Промовирани огласи »

Вака изгледаат здравствените пасоши: Што сè ќе пишува и каде ќе може без нив да се патува

Во Франција само вакцинираните лица можеа да користат јавен превоз, да одат на натпревари, ресторани, концерти

Со месеци наназад уште пред да биде одобрена некоја од вакцините во светот се зборуваше за тоа дека во иднина оние кои нема да примат вакцина нема да можат да патуваат, а глем број на авио компанија ја поддржаа идејата. Сега се откриваат некои информации плус околу тоа како овој процес ќе се одвива.

Имено се претпоставува дека покрај пасошите кои досега ги имаме и користиме, во иднина ќе имаме и здравствени пасоши. Информации за тоа дали некој ја прележал новата болест, дали и кога направил PCR-тест и дали примил вакцина – сето ова во иднина ќе може да се најде во ваквите здравствени пасоши.

Оваа идеја на големо се разработува во многу земји, а главно ја заговараат туристички работници и авиокомпании кои се надеваат дека може да им донесе спас за време на кризата. И на дел од обичните граѓани не им пречи, бидејќи се убедени дека во иднина ќе можат полесно да патуваат до омилените дестинации, кои им биле недостапни скоро една година, но дел од нив, особено оние кои од секогаш биле против вакцинација не ја примија со добро информацијата.

Некои светски авиокомпании веќе најавија воведување на вакви пасоши како услов за идните летови. Така, австралиската авиокомпанија Квантас најави дека вакцинацијата против оваа болест ќе биде задолжителна за сите нејзини меѓународни патници, но се размислува за воведување на истиот услов и на домашните летови.

Туризмот и транспортот се наоѓаат во исклучително тешка состојба на глобално ниво, па затоа е сосема нормално тие бидат фокусирани да се најде решение за нивно, условно речено, нормално функционирање.

Здравствените пасоши за луѓе кои примиле вакцина можат да стане реалност уште во 2021 година, изјави директорот на Рускиот фонд за директни инвестиции (РФПИ), Кирил Дмитриев.

„Ние, се разбира, гледаме дека ќе бидат воведени здравствени пасоши. Мислам дека некои земји ќе ги воведат побрзо, а други побавно. Но нема дилема дека ќе има авионски летови кои ќе бидат поврзани или со тестирање за оваа болест или со пасошите за вакцинирање“, рече тој за телевизијата Русија 24.

Дмитриев рече дека тоа е неизбежно. Според него, тоа е реалноста што светот на крајот ќе ја воведе во функционирањето.

„Да, тоа звучи малку чудно сега, но мислам дека никој нема повеќе да го поставува тоа прашања за една година, бидејќи факт е дека вакцинираните луѓе се помалку ризични од оние кои можат да бидат заразени. Затоа, овие пасоши, кои сега се развиваат во многу земји, ќе станат дел од нашите животи веќе оваа година“, потенцираше тој.

Во некои држави луѓето кои се вакцинираат веќе добиваат такви т.н. здравствени пасоши каде пишува на кој ден и со која вакцина се вакцинирани.

Во Велика Британија, сите вакцинирани лица добиваат картичка, која сè уште нема правна вредност и не овозможува поголема слобода во врска со патувањата и други активности. Тоа е потсетник со име и презиме, код и датум на вакцинација, како и кога е потребно да се прими втората доза.

Франција отиде најдалеку, таму во Собранието се најде законот, според кој само вакцинираните лица можеа да користат јавен превоз, да одат на натпревари, ресторани, концерти. Неговото усвојување, сепак, е одложено, барем привремено.

Во многу држави процентот на луѓе што сакаат да се вакцинираат е многу мал, така што условот да се патува со вакви пасоши ќе наиде на големи реакции.

Промовирани огласи »

Брилијантниот пример на Џеф Безос за емоционална интелигенција!

Во една нова книга, основачот на Амазон зборува за неговата утринска рутина и за навиките кои се пример за емоционална интелигенција!

Џеф Безос вели дека во своите планови секогаш постои време од денот кога не прави ништо. Тоа е брилијантен пример за емоционална интелигенција. Во една нова книга, основачот на Амазон зборува за неговата утринска рутина и вредноста на времето кога не правите ништо. Кога размислувате за некој како Џеф Безос, лесно е да се претпостави дека во животот на извршниот директор на најголемата малопродажба на мало во светот има многу работи кои што се случуваат. Во новата книга, тој вели:

"Станувам рано. Легнувам рано. Сакам да читам весник. Сакам да пијам кафе. Сакам да појадувам со моите деца пред да одат на училиште. Времето е многу важно за мене. Затоа го закажав мојот прв состанок за во десет часот “.

Размислете за тоа за момент - извршниот директор на една од најважните компании во светот не одржува состаноци пред 10:00 часот, затоа што го цени времето во кое не се прави ништо.  Понекогаш најдобриот начин да бидете попродуктивни е да закажете време за апсолутно ништо. Уште повеќе, Безос мисли дека ова е одличен пример за емоционална интелигенција. Безос ја препознава вредноста на неструктурираното време во неговиот живот. Тој разбира како тоа влијае на секоја друга област од неговиот живот и - како резултат - тој го вметнува во неговата рутина секој ден. 

Постоењето на време во кое не правите ништо е брилијантно поради тоа што:

Создава граници

Во време кога многу луѓе работат од дома, може да биде тешко да се постават граници и да се оддели времето за работа и времето за сè друго. Особено е тешко кога сите тие работи се случуваат во ист физички простор. Со постоење на време во кое не прави ништо  и не закажувансостаноци пред 10:00 часот, Безос е во можност да создаде простор за работи што се исто толку важни, како појадок со своите деца. 

Доведува до подобри одлуки

Човечкиот мозок е извонреден по својата способност да прави врски помеѓу различни делови на податоци или информации. Проблемот е во тоа што, ако целото време го поминувате на состаноци или на разговори, никогаш немате време мозокот да ги оствари тие врски. Како резултат, на крајот мора да донесувате одлуки без корист, да ги оставите информациите да маринираат во Вашиот мозок со сите ваши други искуства и информации. „Ако донесам, три добри одлуки на ден, доволно е“, вели Безос, „и тие треба да бидат квалитетни за да можам да ги реализирам“. Да имате време да размислите, дури и ако е само додека шетате наутро, може да ви помогне.

Бонус мисла

Има уште една мисла што ја сподели Безос, а станува збор за спиење:

"Јас давам приоритет на спиењето освен ако патувам во различни временски зони. Понекогаш спиењето осум часа е невозможно, но јас сум многу фокусиран на тоа и ми требаат осум часа. Мислам подобро. Имам повеќе енергија. Расположението ми е подобро".
 

Промовирани огласи »

МЗ: Македонија добива 800.000 дози од Фајзер, 5850 стигаат во февруари

Република Македонија, ќе добие 800 000 вакцини против Ковид 19, од прозиводителот Фајзер.

Република Северена Македонија, ќе добие 800 000 вакцини против Ковид 19, од прозиводителот Фајзер. Министерот за здравство д-р Венко Филипче,  во директни преговори со овој производител, обезбеди вакцини за цела 2021 година. Договорот беше дефиниран утрово во телефонски разговор на министерот Филипче и висок претставник на компанијата прозиводител на вакцини против Ковид 19. Првите 5850 дози вакцини на Фајзер ќе стигнат во февраури, потоа ќе следува пратка со поголема количина во март, април, а динамиката за цела 2021 година дополнително ќе се утврди.

Нашата земја навремено почна со подготвоките за вакцинација против Ковид 19 и постоечката функционална и одлично поставена здравствена инфраструктруа каде досега се врши вакцинација за други болести, е подготвена за имунизација против корона.  

Вакцината на Фајзер се чува во фрижидери на -70 степени целзиусови, а истите во нашата земја ќе пристигна месецов.

Регулаторните медицински агенции европската ЕМА и американската ФДА имаат дадено одобрение за вакцината на Фајзер.

Промовирани огласи »

Магационер/возач, маркетинг специјалист, производен инженер, офис асистент - дел од новотворените работни места!

Магационер/возач, маркетинг специјалист, производен инженер, офис асистент се само дел од отворените работни позиции во почетокот на оваа година.

Новата година носи и нови можности за вработувања! Магационер/возач, маркетинг специјалист, производен инженер, офис асистент се само дел од отворените работни позиции во почетокот на оваа година. Во продолжение KARIERA.mk  Ве информира за деталите околу новите работни места!

ПАБЛИК МЕДИА објавува оглас за работа на позиција за:
МАГАЦИОНЕР / ВОЗАЧ

CMX SOLUTIONS компанија која на пазарот во Македонија веќе 5 години успешно работи во доменот на давање кориснички услуги продолжува да го зголемува својот тим. Во моментов, со цел проширување на нивниот  тим се во потрага по:
РАБОТНО МЕСТО ЗА ПОЗНАВАЧИ НА ГЕРМАНСКИОТ ЈАЗИК

АСПЕКТУС ФАРМА  e иновативна, кооперативна компанија со висок интегритет, што овозвожува високо квалитетно производство на лекови и воспоставување партнерства со глобалните фармацевтски компании. За потребите на своето работење, во моментов има отворено повеќе работни позиции. Дел од нив се:
ОПЕРАТОР НА РАЗМЕРУВАЊЕ
ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР ВО КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ
КООРДИНАТОР ВО ПАКОВНО ОДДЕЛЕНИЕ
КООРДИНАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО НА ЦВРСТИ ФАРМАЦЕВТСКИ ДОЗИРАНИ ФОРМИ

НЕОТЕЛ ДОО е телекомуникациски оператор формиран во 2004 година со македонски капитал од страна на реномираната ИТ компанија, Неоком АД. Повеќе од 15 години на пазарот нуди широк спектар на услуги од областа на широкопојасен интернет пристап, фиксна телефонија, изнајмени линии, хостирање и колокација на опрема. Во моментов, има отворена работна позиција за:
МАРКЕТИНГ СПЕЦИЈАЛИСТ

DEKRA во Македонија е лидер во областа на човечките ресурси. Основана е во 2006 година одстрана на DEKRA Arbeit Group со седиште во Штутгарт, Германија. За потребите на своето работење е во потрага по следните работни позиции:
МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИЦИ
ОФИС АСИСТЕНТ
ТЕХНИЧКО ЛИЦЕ ЗА ИНСТАЛАЦИЈА НА РАДИО МРЕЖА И ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКА ОПРЕМА

ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ  е голем производител на автобуси во Европа, нудејќи комплетен асортиман на автобуси за јавен превоз за меѓународните пазари. Овој белгиски реномиран производител на автобуси со повеќе од 4500 вработени, има потреба од нови вработувања за извршување на работни задачи на работното место:
ПРОИЗВОДЕН ИНЖЕНЕР

EURO AKTIVA DOO е компанија  со седиште во Скопје, Македонија. Основна дејност на компанијата е трговија со нафта, нафтени продукти и горива за транспорт и веќе е докажан бренд во нејзиното поле, првенствено поради високиот квалитет на горивото и одличната услуга кон клиентите. Во моментов има потреба од:
ПУМПАШ ВО БЕНЗИНСКА ПУМПА АКТИВА ПЕТРОЛ


 

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »