Во неколку основни училишта од денеска почна настава без мобилни телефони. Согласно, Кодексот на однесување во училиштата, од второто полугодие наставниците и учениците за време на часовите мобилните телефони ги ставаат во остава за телефони.

Целта е непречено одвивање на наставниот процес. За наставниците кои нема да ги почитуваат насоките, следува дисциплинска мерка.
Оваа иницијатива наиде на различни коментари од страна на родителите, но сепак поголем дел ја поздравуваат ваквата одлука, надевајќи се дека истата ќе се почитува и од учениците и од родителите, но и од наставниците.
Сепак, има и такви на кои им пречи оваа одлука, сметајќи дека телефоните не се проблем, за нормална настава.
Еве ги дел од коментарите на родителите.
- Учениците нема да носат мобилни така и треба јас се прашувам дали наставниците ќе користат телефони на час зошто не се само децата, криви се и наставниците на час не се збори денес кај ќе оди на кафе што ќе праи за ручек.
-Браво, добар потег барем додека се на настава.
-Но, и дома треба да им се редуцира користење на мобилните, не само на училиште.
-Не ја поздравувам оваа одлука. Сметам дека родителите се тие кои треба да ги воспитуваат децата и да им дадат до знаење дали треба или не треба да користат мобилен во училиште. Ако јас како родител дозволувам моето дете да има телефон во училиште, зошто тогаш некој друг да ја оспорува таа моја одлука?
-А што ако детето е преладено? Како ќе го слушнам јас? Гласно НЕ, за оваа иницијатива, 21 век сме.
-Конечно! Да се надеваме дека возрасните деца ќе ја сватат вредноста на ова и ќе ги остават децата да бидат сплотени без нивен мониторинг, а под стручно око.
Останува да видиме, колку оваа одлука ќе се спроведува и дали останатите училишта ќе ја прифатат иницијативата за настава без мобилен телефон.