Македонија има најевтина храна и пијалоци во Европа, а Швајцарија е најскапа.

Статистиката на Еуростат покажува дека во нашата земја граѓаните купуваат најевтина храна, безалкохолни пијалоци и тутун од сите 37 држави на европско тло. За основните потреби, плус цигари, на македонскиот граѓанин му се потребни само 61 отсто од средствата на ЕУ просекот. Доколку една потрошувачка кошничка со овие производи во европска земја би чинела 100 евра како средна вредност, во Македонија истата би била речиси половина поевтина. На второ место е Романија чии граѓани можат да купуваат храна, безалкохолни пијалоци и тутун за 65 отсто од просекот, а потоа следуваат Полска и Турција.
Убедливо на врвот, како најскапи држави се Швајцарија (163 отсто), Норвешка (157 отсто) и Исланд (140 отсто).
Од земјите во регионот, БиХ (76 отсто), Србија (78 отсто) и Бугарија (78 отсто) се блиску до дното, но сепак на нивните граѓани им требаат далеку повеќе средства за задоволување на прехранбените потреби.
Но, Евростат неодамна објави и дека Македонија, Албанија и БиХ се најсиромашни во Европа.
Македонија е трета најсиромашна земја во Европа, а посиромашни од нашата земја се само Албанија и Босна и Херцеговина, со БДП од околу 31 отсто од просекот на ЕУ, објави Евростат. Нив ќе им требаат децении за да ги достигне економските стандарди на остатокот од ЕУ и имаат слаб економски потенцијал. Земји со најголем БДП во Европа се Луксембург и Ирска, двете со 93 отсто над просекот на ЕУ, како и Швајцарија, Норвешка, Данска и Холандија. Во ЕУ, Бугарија е најлошо пласирана со 47 отсто од просекот на ЕУ. Србија и покрај највисоко ниво на странски инвестиции е на четврто најниско место.