Промовирани огласи »

Aмериканците погодени од кpизата земaaт пoвeќе пapи дома отколкy кога оделе на paбота

Милиони Американци ја изгубиле работата откако пандемијата на коронавирусот ја погодила оваа држава.

Сепак, тие можат да користат значајна финансиска заштита во текот на кризата.

Многу од нив всушност ќе добиваат повеќе пари од бирото отколку што изнесувале нивните плати. Меѓу нив има и такви кои ќе добиваат двојно повисоки износи од своите претходни плати.

Според анализата на Ноа Вилијамс, директор на Центарот за истражување на економијата на Висконсин на Универзитетот Висконсин-Медисон, околу 40 проценти од сите работници би можеле теоретски да заработат повеќе откако се невработени отколку што би заработиле ако се вратат на работа.

Законот, познат како “Cares”, го зголемил надоместот за невработените на неколку начини. Го зголемил неделниот надомест и го проширил бројот на луѓе кои може да ги примат парите.

Според законот, невработените примаат дополнителни 600 долари неделно, кои ги финансира сојузната влада.

Тоа се надополнува на надоместот за невработени кој секоја поединечна држава обично им го исплаќа на работниците, а чиј износ варира од држава до држава.

Просечен работник во повеќе од половина држави ќе заработи повеќе од невработеност отколку од својата претходна работа, покажува и анализата која ја спровел Ерни Тедески, економист од “Everscore ISI”.

Експертите пресметале дека, на пример, работниците кои се вработени во ресторани за брза храна, сега добиваат 219 проценти од платата, односно повеќе од двојно повеќе од што заработувале во просек додека работеле.

Нивните плати во просек биле 11 долари на час.

Просечен работник во угостителство и хотелиерство, кој заработувал 13,45 долари по час, сега ќе има 182 проценти од примањата, што е нешто помалку од двојно од времето кога работел.

Од друга страна, оние кои заработувале многу повеќе пред кризата, сега ќе имаат помалку пари во однос на својата редовна плата.

Целта на владата била, во просек, невработените работници да имаат исто пари како и во периодот кога работеле.

Додатокот од 600 долари неделно за невработените ќе трае до крајот на јули.

Од почетокот на кризата околу 33 милиони Американци се пријавиле во бирото.

Промовирани огласи »

Банкротираше една од најстарите авиокомпании во светот

Кризата ја погоди авио индустријата

До банкрот дојде по крајниот рок за исплата на обврзниците, а колумбиската влада не одговори на нивните барања за помош.

Ако не успее да излезе од банкрот, Avianca ќе биде една од првите најголеми превозници во светот што не успеа поради ситуацијата, пренесува Guardian.

Avianca не работи на редовни патнички летови од крајот на март, а повеќето од 20.000 вработени немаат добиено плата од почетокот на кризата. Претставник од компанијата рече дека компанијата сè уште се обидува да обезбеди државни заеми.

Промовирани огласи »

УЈП oбјави нова верзија на софтверот за субвенции за придонесите

Погледнете ја новата верзија

Врз основа на Уредба со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот covid-19, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година, работодавачот може да оствари право на финансиска поддршка во износ најмногу до 14.500 денари месечно по работник, согласно со работното време (полно или неполно работно време) на кое е пријавен работникот, намалено за работното време за кое се остварува надоместок на плата кој не паѓа на товар на работодавачот.

 
 

За остварување на правото работодавачот поднесува Барање за финансиска поддршка за исплата на плати за месеците април и мај 2020 година за секој месец поединечно, до Управата за јавни приходи.
Работодавачот со комплетно Барање (образец БФП-ИП), за работниците за кои побарува финансиска поддршка, во полето 3.4б. од МПИН образецот внесува шифра 5000. За внесување на шифрата 5000 во полето 3.4б од МПИН образецот, преземете ја новата верзија на клиентски софтвер (ТУКА).

Работодавачот НЕ може да користи финансиска поддршка за исплата на плати доколку користи ослободување од плаќање на данокот на личен доход и придонеси од задолжително социјално осигурување, согласно со Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност (за мерките од проектот „Македонија вработува“) и доколку вработува работник за дополнително работење, согласно со членот 121 од Законот за работните односи.
По обработката на МПИН образецот, Управата за јавни приходи го информира работодавачот за вкупниот износ на финансиска поддршка како и бројот на вработени лица, за кои се квалификувал за исплата на финансиската поддршка за соодветниот месец.
Управата за јавни приходи ја известува Владата на Република Северна Македонија за работодавачите кои ги исполниле условите за финансиска поддршка за исплата на платите, по што следи исплата на финансиската поддршка.
Работодавачите по прием на финансиската поддршка имаат обврска за исплата на платата за месецот за кој побарувале финансиска поддршка.

СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ИЗНОС ЗА ИСПЛАТА НА ПРИДОНЕСИ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ
Врз основа на Уредбата со Законска сила за субвенционирање на износ за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вонредна состојба, на работодавач, за секој осигуреник, за месеците април, мај и јуни 2020 година, му се субвенционира износ за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување во висина од 50% од пресметаните придонеси од задолжително социјално осигурување од страна на обврзникот, но најмногу до 50% од придонесите од задолжително социјално осигурување пресметани на просечната бруто плата по работник во Република Северна Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавена во месец јануари 2020 година.

За остварување на правото на субвенционирање, работодавачот со комплетно Барање за субвенционирање на износ за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување (образец БС-ПЗСО), до Управата за јавни приходи во Месечната пресметка за интегрирана наплата (МПИН образец), за осигуреникот за коj бара субвенционирање на плаќањето на придонеси во полето 3.23 внесува шифра 620.
Управата за јавни приходи, за осигурениците за кои е одобрено субвенционирање, го намалува износот на обврската за плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување за износот на одобреното субвенционирање на придонесите.
Субвенционирање на износот за исплата на 50% од придонесите од задолжително социјално осигурување согласно оваа уредба со законска сила, не може да се оствари доколку работодавачот користи финансиска поддршка заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година, освен работодавачите кои ги вршат дејностите наведени согласно со Националната класификација на дејности – НКД Рев. 2: угостителска дејност (шифра 56 – дејности за подготовка и служење на храна), туризам (шифра 79 – туристички агенции организатори на патувања (туроператори) и останати резервациски услуги како и дејностите поврзани со нив и шифра 55 – објекти за сместување) и транспорт (шифра 49 – копнен транспорт и цевоводен транспорт, шифра 50 – воден транспорт, шифра 51 – воздухопловен транспорт и шифра 52 – складирање и помошни дејности во превозот) кој за 2018 и 2019 година немаат искажано загуба после оданочување и немаат неплатени јавни давачки (данок на додадена вредност, данок на добивка, данок на личен доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, како и акцизи и царини) согласно со објавената Листата на должници на доспеани и неплатени долгови бр. 03/2020 објавена на веб страната на Управата за јавни приходи и заклучно со 29.02.2020 година не доцнел со плаќање на обврските по основ на кредити подолго од 90 дена од денот на достасаноста, согласно податоците за задолженост од соодветен регистар/биро.

Субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување согласно оваа уредба со законска сила не може да се користи истовремено за вработен за кој работодавачот користи субвенционирање согласно Законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата.
Износот на одобрените субвенции на придонеси во претходниот месец го уплатува Министерството за труд и социјална политика на посебни сметки за придонеси од задолжително социјално осигурување.

Ако работодавачот согласно условите од уредбата, покрај оваа мерка користи друга мерка за ослободување од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување и данок на доход за која се користи шифра во полето 3.23, тогаш работодавачот ја внесува шифрата за ослободување во полето 3.23 со податоците за пресметана плата, а за внесување на шифрата 620 во поле 3.23 се пополнува втор ред, со ист реден број како и првиот ред, се внесуваат основните податоци за лицето (ЕМБГ, име, презиме, општина), потоа шифрата за вид на стаж, шифрата 620 во поле 3.23, во полето 3.30 се пополнува истиот реден број и бројот на трансакциска сметка.

КОМБИНИРАЊЕ НА МЕРКИТЕ ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ИСПЛАТА НА ПЛАТИ И СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ИСПЛАТА НА ПРИДОНЕСИ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ
За комбинирање на мерките, работодавачите кои ги исполнуваат наведените услови, треба да имаат комплетно барање (образец БФП-ИП) и барање (образец БС-ПЗСО) за финансиска поддршка за исплата на плати и субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување и во МПИН образецот во полето 3.4б. од МПИН образецот внесува шифра 5000, а во полето 3.23 внесува шифра 620.

НАПОМЕНА: За користење на финансиска поддршка за исплата на плати или субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување, за вработени преку Приватна агенција за вработување, барањето го поднесува работодавачот корисник, додека МПИН пресметката се поднесува од Приватна агенција за вработување.

Препорака е поднесувањето на МПИН образецот од страна на Приватни агенции за вработување и работодавачи со поголем број вработени (над 400 вработени), да ги доставуваат МПИН обрасците на е-пошта на даночните службеници, за побрза обработка.

Линк до новиот клинетски софтвер: http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/81

Тагови: УЈП

Промовирани огласи »

Колона возила чекаат ред за полнење бензин по драстичниот раст на цените

Растат цените на нафтените деривати

Колони возила пред бензинските пумпи е денешната слика по драстичното зголемување на цените на горивата. На видеото кое го објави Делчево365 се гледаат десетици возила во Делчево кои чекаат на ред за полнење бензин. 

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 8,51%, одлучи РКЕ.

Согласно новиот ценовник, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемуваат за 3,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 04.05.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 54,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 56,00 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 45,50 ден/лит.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »