22 најбогати мажи во светот поседуваат повеќе пари од сите жени во Африка.

Богатството на 2.153 светски милијардери се проценува на повеќе од 4,6 милијарди луѓе, или 60 проценти од светската популација. Ова стои во извештајот на Оксфам.
„Овој длабок јаз се заснова на погрешениот и сексистичкиот економски систем“, забележуваат авторите.
Жените и девојките поминуваат милијарди неплатени часови секој ден готвење, чистење и грижа за блиските, поради што многу од нив не можат да бидат образовани или вработени, објави Оксфам.
Од Оксфам пресметале и дека богатството на 2.200 милијардери околу светот во 2018 пораснало за 900 милијарди долари, или по 2,5 милијарди долари на ден. Ова е раст од 12 отсто на богатството на најбогатите луѓе, додека за истиот период најсиромашниот дел од светската популација бележи пад на богатството за 11 отсто.
Во 10-те години по финансиската криза, бројот на милијардери е зголемен речиси за два пати.
Богатството на 25-те најбогати семејства во светот пораснало на скоро 1,4 трилиони долари. Ова го покажува рангирањето коешто лани го објави агенцијата Bloomberg.