Промовирани огласи »

Луѓето кои се излекувани од новиот коронавирус можат да останат носители на Covid-19 и треба да бидат повторно тестирани, изјави вирологот и директор на Научно-истражувачкиот центар во францускиот град Безансон, Филип Имбер.

– Може да се излекувате од вирусот, но сѐ уште да го имате во носната шуплина и на тој начин да го ширите. Тоа се случува кај носителите на хепатитис Б и Ц. Ова значи дека може да имате антитела против вирусот, но во исто време и самиот вирус, истакна Имбер на брифинг на Асоцијацијата на странски дописници на ОН во Женева.

Според последните податоци на Светската здравствена организација, досега во светот има над 22.000 починати лица од новиот корона вирус.

Промовирани огласи »

Во врска со информациите кои кружат по порталите и социјалните мрежи, во однос на здравствените услуги и референтните цени на Фондот за здравствено осигурување, би сакале да Ве известиме за следното:

1. Во лабораториската дејност постојат повеќе различни техники за детекција на инфективни причинители како на пример:
– серолошки испитувања при кои се детектираат антитела кон причинителот на инфекцијата

– молекуларни испитувања при кои се детектира присуството на самиот
причините во овој случај вирусот

2. Соодветно на погоре наведеното и Фондот има формирано здравствени услуги за лабораториска дејност во зависност од техниката која се користи во здравствените установи кои имаат договор со фондот, а се однесуваат за инфекции со корона вирусот Covid-19
– лабораториски услуги за серолошки анализи на инфективните причинители
(ЕЛИСА, ИгМ или ИгГ) со референтна цена од 1.100 денари.
– лабораториски услуги за молекуларни анализи за инфективни причинители и истите во зависност од техниката (Полимеразно верижна реакција- PCR и
Мултиплекс PCR) и бројот на причинители (еден, повеќе или цел сет на вируси) кои истовремено се детектираат. Постојат повеќе различни лабораториски услуги со референта цена од 3.000 до 5.500 денари.

3. Во сумата на референтите цени се влезени сите трошоци за извршување на овие здравствени услуги, како што се труд на медицинскиот персонал, трошоци за медицински и друг материјал (тука влегуваат однапред спремени китови за детекција), трошоци за одржување на апаратите и просториите, како и режиските трошоци. Пр некои техники се користат само однапред спремени китови, а во други техники и покрај користењето на китови, потребни се други дополнителни активности за припрема за изведување на тестот.

Сите тие си носат соодветни трошоци.

4. Сите наведени цени се со партиципација според Одлуката за висина на учеството на осигурените лица во вкупните трошоци на здравствените услуги, а до Фондот се фактурираат без партиципација. Сите наведени цени се објавени во Службен весник бр.18 од 01.02.2013, а се во употреба од 09.02.2013.

5. Здравствените установи се одговорни при фактурирање до Фондот да ја избираат соодветната шифра, односно здравствена услуга со референтна цена во зависност од извршената услуга, во случајов лабораториска услуга извршена по соодветна техника и броја на.

6. Кој тип на тест и по која метода, е одобрен како дел од протоколот на СЗО за тестирање на инфекција од корона вирусот Covid-19, потребно е да се обратите до Комисијата за заразни болести, Институтот за јавно здравје или Министерството за здравство.

Промовирани огласи »

„Анима Мунди“, здружението за заштита на животните, побарала од Владата и Министерството за здравство да им се дозволи на граѓаните да ги прошетаат домашните миленици и истите да можат да ги извршат своите физиолошки потреби и по 21.00 часот, односно во периодот додека трае полицискиот час. Од таму сепак велат дека се уште не добиле никаков одговор за евентуалната можна отстапка од забраната за движење.

Многу повозрасни граѓани, кои неретко живеат сами, имаат миленици, кои поради извршување на физиолошки потреби мора да бидат прошетани неколку пати во текот на денот, не само наутро, а некогаш и подоцна од 21 часот, тврдат од „Анима мунди“. 

Од здружението велат дека се засегнати минимум 80 илјади сопственици на миленици и дека во овој период се бара дозвола во траење од барем 10 минути.

Исто така бараме јавно да биде соопштено од министерот за здравство, д-р Венко Филипче дека милениците и бездомните кучиња и мачки не го пренесуваат коронавирус (Ковид -19), како што соопштува Светската здравствена организација, со цел да се избегне создавање паника кај населението и непотребно дефокусирање од потребните мерки за справување со понатамошно ширење на вирусот, додаваат од таму.

Промовирани огласи »

Владата на денешната седница го утврди појаснувањето на одлуката за забраната на движење за време на викендите, поточно од овие одлуки и мерки ги исклучи земјоделците што одгледуваат раноградинарски култури и имаат неодложни активности во овој период.

„На оваа седница во врска со Одлуката за проширувањето на забраната за движење за време на викенд деновите во сабота и недела од 16:00 часот до 05:00 часот, е утврдено појаснување за ова ограничување, кое се однесува на земјоделците заради интензивирање на сезоната на земјоделски работи, особено во градинарските култури“, соопшти владината прес-служба.

Дополнително, оние земјоделци, фармери, сточари и други земјоделски работници кои преку подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе се пријават за добивање на дозволи за движење, ќе има бидат издаденни од МЗШВ преку Министерството за информатичко општество и администрација.

За ова, како што се појаснува во соопштението, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство треба соодветно да го информира земјоделскиот сектор.

Владата претходно одлучи да го прошири полицискиот час кој во работните денови трае од 21 часот до пет утрината, за викенд да биде од 16 часот до пет утрото. Дополнително, граѓаните над 67 години не смеат да се движат по 11 часот преку ден, а младите до 18 години пред 12 часот напладне.

Забраната за движење од 21 часот важи за сите возрасни групи. Владата објаснува дека овие забрани ги воведува во обид да го спречи ширењето на коронавирусот. До денеска во Македонија има 201 заболен од овој вирус, најмногу во Скопје, тројца починаа, а тројца се излекувани.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »