2020 година беше полна со стресови за сите нас. Помеѓу пандемијата, напнат изборен циклус, тешка економија и драматични промени во начинот на кој фунционораме, никој не може да ве обвини дека сте под стрес. На наша среќа, постојат голем број на одлични начини да се намали дел од тој стрес.
Јога

Истражувањето на Медицинскиот факултет на Харвард сугерира дека јогата е неверојатен начин за ослободување од стрес. Нивните истражувања покажуваат дека јогата всушност ја модулира реакцијата на мозокот во стресот, градејќи ја вашата отпорност на стрес со текот на времето. Едноставно кажано, вежбањето на јога може да ви помогне не само да го намалите стресот, туку и да бидете поимуни на зголемување на стресот и во иднина.
Вежби со висок интензитет (HIIT)

Сите истражувања на глобално ниво се согласуваат дека редовното вежбање може да помогне во намалување на стресот. Но, истражувањето на Универзитетот во Мисури-Колумбија укажува дека конкретно, вежбите со висок интензитет се уште поголем извор на намалување на стресот и анксиозноста. Нивната студија сугерира вежби со висок интензитет особено за жените.
Трчање

Студија на Универзитетот во Мериленд откри дека луѓето кои трчаат имаат пониско ниво на стрес од оние кои не трчаат. Не само тоа, туку тие се поотпорни на ситуации кои предизвикуваат стрес. Едноставно кажано, трчањето неколку пати неделно може да има позитивно влијание врз нивото на стрес. Да се биде под стрес може да има и ментални и физички последици врз вашето здравје, па затоа е важно да учествувате во активности што го одржуваат стресот на многу ниско ниво.