Промовирани огласи »

Врз основа на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија, за мерката 2.1 Субвенционирање на плати, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, на ден 23.05. 2020 година се објавува:

ЈАВЕН ПОВИК / ИЗВЕСТУВАЊЕ до невработените лица

Се повикуваат невработени лица евидентирани во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот, односно:

долгорочно невработени лица (евидентирани како невработени лица повеќе од 12 месеци), млади лица до 29 години, лица постари од 50 години, лица корисници на гарантирана минимална помош, лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност, лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа, жртви на семејно насилство, лица со попреченост, жени припадници на ромската етничка заедница и на останатите етнички заедници, лица припадници на ромската етничка заедница, лица на кои им е решен статусот со лична документација, самохрани родители, родители на деца со пречки во развојот, родители на 3 и повеќе деца, родители на деца на улица, осудени лица по отпуштање од казнено поправна установа, бездомни лица, поранешни корисници на дро*а, лица со незавршено средно или пониско образование да се пријават во работните клубови на Центрите за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, каде редовно се евидентираат како невработени лица од 8.00 до 13.30 часот.

Секој работодавач што ќе вработи невработено лице од гореспоменатите целни групи ќе добие финансиска поддршка за исплата на бруто плата во износ од 19.000,00 денари, за период од 3, 6 или 12 месеци. Работодавачот може на работникот да му исплати и повисока бруто плата од субвенционираниот износ

Работодавачот е должен да го задржи лицето во вкупен работен период од: 9 месеци, за 3 месеци субвенционирање; 18 месеци,за 6 месеци субвенционирање; 24 месеци, за 12 месеци субвенционирање (за корисници на гарантирана минимална помош и Роми) и 30 месеци, за да користи 12 месеци субвенционирање.

Условите, правата и обврските поконкретно ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ, работодавачите и кандидатите.

Заинтересираните невработени лица можат да аплицираат се до исполнување на предвидениот опфат на корисници, односно до искористување на буџетските средства наменети за оваа мерка.

Детални информации можат да се добијат во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, контакт телефонот 02-3111-850 и веб страната www.av.gov.mk

Промовирани огласи »

Граѓаните кои живеат на територијата на Град Скопје, согласно констатираната состојба на зголемено аплицирање за лични документи, имајќи го во предвид фактот дека следува и период на годишни одмори, воведува ново работно време во седиштето на Одделението за управни работи во Скопје како и во неколку дисперзирани канцеларии на ниво на Град Скопје со цел да им овозможи на граѓаните навремен и ефикасен пристап до правото да поднесат барање за издавање на лични документи, соопшти МВР.

Граѓаните кои живеат на територијата на Град Скопје, согласно констатираната состојба на зголемено аплицирање за лични документи, имајќи го во предвид фактот дека следува и период на годишни одмори, воведува ново работно време во седиштето на Одделението за управни работи во Скопје како и во неколку дисперзирани канцеларии на ниво на Град Скопје со цел да им овозможи на граѓаните навремен и ефикасен пристап до правото да поднесат барање за издавање на лични документи, соопшти МВР.

Промовирани огласи »

Од петок повторно бесплатен автобус за пензионерите. 

„Ве информираме дека од петок (28.05.2020 год) продолжува да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица (жени со/над 62 год, мажи со/над 64 год) во вторник, петок, сабота и недела“, соопшти ЈСП.

ЈСП апелира на рационално користење на превозот и на задолжително носење на заштитна опрема согласно уредбите за заштита од Ковид 19.

Пензионерите во земјвава од поодамна се интересираа кога ќе продолжи да важи бесплатното возење во автобусите. Но, прашање е како метежот којби се создал во авобусите ќе влијае врз заштитата на населението од коронавирусот.

Промовирани огласи »

Владата на 57-мата седница, донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус, со која од 28 мај 2020 година може да отпочнат со работа кафетериите и угостителските објекти со посетители во отворените делови на овие објекти (тераси), со задолжително почитување на Протоколот за отворање и работа на кафетерии и на Протоколот за отворање и работа на угостителските објекти за исхрана, утврдени од страна на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.



Протокол за отворање и работа на угостителските објекти за исхрана утврдува дека работното време е ограничено од 08:00 часот до 22:00 часот, и се дозволува работа само на отворените делови од угостителските објекти за исхрана со послужување, кои се од три страни отворени со кровна конструкција.

Вработените во угостителскиот објект кои послужуваат задолжително носат заштитни маски и зачестено одржуваат  хигиена на раце, а се ограничува и бројот на гости, односно ќе се  послужуваат само гости кои може да седат или лица кои преку шалтер ќе подигнуваат нарачки, односно не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси.

Протоколот наведува дека е задолжително менаџирање на влегувањето на гостите за кое е потребно да се определи одговорно лице.

На отворениот простор за послужување на гости каде има поставено маси, да се обезбеди растојание од столче до столче од 1,5-2 метри со соседните маси во сите правци, а на една маса со четири столици може да седат и да се послужуваат максимум две лица, додека на една маса со четири столици може да се послужуваат четири лица доколку се од исто семејство.

Протоколот дозволува максимален број од 12 лица на споени маси заедно со задолжително растојание помеѓу секој гостин од 1.5 метри.

„Задолжително е поставување на дезинфекционо средство за раце на секоја маса, како и засилени внатрешни контроли на вработените лица за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување на храна од страна на одговорно лице. Се наложуваат засилени санитарно-хигиенски мерки, пребришување на масите со средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот при заминување на гостите од секоја маса, а на крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100)  или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.Протоколот утврдува дека е задолжително редовно одржување на тоалетите со водење на евиденција за спроведеното чистење и со употреба на наведените дезинфекциони средства.
Во тоалетите е забрането користење на сушачи за раце, а задолжително е користењето на хартиени бришачи за раце за еднократна употреба“, информираат од Владата.

Во оваа фаза протоколот забранува организирање на прослави (свадби, родендени, крштевки и слично. 

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »