Укинување на сегашното право заминувањето во пензија да се одложи до 67-годишна возраст, најави премиерот Зоран Заев. Во Собранието тој изјави дека уште во првите сто дена од мандатот на новата Влада ќе се донесе закон со кој пензионирањето ќе биде задолжително на 64 години за мажи и на 62 години за жени. Оние кои ќе сакаат ќе можат да се пензионираат и пред време и тоа пет години, но пензијата ќе им биде помала.

Според тие најави лицата кои се пензионираат годинава ќе бидат последните кои ќе ја искористат можноста во пензија да одат на 67 години.
-Законот ќе биде изгласан во првите сто дена, а ќе биде со важност од 1 јануари следната година. Тоа значи задолжително пензионирање на 64 години за мажи и 62 години за жени. Исклучок од тоа ќе бидат здравствените работници, лекарите и медицинските сестри и вработени во високото образование кои се навистина дефицитарни кадри, истакна старо-новиот премиер.
Досега само со поднесување писмено барање до работодавецот, најдоцна до 31 август во годината пред остварување на правото на пензија работникот, можеше да си го продолжи работниот однос за една година. Такви барања кои работодавецот мораше да ги прифати, вработените можеа да понесуваат секоја година сè додека не наполнат 67 години.
Од друга страна, новиот закон ќе биде поволен за оние кои едвај чекаат да се пензионираат.
– Ќе овозможиме флексибилен пензиски систем со воведување можност за предвремено пензионирање до максимум пет години пред остварувањето на правото на пензија, со пропорционално намален износ на редовната пензија, стои во програмата за работа на новата Влада.
Заев уверува дека Фондот за пензиско и инвалидско осигурување може да го издржи тоа.
-Фондот за пензиско осигурување е во добра кондиција, приходите се до осум проценти зголемени во корона-кризата. Пред кризата приходите растеа 12 до 13 проценти. Фондот сега е стабилизиран, истакна тој.
Тој вели дека за сите економски мерки ќе бидат консултирани синдикатите, работниците и коморите.
Исто така, најавено е зголемување на минималната пензија од нешто помалку од 9.000 денари на најмалку 10.700 денари.