Уште последниот месец во кој граѓаните не треба да ги плаќаат замрзнатите кредити. Од октомври секој од граѓаните кои има кредит, а кои не го плаќаше поради корона кризата до сега, ќе треба да се врати на старата обврска. Дали ќе има можност за продолжување на пролонгираната отплата? Сите опции се отворени - гуверенерката Анита Ангеловкса Бежоска во интервју за вечер вели дека наскоро ќе се донесе и конечениот став.

„Постојано го следиме развојот на случувањата и притоа, секако, подготвени сме соодветно да ги приспособуваме политиките и навремено да реагираме во согласност со нашите надлежности. Во тек се анализи, врз основа на кои наскоро ќе се заземе став по однос на ова прашање, водејќи сметка и за потребите на граѓаните, и за стабилноста на банкарскиот систем, вели Ангеловска Бежоска.
Почнувајќи од април годинава, македонските граѓани кои изразија таква желба, а тоа беа дури 70 отсто од кредитокорисниците, беа ослободени од плаќање на ратите и каматите за своите кредити кон банките. За периодот во кој не плаќаа ќе им се пресметува камата.