Промовирани огласи »

За точно и навремено информирање на граѓаните со официјални и проверени информации поврзани со справувањето со коронавирусот, Владата отвори нов информациски канал на поуларната апликација Вибер.

Првиот владин комуникациски канал на Вибер може да се најде под името „Коронавирус МК Koronavirus“.

Целта на новиот канал на Вибер е брзо, целосно и точно информирање на граѓаните за сите мерки за справување со коронавирусот од институциите, најнови информации од Министерството за здравство, како и помош на сите граѓани на кои им е потребна точна информација поврзана со ситуацијата.

Вибер e една од најкористените мобилни апликации за разменување на пораки во нашата земја, посочуваат од Владата, образложувајќи ја одлуката за креирање на ваква група.

Промовирани огласи »

Учениците во основното образование во кинескиот мегаполис Хангжу се вратија на училиште, со невообичаен додаток на нивната стандардна униформа: картонска капа со крила која ги потсетува дека треба да држат растојание едни од други.

Најдолгиот зимски одмор за основците во Хангжу заврши неделава, а едно од училиштата во градот, основното училиште Јангженг, на своите ученици веднаш им дало задача – самите да направат „метарски капи“, за да ги потсетуваат дечињата дека треба да останат на еден метар оддалеченост во секое време.

Промовирани огласи »

Дали знаевте дека пасошите ги има само во 4 бои?

Да, пасошите на сите земји во светот се црвени, сини, црни или зелени. Очигледно, овие бои доаѓаат во различни нијанси, но тоа не го намалува фактот што сите други бои се изоставени. И тоа не е сè. Секоја од овие бои има свое значење - политичко, географско, религиозно, итн. Да разјасниме.

Црвената е најчеста боја на пасош.

Сите детали на Машки Магазин

Тагови: Пасош

Промовирани огласи »

Микро и малите фирми кои се корисници на владините мерки за финансиска помош ќе можат да го намалат бројот на своите вработени до 15 отсто, средните до 10 отсто, додека пак големи до 5 отсто.

Ова денеска го истакна министерката за финансии, Нина Ангеловска на денешната прес конференција.

Првично беше укажано дека ако користи владина помош, работодавачот треба да го задржи истиот број на вработени два месеца по користење на мерката, односно до месец јули.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »