
Со помош на парчиња дрво и асистенција од татко му, Немања Стојановиќ(24) од Медвеѓе ја направи својата прва, невообичаена и еколошка лептир машна.

Но, ова не би било толку интересно ако не е таа од дрво.
На оваа идеја дошол разговарајќи пред неколку години со еден пријател, кој правел машни, но од материјали.
Немања сакал да направи една таква, но од дрво, за себе за роденден.

Тој завршил медицинско училиште, а со столарскиот занает никогаш не се занимавал.
Ова беше нешто сосема ново за мене. Му ракажав на татко ми и почнавме да работиме со рачни тестери кои нам ни беа единствен алат. Работевме дел по дел за да на крај добиеме една машна. На тој начин настана и мојата колекција од 40 модели - вели Стојановиќ.

Вели дека почетокот не бил лесен, но тоа било така заради незнаење.
Раскажува дека мора да се набави соодветно дрво, да се направи скица, цртеж, и сето тоа оди во компјутер по што продолжува со обработка.
За машините вели дека секој дел посебно се работи, тие се поврзуваат и се пакуваат во персонализирани кутии.

Момчето ја проширило работата и сега прави дрвени трегери, манжетни, дрвени нотеси и од оваа работа живее.
Неговите производи стигнуваат и до Берлин.