Промовирани огласи »

Кај граѓаните што скенираат сметки месецов ќе легнат близу 500 милиони денари

Еве кога граѓаните можат да ги очекуваат средствата од повратот на ДДВ.

Речиси 500 милиони денари овој месец ќе легнат на сметките на граѓаните по основ на поврат на ДДВ, врз основа на скенирање сметки преку МојДДВ во текот на третото тримесечје и за време на мерката Викенд без ДДВ што се реализираше на 10, 11 и 12 октомври, како дел од четвртиот пакет антикризни мерки. За третото тримесечје повратот е 430 милиони денари, додека од Викендот без ДДВ нешто над 63 милиони денари.

-Во текот на ноември Управата за јавни приходи ќе спроведе исплатата за финансиски средства по основ на враќање на дел од данокот за додадена вредност за месеците јули, август и септември 2020 година, согласно Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физички лица, информираат за МИА од Управата за јавни приходи.

Оттаму додаваат дека во текот на ова трето тримесечје во месеци јули, август и септември 2020  остварен е промет од  29,8 милијарди  денари, од кои прометот од македонски производи изнесува  7,8 милијарди денари, а прометот од останати производи изнесува  21,9 милијарди денари.

-На граѓаните, како што наведуваат за МИА,  за ова тримесечје  ќе им се врати, односно исплати  околу 430 милиони денари, како дел од ДДВ што го оствариле граѓаните од скенирани фискални сметки во јули, август и септември 2020 година.

Во текот на овој месец се очекува исплатата и на поврат на ДДВ од остварениот промет за време на Викеднот без ДДВ. За ова се чека на донесување на ребалансот на буџетот кој е во собраниска процедура и за кој веќе се расправа на пленарна седница. Расправата почна во четвртокот и веќе се расправа три дена, а најмногу согласно Деловникот може да трае пет дена.

-Мерката Викенд без ДДВ  е дел од четвртиот сет антикризни мерки, кои пак се условени од усвојување на ребалансот на Буџетот на РСМ во Собранието на РСМ. Штом ребалансот биде усвоен од страна на Собранието,  ќе се создаде законска можност за спроведување на мерките вклучително и оваа мерка и ќе се исплатат средствата. Сите граѓани кои оствариле право на враќање на целосниот износ на данокот на додадена вредност за време на ,,Викендот без ДДВ,  ќе им се исплатат финансиските средства  на нивната трансакциска сметки, истакнуваат од Управата за јавни приходи. 

Викендот без ДДВ се реализираше на 10, 11 и 12 октомври. Според податоците на УЈП во овие три дена вкупно 204 088 граѓани купиле  македонски производи и услуги како и компјутерска опрема и издадените фискални сметки ги скенирале преку апликацијата МојДДВ.

Во Викендот без ДДВ остварен е промет од 558.176.715 денари со што граѓаните ќе остварат враќање на  ДДВ во износ од  66.853.929  денари.

Во Викеднот без ДДВ беа скенирани трипати повеќе  фискални сметки и беше остварен  9,5 пати поголем промет од македонски прозиводи во однос на истиот викенд од минатата година.

Викендот без ДДВ беше првата мерка од четвриот пакет антикризни мерки кои се во вредност од 470 милиони евра и чија реализација чека на усвојување на ребалансот на буџетот, а целта да се придонесе за намалување на ефектите од ковид-кризата и да се поддржат граѓаните и стопанството.

Промовирани огласи »

Од понеделник без ПЦР тест меѓу Македонија, Србија и Албанија

Вучиќ соопшти дека по состанокот со премиерите на земјите од „малиот Шенген“ Рама и Заев, донесени се неколку важни одлуки.

Лидерите на Македонија, Србија и Албанија односно претседателот Александар Вучиќ, премиерите Еди Рама и Зоран Заев денеска одржаа состанок преку интернет конференциска врска за обновување на иницијативата за регионална соработка започната минатата година.

Активностите на иницијативата за регионална соработка беа одложени поради пандемијата КОВИД-19 и изборите во Македонија и Србија и тројцата лидери се согласија дека кризата ја нагласи потребата од натамошно интензивирање на меѓусебната соработка и регионалната економска интеграција.

За време на средбата преку интернет, претседателот Вучиќ и премиерите Рама и Заев истакнаа дека оваа иницијатива е целосно во согласност со Берлинскиот процес и дека е добра основа за подготовка на земјите од Западен Балкан за претстојниот Самит на Западен Балкан што ќе се одржи во Софија во ноември во рамките на Берлинскиот процес со кој оваа година копретседаваат Бугарија и Македонија.

Лидерите на Србија, Албанија и Македонија се согласија дека е многу важно сите шест земји од Западен Балкан да учествуваат во иницијативата за регионална соработка и во таа насока денеска и официјално го поканија Косово да се приклучи на иницијативата и како резултат на рамката поставена на самитот во Вашингтон во септември годинава меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти.

Претседателот Вучиќ, и премиерите Рама и Заев, исто така се согласија да формираат постојана работна група од претставници на сите земји од иницијативата за да се забрза спроведувањето на договорените активности во рамките на регионалната соработка.

Лидерите на Србија, Албанија и Македонија, учесници на денешната онлајн средба, се согласија дека иницијативата за регионална соработка е добра основа за идентификување на заеднички инфраструктурни проекти за развојната агенда на регионот кои можат да бидат опфатени со Економско-инвестицискиот пакет на ЕУ за Западен Балкан што неодамна го усвои Европската Комисија.

Тројцата лидери изразија надеж дека наскоро и Црна Гора и Босна и Херцеговина ќе се приклучат на иницијативата со што ќе се постигне подобра и посеопфатна економска соработка помеѓу сите држави во регионот.

Тројцата лидери се согласија за отворени граници без ПЦР тестови почнувајќи од понеделник (02.11.2020 година), а во меѓувреме во пресрет на состанокот во Софија ќе се работи на продлабочување на соработката во јавното здравство и меѓусебната помош.

Промовирани огласи »

Синдикатот за образование и наука, СОНК, бара Министерството за образование и наука да ја преиспита одлуката за настава со физичко присуство, односно да им овозможи на наставниците кои се од ризичните групи граѓани да ја изведуваат наставата од дома. „Хронично болни наставници секојдневно до работа патуваат со автобус и се изложени на огромна опасност од заразување, особено постарите наставници“, вели Јаким Неделков од СОНК.

Овој Синдикат бара од директорите, по барање на наставниците да им дозволат да работат од дома и во октомвриската плата која треба да ја добијат на почетокот на ноември, да бидат пресметани дополнителните часови.

„Сите паралелки кои бројат над 20 ученици, мора да се поделат на две групи, што значи удвојување на работата на наставниците. Бараме од директорите оваа дополнителна работа да ја пресметаат и да ја стават во вид на додаток на плата, поради прекувремената работа“, вели Јаким Неделков од СОНК.

Тој тврди дека постои таков основ во Законот за работни односи и општиот колективен договор.

„ Од терен имаме информации дека одредени директори не сакаат да го спроведат Законот и колективниот договор, тврдат дека немало зголемен обем на работа, други општини и училишта велат дека немаат пари, а трети дека ќе дале слободни денови како надомест за зголемената работа. Се ова е неприфатливо за нас и бараме да им се исплатата додатоци на плата на овие вработени“, вели Неделков.

Тој им препорача на наставниците кои имаат зголемен обем на работа да се обратат до директорот преку архивата и да ги побараат своите права, а доколку добијат негативен одговор ќе следува обжалување до училишниот одбор, а потоа и тужба.

Промовирани огласи »

Сите оние кои со нетрпение го очекуваа пристигнувањето на новите и најмоќни iPhone телефони, од денес ќе можат да направат преднарачка на iPhone12 Pro и iPhone12 на 24 рати БЕЗ камата на haPPy цените во сите НЕПТУН продавници ширум државата и онлајн на https://www.neptun.mk/.

Со прекрасен и комплетно нов дизајн, iPhone12 Pro и iPhone12 се одликуваат со супер нови системи на камера, Super Retina XDR OLED дисплеj и Dolby Vision систем за снимање на видео. Имаат најголема Ceramic Shield заштита и A14 Бионички чип - најбрз чип изработен за смартфон.

Понудата на НЕПТУН за 24 рати без камата на haPPy цени е со ограничени количини и важи само за оние кои ќе направат преднарачка најдоцна до 05.11.2020. А со новиот iPhone, првото селфи ќе може да го направат веќе на 6-ти ноември. Дојдете во НЕПТУН, нарачајте си и бидете меѓу првите со нов iPhone12!

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »