Промовирани огласи »

КОВИД-19 во Македонија удри по работните места, најмногу невработени се жени

Колку луѓе останаа без работа?

Жените полесно ја губат работата во кризни времиња бидејќи работат на несигурни и пониско платени работни места. Жените почесто работат на понесигурни работни позиции и имаат договори на определено време, што ги прави поподложни на губењето на работата, особено сега за време на корона кризата.

Според податоците на Агенцијата за вработување до 31.03.2020 имало 52.331 невработени жени, додека пак до 31.08.2020 се 71.574. Односно за период од 31.03.2020 до 31.08.2020 без работа останале 19.243 жени. Што е доста голема бројка за Република Македонија.

Ковид најсилно удри во Штип

Речиси и да нема работници кои нема да ги почувствуваат последиците од пандемијата на коронавирус, но се чини дека барем засега текстилните работнички се изложени на најголем удар, велат во Хелсиншкиот комитет на Македонија. Работниците во земјава во изминатите неколку месеци се соочуваат со губење на работните места, намалување на платите, кршење на работничките права, но во текстилниот сектор има и изразено загрозување на здравјето и безбедноста на вработените поради непочитување на мерките за заштита од коронавирусот.
Во општина Штип според податокот од 31.03.2020 невработени жени имало 1.290, додека пак според последните податоци евидентирани на 31.08.2020 се 1.934. Односно во рок од неколку месеци без работа останале 644 жени.

Голем број текстилни работнички беа превезувани во автобуси на начин на кој беше прекршувана уредбата за организирање на јавниот транспорт, односно не можеа да држат растојание во автобусите, дел од нив немаа заштитни маски, па тука беше речиси сигурно дека ќе почне да се шири вирусот, затоа што оваа уредба не беше почитувана. Понатаму, на самите работни места имавме доста поплаки дека текстилните работнички работат во услови коишто значат непочитување на мерките за заштита од коронавирусот на работни места, во смисла на одржување физичка дистанца на работните места, работа во дезинфицирани услови, како и добивање на заштитна опрема од страна на нивните работодавачи – вели Игор Јадровски од Хелсишински Комитет за Радио слободна Европа.

Најпогодени возрасти

Според податоците на АВРМ, најголем дел од оние кои ја изгубиле работата во земјава поради КОВИД-19 биле со основно или средно образование, а најпогодени сектори биле преработувачката индустрија, трговијата на големо и мало, како и угостителско-туристичкиот сектор. Најголем дел од оние кои изгубиле работа во овој период, односно скоро половина, биле вработени на определено време.

На ниво на држава, жени на возраст од 20 до 24 години до 31.03.2020 имало 4.721 невработени. А, до 31.08.2020 има 7.011. Односно за период од 31.03.2020 до 31.08.2020 има 2.290 невработени на возраст од 20 до 24 години.

Додека пак жени на возраст од 45 до 49 години до 31.03.2020 имало 5.891 невработени. А, до 31.08.2020 има 8.123. Односно за период од 31.03.2020 до 31.08.2020 има 2.232 невработени на возраст од 45 до 49 години.

Жени на возраст од 50 до 54 година до 31.03.2020 година имало 6.423 невработени, додека пак до 31.08.2020 изнесува 8.506. Односно од период 31.03.2020 до 31.08.2020 жени на возраст од 50 до 54 години останале 2.803 жени без работа на ниво на држава.

Стапката на невработеност, за време на кризата ќе ја држиме стабилна, а по нејзиното завршување ќе продолжиме да ја намалуваме за 3% годишно како што тоа го правевме во изминатите 3 години. Конечна цел е – едноцифрена стапка на невработеност до крајот на мандатот на новата влада предовдена од СДСМ, пишува во соопштението на СДСМ објавено пред неколку дена.

А, пак во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од пред неколку дена пишува: Заев не одговори зошто има над 40.000 граѓани невработени.Заев не одговори зошто Македонија има пад на БДП на -12.7%.Заев не одговори зошто над 500.000 граѓани живеат со 50-тина денари дневно и се на раб на егзистенција!

Во Македонија невработеноста расте рапидно и најпогодени се жените, а тоа не може да се сокрие, го потврдуваат и податоците од АВРМ.

Промовирани огласи »

ВОДЕЊЕ БИЗНИС: Maкедонија си ја влоши позицијата

Паѓаме на листата

Нашата земја има пад од 5 места на ранг листата за водење на бизнис. 

Ова е наведено во извештајот на Европската комора. Во игра беа 46 европски земји, а Македонија се наоѓа близу кон дното, на 36 место.

„Македонија со најзабележителен пад на климата за водење бизнис од земјите во Европа – 5 места подолу на ранг листата во споредба со 2019та година, на 36то место од ранг листата на 46 земји!, пишува на Фејсбук, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

Најдобро котираат скандинавските земји. 

Први на листата се Данска, Шведска, Норвешка и Финска. 

Зад нив се Швајцарија, Британија и Германија. 

Промовирани огласи »

Заборавете на патување во Грција до 12 октомври

Нема патување

Maкедонските граѓани засега нема да можат да патуваат во Грција

Границата со јужниот сосед ќе биде затворена до 12 месецов. 

Двете министерски одлуки кои се однесуваат на привремено ограничување на копнените, морските и авионските поврзувања  и на забраната за влез на државјани на трети земји, Грција ги продолжи до 12 октомври, јави дописничката на МИА од Атина.

За туристите и странските државјани за кои не постои забрана, дозволен е влез само преку Бугарија. Тие можат да патуваат преку граничниот премин Промахонас (Кулата), но  само со негативен молекуларен тест за Ковид-19 направен до 72 часа пред пристигнувањето.

Од останатите гранични премини што се отворени, односно Какавија и Кристалопиги кон Албанија, Евзони (Богородица) кон Македонија, Нимфеа кон Бугарија и Кипи кон Турција, влезот во Грција е дозволен само за одредени категории и  со негативен ПЦР тест.

Забраната не важи: за грчки државјани, за лица кои имаат дозвола за престој и живеат во Грција, за влез на лица од апсолутно неопходни професионални или медицински причини за што ги имаат и потребните документи, како и за транзит на болнички возила кои од Косово преку Македонија одат во Грција за хоспитализирање на пациенти кои припаѓаат на дипломатскиот, воениот или административниот персонал на земјите членки на ЕУ и EULEX на Косово.

Во Словенија пак можеме да патуваме, но со корона тест кој не е постар од 48 часа. 

Министерот за здравство, Венко Филипче деновиве соопшти дека со земјите од регионот се разговара за патување без негативни тестови. 

Промовирани огласи »

Целиот четврти сет мерки чони 470 милиони евра, а од нив 160 милиони евра се директна фискална импликација, било преку зголемени расходи, или намалени приходи, или одложени приходи. 

„Дел од тие пари ќе се обезбедат со ребалансот и веќе во Финансии работиме со другите министерства за одредени кратења, а дел од нив ќе се врати со пакетот на мерки во буџетот. Дефицитот ќе се зголеми и ќе се зголеми и јавниот долг“, рече денеска пред банкарите министерот за финансии Фатмир Бесими.

Баните ќе бидат директно вклучени на проектот кој го работиме со Развојна банка за линијата од 100 милиони евра, како и делот од ЕУ од 31 милиони евра, кои ќе бидат бескаматни кредити и грантови. 

„Одиме со измена на Законот на банка за развој, во смисла на банкарската гаранција. Со фонд од 10 милиони евра преку банката за развој ќе се обезбедат банкарски гаранции за дополнителни кредити обезбедени од комерцијалните банки. Треба да се изработат и пуштат во употреба новите картички за еднократна помош на повеќе категории погодени од КОВИД-19 како што се невработени односно тие кои изгубиле работа, самохрани родители и други кои ќе се издаваат преку банките. Не очекува и викенд без ДДВ како и повеќе даночни олеснувања. Работиме со ЕУ и Светска банка за воспоставување на интегриран систем за буџетско планирање и реализирање управување со јавниот долг и долгорочно стратешко паметно планирање“, најави првиот финансиер.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »