Промовирани огласи »

Дали знаете кои се најчестите презимиња во Македонија?

Според страницата на Forebears ова се 10 најчести презимиња во Македонија

Ако сте љубопитни да истражите повеќе информации за своето презиме или кои се најраширени презимиња во светот сега имате нова алатка на располагање.

Страницата Forebears собира генолошки податоци од бројни историски книги од цела низа земји, а потоа собраните податоци ги класифицира по мапа на светот. Така можете да откриете дека најчестото презиме на светот Ванг, го имаат преку 76 милиони. Нема да се изненадите од информацијата дека најмногу Ванговци се наоѓаат во Кина.

Всушност од 10 најчести презимиња во светот дури седум се од Кина, а преостанатите три се од втората најмногубројна земји на светот-Индија.

Можно е да извадите податоци и за земјите од регионот.

Според страницата на Forebears ова се 10 најчести презимиња во Македонија:

1. Стојановски

2. Николовски

3. Стојановска

4. Трајковски

5. Јовановска

6. Петровски

7. Јовановски

8. Николовска

9. Ивановски

10.Трајковска

Промовирани огласи »

Видео: Системот за препознавање на лица на Galaxy S8 измамен само со слика

Сепак, се чини дека третата заштита е најслаба бидејќи iDeviceHelp направија тест и само со слика успеаја да го измамат софтверот за препознавање на лица

Новиот Galaxy S8 се промовира како најбезбедниот смартфон на сите времиња бидејќи корисникот може да се заштити со скенерот за отчитување на отпечатоци од прст, Ирис скенерот за рожницата од окото, како и софтвер за препознавање на лица.

Сепак, се чини дека третата заштита е најслаба бидејќи iDeviceHelp направија тест и само со слика успеаја да го измамат софтверот за препознавање на лица. Се чини дека оваа опција ќе биде најмалку корисна во осигурување на идентитетот на корисникот, па затоа се препорачува да се користи скенерот за очи и прсти.

Видео: Системот за препознавање на лица на Galaxy S8 измамен само со слика

Промовирани огласи »

Укинат најкраткиот меѓународен лет

Укинат е осумминутниот лет меѓу Германија и Швајцарија

Укинат е осумминутниот лет меѓу Германија и Швајцарија, најкратката редовна меѓународна линија.

Рутата што ги превезуваше патниците преку езерото Костанца на летот меѓу Алтераин во Швајцарија и Фридрихшафен на југот на Германија беше воведен во ноември минатата година.

Како што соопштија властите на аеродромот во Фридрихшафен, виенската воздухопловна компанија People’s Viennaline ја укинува линијата на 14 април поради малата побарувачка.

Борците за заштита на околината го критикуваа овој мини лет како бесмислен извор на загадување.

Промовирани огласи »

Паѓа бројот на блокирани фирми, расте бројот на блокирани граѓани

Се повеќе расте бројот на блокирани граѓани

На крајот од 2016 година, бројот на трансакциски сметки, коишто се во сопственост на 1.725.891 депонент изнесуваше 3.865.479 и оствари годишен раст од 1,2%, покажуваат најновите податоци на Народната банка.

Притоа, бројот на сметките на физичките лица изнесува 3.672.384 и бележи годишен раст од 1,7%, додека намалување е забележано кај сметките на правните лица за 6,4%, на годишна основа. Така, бројот на сметките на правните лица во Република Македонија изнесува 193.095, а тие се во сопственост на 118.787 депоненти правни лица.

„Бројот на блокирани сметки на крајот од 2016 година што се во сопственост на 117.602 блокирани депоненти, изнесуваше 244.049 (или 6,3% од вкупните трансакциски сметки) и оствари годишен пад од 2,1%. Намалувањето на блокираните сметки се должи на намалениот број на блокирани сметки на правните лица (53.656 на крајот на 2016 година што се во сопственост на 35.339 блокирани депоненти, наспроти 68.836 блокирани сметки на правните лица во 2015 година), коишто на годишна основа бележат голем пад од 22,1%.

Големиот пад на блокираните сметки на правните лица е прво вакво придвижување по појавата на глобалната криза во 2009 година и следува по период на речиси постојан раст на бројот на блокирани сметки“, соопшти НБРМ.

Бројот на блокирани сметки на физички лица (190.393) што се во сопственост на 82.263 блокирани депоненти физички лица е зголемен за 5,8% во однос на истиот период од претходната година.

„Сепак, за 2016 година карактеристично е значително забавување на растот на блокираните сметки на физичките лица, во споредба со претходните две години кога беа забележани двоцифрени стапки на раст на блокираните сметки (од 35,4% и 19,1% во 2014 година и 2015 година, соодветно)“, се вели во извештајот на НБРМ.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »