Промовирани огласи »

Грција ја продолжи забраната за влез на македонските граѓани

Грција ја продолжи забраната за влез на Македонци

Одлуките за привремено ограничување на копнените граници со Македонија, Албанија и на Турција, како и за забраната за влез на државјани на трети земји, Грција ги продолжи до 8 ноември откако претходно важеа до 25 октомври.

Станува збор за министерски одлуки, кои во изминатите месеци се продолжуваа на секои две седмици.

Инаку, последниве денови во Грција короната експлодира, па дневно има речиси по илјада заразани. Затоа се воведе дополнителни мерки, вклучително и полициски час во Атина и Солун. Секаде во земјата е задолжително да се носи маска, и во затворени простории и на отворено. Дозволено е да се собираат до 100 лица за зони на ниво 1, до 50 лица за зони на ниво 2 и до 9 лица за зони на ниво 3.

Воведено е ограничување за пополнување на капацитетот на театрите, кината и концертните сали – 65% за областите на ниво 1; 50% за зони на ниво 2 и 30% за зони на ниво 3.

За барови и ресторани – 80% за ниво 1; 65% за ниво 2 и 50% за ниво 3. Забрането е да има луѓе кои стојат.

Од почетокот на пандемијата во Грција регистрирани се 564 смртни случаи. Во моментов 91 лице е на интензивна нега.

Промовирани огласи »

Ќе се менува Законот за работни односи за да нема фиктивни откази

За да се стави крај на манипулациите од газдите

Министерството за труд и социјална политика подготвува нов Закон за работни односи, за спорните спогодбени откази, според кој нема да може да има фиктивна спогодба направена од несовесен газда, објави Алсат.

Во случај на таков отказ, работникот не може да добие помош од државата при пријавување во Агенцијата за вработување, особено што имало случаи кога уште во моментот на вработувањето работникот потпишува празен лист, кој потоа фирмата го искористила за лажен спогодбен отказ.

„Спогодба треба да се потпишува на денот на престанокот на работниот однос и истата да содржи своерачно напишано име и презиме на работникот и работодавачот, своерачно напишан датум на престанокот на работниот однос од работникот и работодавачот и своерачни потписи на работникот и работодавачот“, велат од Министерство за труд и социјална политика.

Спогодбата ќе мора да содржи и одредба за последиците кои ќе настанат за работникот околу правата за осигурување во случај на невработеност. 

Промовирани огласи »

Повеќе нема да се доделуваат субвенции за инвертери – исполнета квотата од 5.000 барања

Град Скопје ги информира граѓаните дека е исполнета предвидената квота за субвенции.

Субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата повеќе нема да се доделуваат бидејќи е исполнета квотата од пет илјади апликации колку што се бараше со јавниот повик што го распиша Град Скопје на 3 јули годинава.

– Ги информираме граѓаните дека е исполнета предвидената квота за субвенции, па барања од граѓаните за субвенции за инвертери повеќе нема да се примаат. Според условите во повикот, на граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер клима уред, но не повеќе од 62.000 денари во нето износ. На овој повик граѓаните аплицираа онлајн. За граѓаните коишто аплицирале за субвенции за инвертери и ги исполнуваат условите во тек е процесот на предавање на старите печки кои користат нееколошки енергенси во замена за инвертер клима уреди за затоплување – информираат од Град Скопје.

Во наредните две години, согласно со условите од јавниот повик, градската или државната инспекција може да врши инспекциски надзор на лицата што добиле субвенција, за да се види дали навистина ги користат инвертерит,е или е направена измама, за што ќе биде поведена постапка за враќање на финансиските средства.

Во Буџетот на Град Скопје за 2020 година за оваа намена беа предвидени 322 милиони и 400 илјади денари, обезбедни од Владата и со овие средства се очекува замена на некаде околу 5.000 печки со инвертери, односно околу 5.000 оџаци помалку во скопската котлина.

Целта на доделувањеto субвенции за набавка на инвертери е да се придонесе за намалување на аерозагадувањето во Скопје преку намалување на бројот на оџаци кои чадат заради загревање на домовите во текот на грејната сезона, односно во зимскиот период.

Промовирани огласи »

До 10.000 евра казни за газдите кои ќе си го присвојат државниот минималец

Овојпат Владата ги стегна критериумите

Газдите кои ќе го присвојат минималецот добиен од државата за исплата на плати на работниците ќе заработат казна до 10.000 евра. Освен ова тие и кривично ќе одговараат.

Откако еднаш се „изгоре“ сега Владата одлучи да ги стегне критериумите за државната помош за компаниите со четвртиот пакет антикризни мерки. За најмалите микро-фирми казната е од 500 до 1.000 евра, а 10.000 е за големите компании кои нема да ја исплатат на работниците целата сума која ја добиле од државата. Законот вчера го усвои Владата. А помошта варира во зависност од тоа колку кризата го погодила бизнисот.

ФИРМИТЕ КОИ ИМААТ НАМАЛЕН ПРИХОД ОД 30% ДО 40%, ЌЕ ДОБИЈАТ ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ДО 14.500 ДЕНАРИ ПО ВРАБОТЕН; ЗА НАМАЛЕН ПРИХОД ОД 40,01% ДО 50% ПРЕДВИДЕНИ СЕ ДО 15.955 ДЕНАРИ ПО ВРАБОТЕН, А ЗА ПАД ОД НАД 80% ЌЕ ИЗНЕСУВА ДО 21.776 ДЕНАРИ ПО ВРАБОТЕН- СООПШТИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ.

По критиките во јавноста, од 70-те милиони евра од Буџетот за исплата на октомвриската, ноемвриската и декемвриската плата, пари нема да има за компаниите кои во последните три години имале профит над 10 милиони евра.

Скандалот пак со злоупотребите на претходната државна помош извади на површина стотици газди кои државните пари за исплата на минималец на работниците си ги ставале во џеб. Откако Владата неколку пати им прогледуваше низ прсти и им оставаше простор да платат, околу 240 газди ги исплатија парите, а на списокот останаа околу 340 кои злоупотребиле 180.000 евра од државниот минималец. Владата испрати список со фирми до Обвинителството и побара газдите кривично да одговараат. Од Обвинителството се уште истражуваат и детали не откриваат.

ПРЕДМЕТОТ Е ВО ПРЕДИСТРАЖНА ПОСТАПКА. НАДЛЕЖНИОТ ОБВИНИТЕЛ ГИ ПРЕЗЕМА СИТЕ НЕОПХОДНИ МЕРКИ ЗА РАСВЕТЛУВАЊЕ НА СЛУЧАЈОТ. ВО ИНТЕРЕС НА ПОСТАПКАТА ВО МОМЕНТОВ ОБВИНИТЕЛСТВОТО НЕ МОЖЕ ДА СПОДЕЛИ ДЕТАЛИ.- ОДГОВОРИЈА ЗА ТЕЛМА ОД ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО ЗА ГОНЕЊЕ НА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ И КОРУПЦИЈА.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска предупреди дека законот за субвенционирање на платите не е стигнат во собрание. Потпретседателот и актуелен пратеник Александар Николоски изјави дека тој не може да се изгласа за пет дена што значи дека компаниите нема да ја добијат финансиската поддршка за октомври. Дека компаниите нема на време да ја добијат помошта предупредија и бизнисмените. Но заменик министерот за финансии Димитар Ковачевски, смирува дека помош ќе има.

ГРАЃАНИТЕ НЕ ТРЕБА ВООПШТО ДА СЕ ГРИЖАТ И КОМПАНИИТЕ ВО ОДНС НА ТОА, ВО ОДНОС НА ИСПЛАТИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ КАКО ЗА ПОДДРШКАТА НА ГРАЃАНИТЕ, ТРАНСФЕРИТЕ КОН ПЕНСИСКИТЕ, СОЦИЈАЛНИТЕ, ЗДРАВСТВЕНИТЕ ФОНДОВИ И ПОДДРШКАТА НА КОМПАНИИТЕ“ – ИЗЈАВИ КОВАЧЕВСКИ.

Вчера заврши амандманската расправа за вториот ребаланс на Буџетот, а во вторник тој е на собраниска седница. Со ребалансот се предвидени парите за помош на стопанството,а пратениците ќе треба да го изгласаат и Законот за финансиска помош, за фирмите да можат да ги добијат парите до 15 ноември, до кога треба да ја исплатат октомвриската плата.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »