Промовирани огласи »

Повратот на ДДВ од предновогодишните пазарења во февруари: Чекајте пари за десетина дена

Впрочем почнува исплатата за скенираните сметки во октомври ноември и декември, кој не внел точна сметка да си провери

Управата за јавни приходи во текот на следниот месец февруари ќе врши исплата на дел од ДДВ на граѓаните кои скенирале фискални сметки преку апликацијата МојДДВ, во четвртото тримесечје од 2020 година односно за месеците октомври, ноември и декември 2020 година .

Оттаму информираат дека во ова последно тримесечје од 2020 година, граѓаните скенирале 67.272.456 фискални сметки, вкупниот промет е 33,398,562,346 денари, а на граѓаните ќе им се вратат околу 382 милиони денари или околу 6,1 милиони евра

„При направената проверка и анализа, Управата за јавни приходи утврди дека 5. 506 граѓани во апликацијата МојДДВ имаат внесено погрешна трансакциска сметка, а 334 граѓани немаат одобрен кориснички профил во е-ПДД што е услов за користење на апликацијата МојДДВ. Заради навремена исплата на средствата за четвртото тримесечје за 2020 година, Управата за јавни приходи апелира до граѓаните да внесат точна и лична трансакциска сметка, а оние кои немаат одобрен кориснички профил во е-ПДД истото да го сторат односно да појдат до најблиската даночна канцеларија со документ за лична идентификација со цел службено лице на УЈП да го одобри и активира профилот на е-ПДД, информира УЈП.

Промовирани огласи »

За административците: Нема повеќе смени, работа од дома и ротации, сите административци да се вратат на своите места

По долг период во кој пандемијата ги ослободи од работните обврски

Со оглед на тоа дека бројот на заразени од Ковид-19 е намален, од 1 февруари 2021 година се планира да се врати принципот на работа и работниот процес на државната и јавна администрација во полн состав со полно работно време на работните места, информираат од Владата.

За овој став, како што потенцира портпаролот на Владата Душко Аровски за МИА, претходно ќе се побара и дополнително мислење од Комисијата за заразни болести.

Државната и јавна администрација, општините и судовите, согласно одлуката на Владата од 13-та седница, од 20 октомври 2020 година, по препорака на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, согласно принципот на работа и работниот процес, ја организираше работата во смени, на далечина (дома) или, пак, редуцирано со систем на ротации, зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите, имајќи го предвид Протоколот за превентивни мерки за сите работни места.

Промовирани огласи »

„Фајзер“ ќе ја тестира вакцината и на деца

Децата ретко имаат сериозни симптоми на ковид-19, но, сепак, можат да го шират вирусот.

„Фајзер“ ја заврши регистрацијата на деца на возраст од 12 до 15 години за студија за тестирање на вакцината против коронавирус.

Американскиот производител на лекови, всушност, сака да ја прошири употребата на вакцината меѓу различните возрасни групи.

Студијата, која беше најавена во октомври, вклучува повеќе од 2.000 учесници, се вели во соопштението на „Фајзер“, пренесува „Ројтерс“.

Децата ретко имаат сериозни симптоми на ковид-19, но, сепак, можат да го шират вирусот.

Минатиот месец, „Модерна“, исто така, започна студија за тестирање на вакцината кај адолесценти на возраст од 12 до 18 години.

Промовирани огласи »

Јапонците објавија кога ќе биде забрането производство и продажба на бензин и дизел возила

Во продажба ќе бидат само хибриди, електрични автомобили и возила на водород

Сè повеќе земји ја најавуаат својата енергетска стратегија, а и Јапонија не пропушти можнот да најави што ќе се случува во следните триесетина години.

Од 2035 година, се пласира забрана за класични бензинци и дизел возила. Во продажба ќе бидат само хибриди, електрични автомобили и возила на водород.

Јапонија од 2050 година планира СО2 да биде неутрален, а тоа значи дека тогаш во продажба нема да бидат ниту хибриди.

Воедно Јапонија очекува и големи енергетски вложувања. Околу 2030 година, ќе се вложат околу 700 милијарди долари годишно во зелена енергија, а до 2050 таа инвестиција ќе порасне на оолу 1,5 билиони годишно.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »