниот договор и во досегашниот закон, во членот 106 се предвидени надоместоците на плата за работа во дежурства, ноќна работа, прекувремена работа, клучително и ден на работа во неделен одмор“, вели таа.

Од друга страна пак, за претставничката на ВМРО ДПМНЕ во дебатата на истата телевизија, Благица Ласовска, измените кои се предвидуваат во Законот за работни односи се популистички.

Според неа, ова законско решение нема да опфати над 30 стопански гранки, односно тие нема да видат никаков бенефит од законот, иако, како што рече, за волја на вистината, законот е во ред и голем дел од работниците во земјава заслужуваат еден неработен ден во седмицата.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »