Октомври ни носи два неработни дена и тоа двата се споени викенди.
Едниот се паѓа на 11 октомври, додека другиот е на 23 октомври.
За сите граѓани на РМ 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден;

23 октомври (петок), Ден на Македонската револуционерна борба;
8 декември (вторник), Св. Климент Охридски;
За граѓаните од католичка вероисповед 1 ноември (недела), Празникот на сите светци; 25 декември (петок), првиот ден на Божиќ;
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ 22 ноември (недела), Ден на албанската азбука;
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ 28 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур;
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ 28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците;
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ 21 декември (понеделник), Ден на наставата на турски јазик.