Промовирани огласи »

ЈСП: Од утре нема да важи бесплатниот јавен превоз за возрасни лица

Од утре нема бесплатен автобуски превоз за пензионерите.

ЈСП Скопје информира дека од утре, вторник (2.06.2020 год) нема да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица (жени со/над 62 год, мажи со/над 64 год) во вторник, петок, сабота и недела.

ЈСП апелира на рационално користење на превозот и на задолжително носење на заштитна опрема согласно уредбите за заштита од Ковид 19.

Промовирани огласи »

Петок 5 јуни пред Духовден неработен за граѓаните од православна вероисповед

Петок неработен ден за православните верници

Петок пред Духовден, 5 јуни е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Од Министерството за труд и социјална политика информираат дека неработниот ден е согласно со Законот за празниците на РM.

Промовирани огласи »

Од полноќ нови цени на горивата

Ќе има ли ново зголемување на цената на горивата?

Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да го објави новиот ценовник за нафтените деривати што ќе биде во сила до следниот понеделник.

Минатата недела со одлука на Регулаторна, цената на бензинот Супер-95 се зголеми за 3 денари, Супер-98 и дизелот за 2,5 денари.

Промовирани огласи »

Црна Гора одлучи: Задолжителен карантин за македонските граѓани кои ќе влезат во земјата

Црна Гора ја врати Македонија на црната листа

Владата на Црна Гора ја отстрани од листата нашата земја од државите кои немаат потреба од државен карантин при влез на црногорско тло. Тоа се должи на зголемувањето на случаите на коронавирус во нашата земја.

Тоа ќе значи дека секој македонски државјанин кој ќе сака да влезе во Црна Гора, ќе оди во задолжителна 14-дневна изолација. До вчера не беше тоа случај.

Претходно и Хрватска не дозволи влез за наши државјани, а истото го најавуваат и некои други земји кои ќе прават црни листи на земји.

Во Црна Гора во моментов нема активен случај на Ковид-19.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »