Промовирани огласи »

Нина Ангеловска, министерката за финансии, доцна синоќа објави дека се прифатени дури 5.000 приговори за домашната платежна картичка испратени од средношколци и студенти, односно млади лица од 16 до 29 години. Заедно со претходно усвоените приговори, досега вкупно се прифатени 7.000 приговори.

Ваквиот одговор на Ангеловска доаѓа одкако до вчера голем број од средношколците, и студентите реагираа дека немаат добиено одговори дали ќе видат прифатени нивните приговори за државните платежни картички од третиот сет на економски мерки против корона-кризата.

„Во текот на утрешниот ден овие лица ќе бидат додадени на листата на kupuvandomasno.gov.mk и нивните платежни картички ќе почнат да се печатат“, напиша министерката на својот профил на „Фејсбук“.

Ангеловска најавува дека во текот на следните неколку денови се очекува да финализира проверката за евентуално дополнителни прифатени приговори.

„До крајот на неделата треба да се завршат сите проверки на сите приговори вклучително и проверките од УЈП, МТСП, АВРМ и ФЗОМ со што ќе се затворат сите поднесени приговори и ќе информираме за вкупната конечна бројка на прифатени приговори.

Сите кои ги исполнуваат условите ќе добијат домашна платежна картичка“, уверува Ангеловска.

Промовирани огласи »

Сабота и недела неработни, породилно отсуство една година и зголемување на минималната плата, бара ССМ

ССМ бара сабота и недела да се неработни, породилно отсуство од 1 година, зголемување на минималната плата

Сојузот на синдикати на Македонија денеска преку соопштение излезе со неколку барања и укажувања кои, како што вели, ќе бидат почетна основа за преговори со социјалните партнери и од кои нема да отстапи без оглед на тоа кој ќе ја формира новата Влада.

ССМ предлага во новиот Закон за работни односи да бидат прогласени сабота и недела за неработни денови, породилното отустсво да биде 12 месеци, а договорите на определено време да се користат само во исклучителни услови и да бидат со траење до една година. Се предлага и работодавецот во рок од 30 дена по доставен писмен предлог од Колективниот договор да ги започне преговорите.

Синдикатот бара и воведување на бенифициран стаж за градежните работници и за оние работници кои работат во тешки услови кои влијаат штетно на здравјето, како и пензија по дејности односно со закон да се предвидат едни услови за пензионирање на пример за градежен работник, текстилен работник или рудар од оној работник кој работи во администрација.

Дел од предлозите се и старосна пензија по работен стаж, односно 35 години работен стаж за жена и 40 години за маж, без оглед на годините на возраст, како и право на работникот на предвремена пензија која би се остварила под услови возраст од 60 години со минимум работен стаж од 15 години. Се предлага и неполна старосна пензија по возраст, односно да им се овозможи на работниците сами да го платат придонесот за пензиско и инвалидско осигурурвање доколку го немаат исполнето условот од минимум 15 години работен стаж.

Од ССМ сметаат дека постои реална потреба и за зголемување на минимналната плата најмалку 60 проценти од просечната плата во државата и заболувањето од КОВИД 19 кај сите работници да се третира како професионална болест со право на 100 проценти надомест на плата.

Промовирани огласи »

Италија ја затвори границата за Македонците

Италија забрани влез за државјани од 13 земји, меѓу нив и Македонија

Се зголемува листата на држави кои го забрануваат влезот на македонските државјани во нивната земја.

Последната во низата е Италија која ги затвори своите граници за 13 земји, а меѓу кои е и Македонија, а ги сметаат најризични места за ширење на коронавирусот.

Забраната за влез во Италија и на Ерменија, Бахреин, Бангладеш, Бразил, БиХ, Чиле, Кувајт, Молдавија, Оман, Панама, Перу и Доминиканската Република, објави министерството за здравство.

Епидемијата е глобално во најакутна фаза. Не можеме да ја загрозиме жртвата која Италијанците ја поднесоа во последните месеци – рече министерот за здравство Роберто Сперанза.

На граница ќе се блокираат и луѓето кои биле или транзитираат низ тие земји во последните две недели, додаде тој. Суспендирани се и директните и индиректните летови со тие држави.

Промовирани огласи »

Новите автобуси на течен нафтен гас кои ги купи Град Скопје од утрово се пуштени во сообраќај од страна на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП).

Станува збор за првите седум од 33-те нови автобуси кои пристигнаа во Скопје на крајот од мај.

Станува збор за автобуси на гас, за кои тендерот го доби „Ауто Хрватска ПСЦ“.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »