Просечната нето плата во Словенија во октомври лани била 1.122 евра.

Тоа е номинално повеќе за 1,6 отсто, а реално за 1,5 отсто во однос на претходниот месец.
Словенечката плата за октомври на годишно ниво пораснала за 3,3 отсто номинално.
Просечната нето плата во приватниот сектор е поголема за 2,3 проценти во однос на септември и 0,4 проценти во јавниот сектор.
Највисока нето плата од 1.593 евра е исплатена во индустријата за снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, а најниска во административните и помошните услужни дејности, 814 евра.
Податоци за септември лани, покажаа дека Словенија е лидер на Балканот, а Македонија е на дното по просечна плата.
Во август 2019 година исто така е регистриран раст на просечната плата во Словенија.
За споредба, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2019 година, во Македонија била 25.726 денари.