Откако деновиве беше објавено дека растат платите во Словенија, зголемување има и кај пензиите.

Пензиите во Словенија месецов ќе бидат за 3,2 отсто повисоки во споредба со минатиот месец, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Покачувањето е поради таканареченото порамнување, а Фондот за пензиско осигурување за оваа намена одвои 1.720.000 евра. Луѓето кои земаат пензија од 600 евра, овој месец ќе добијат 19,20 евра повеќе и нивната пензија ќе се покачи на 619,20 евра.
Кон крајот на годината ќе има ново зголемување на пензиите за дополнителни 6,50 евра.
Граѓаните на Словенија имаат просечна месечна заработка од 1.133 евра.
Тоа е раст од 3,7 отсто во споредба со минатата година.