Промовирани огласи »

Последниот рок за исплата на Регрес за годишен одмор (К15) за 2020 година заврши со последниот ден од минатата година, а до почетокот на оваа недела до Државниот иснпекторат за труд пристигнале 135 пријави од неисплатени или само делумно исплатени работници. Од таму велат дека ова е почеток и дека очекуваат жалбите да се зголемуваат во текот на овој месец. До сега, за неисплатен К15 од 2019 се изречени 244 казни за работодавачите, додека за 2020 допрва ќе се работи.

- Државниот инспекторат за труд по завршувањето на законскиот рок за исплата,  на 04.01.2021 година, започна со спроведување на инспекциски надзори кај работодавачите за кои има пристигнато пријави, како на веб страната на ДИТ, така и во Кол центарот и во архивата на инспекторатот. Во тек е прибирањето на податоците од извршените надзори од секој инспектор за оваа недела, и истите ќе бидат јавно објавени преку Соопштение од Државниот инспекторат за труд, ни одговори Јована Тренчевска, директорката на ДИТ.

Во текот на минатиот месец, односно од 01.12.2020 до 31.12.2020 година до инспекторатот има пристигнато вкупно 135 пријави по основ на неисплатен регрес или исплатен регрес во помал износ од предвидениот. 

- Од нив најмногу има во Скопје, 71, потоа следуваат Штип со 12, 8 за Кичево, 6 за Прилеп, по 5 за Охрид, Струга и Тетово, 4 за Кавадарци, по 3 за Битола, Куманово и Ресен, по 2 за Струмица и Гостивар и по 1 за Велес, Кочани, Росоман, Пробиштип, Радовиш и Делчево. Од вкупно 135 пријави дури 97 биле поднесени од анонимен подносител, а само 38 од познат подносител. Пријави преку веб страницата на ДИТ и Кол Центарот, пристигнуваат и во првите денови од 2021 година, дополнува Тренчевска.

Во текот на 2020 се обработувале прекршените прописи за неисплата на регресот за годишен одмор во 2019, а ДИТ изрекол 244 мерки, односно казни за работодавачите.

- Секаде каде ќе се утврдат неправилности, инспекторот кој го врши надзорот согласно законските прописи ќе изрече соодветна мерка. Во 2020 во инспекциските надзори за почитување на правото за исплата на регрес за 2019 година, извршени се 431 надзори за К-15, донесени се 244 решение по чл.35 став 1 алинеја 7 од Општиот Колективен Договор за приватниот сектор од областа на стопанството, вели директорката.

Според планот на инспекторатот, во наредниот период приоритет ќе бидат надзорите по ова право на вработените граѓани.

- Државниот инспекторат за труд во наредниот период ќе постапува по сите добиени преставки за неисплата на регрес за годишен одмор (К15) за 2020 година. Приоритет  во јануари 2021 ќе се стави на инспекциските надзори по ова право на работниците и секаде каде ќе се утврдат неправилности ќе бидат изречени соодветни мерки за работодавачите, најавува 

Според „Гласен текстилец“, работниците се охрабрија да ги пријавуваат газдите за неисплата или за формална исплата на регресот за годишен одмор. Покрај пријавите на работниците до подрачните одделенија на Државниот трудов инспекторат, поплаки од работници имало и до граѓанското здружение.

Кристина Ампева од Гласен текстилец за штипската телевиија ТВ Стар изјави дека ако бројката на пријави од работниците до 6 јануари достигнал 66 пријави. Од таму сепак бараат да се ангажираат повеќе трудови инспектори, но и бараат законски измени. 

Од Сојузот на синдикати на Македонија на последниот ден од минатата година објавија дека се пријавени повеќе од 100 газди кои не исплатиле во целост или исплатиле помалку К-15 на работниците за 2020 година.

Од таму предупредија дека ќе се бара одговорност и од надлежните инспектори и дека ќе ги објавуваат документите со кои располагаат ако, како што велат, не бидат санкционирани сите кои го прекршиле ова работничко право.

Промовирани огласи »

Стефан Бансел, извршниот директор на фармацевтската компанија „Модерна“ која исто така разви успешна вакцина против корона вирусот денеска со позитивна изјава. Вели дека најмалку две години ќе штити од Ковид-19 нивната вакцина која вчера од Европската агенција за лекови ја доби дозвола за употреба.

Бансел, истовремено тврди и дека вакцината на „Модерна“ ќе има и голема ефикасност против мутациите на корона вирусот кои се појавија и во Велика Британија и во Јужна Африка.

– Кошмарното сценарио што се провлекуваше низ медиумите пролетта беше дека вакцината ќе трае само еден месец или два. Мислам дека сега тоа не е доведено во прашање. Падот на антителата оди многу бавно по примањето на вакцината. Веруваме дека заштитата ќе трае најмалку две години, рече Бансел.

FOTO: Paul Sancya/AFP

Промовирани огласи »

Samsung ќе ги лансира своите нови паметни телефони Galaxy еден месец порано од очекуваното!

Samsung ќе ги лансира своите нови паметни телефони Galaxy следната недела - еден месец порано од очекуваното.

Samsung соопшти дека ќе одржи виртуелен настан во 10 часот наутро, во понеделник 14 јануари. Компанијата обично лансира нови уреди во февруари, но извори изјавија во ноември дека предвременото лансирање на Samsung е дизајнирано да го освои уделот на пазарот од Huawei и да ја избегне конкуренцијата од Apple. Протекциите сугерираат дека Samsung ќе ја објави Galaxy S21 серијата на 14 јануари, вклучувајќи ги S21, S21 + и премиум моделите Galaxy S21 Ultra.

Виртуелниот настан, наречен „Unpacked 2021“, ќе се емитува на веб-страницата на Samsung во 10 часот наутро, на 14 јануари 2021 година, соопшти јужнокорејската компанија во соопштението за јавноста. Компанијата обично ги лансира своите нови уреди „Galaxy“ во февруари,  околу светскиот конгрес за мобилни телефони. 

Три лица запознаени со ова прашање, за Ројтерс во ноември изјавија дека Samsung може да ги лансира своите смартфони „Galaxy S“ порано отколку што се очекуваше, за да се обидат да го земат уделот на пазарот од „Huawei“ и да ја избегнат конкуренцијата од технолошкиот гигант „Apple“. Иако Samsung не откри многу во својата изјава, претходните извештаи за медиумите сугерираат дека Samsung се очекува да ги објави сериите Galaxy S21 за време на преносот во живо, вклучувајќи ги S21, S21 + и премиум моделите Galaxy S21 Ultra. Овие уреди, наводно, доаѓаат во три различни големини и ќе го наследат триото Samsung Galaxy S20 - Galaxy S20, S20 Plus и S20 Ultra. Тие исто така ќе имаат камера со тројни леќи, која се чини дека е заматена во видеото што го придружува соопштението за јавноста на Samsung. Се претпоставува дека S21 Ultra ќе вклучува S Pen, додаток кој претходно беше ексклузивен во серијата Galaxy Note на Samsung.

Промовирани огласи »

Околу 250 приватни специјализанти ќе се вработат во јавните здравствени установи

Филипче најави вработување на 250 приватни специјализанти

Вработување на приватни специјализанти вчера најави министерот за здравство Венко Филипче  во ТВ емисија, за кои рече дека се обезбедени и финансиски средства.

 

– Со приватните специјализанти имавме бројни состаноци, дадовме ветување. Обезбедени се финансиски средства за близу 250 специјализанти да бидат вработени во јавните здравствени установи, за иднината да ја гледаат тука во нашата земја, рече Филипче.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »