Промовирани огласи »

Што влијае и како до поголема плата?!

Пара на пара оди

Долго се веруваше дека убавите луѓе заработуваат повеќе од оние со просечен изглед, но студијата од Лондонската школа за економија и Универзитетот во Масачусетс, тврди поинаку.

Убавината нема влијание на платата, истакнуваат научниците кои заклучуваат дека најмногу заработуваат здравите, интелигентните, екстровертните и совесните поединци. Исто така, повеќе се ценат оние кои помалку се невротични.

Истражувањето покажува дека и потеклото влијае на заработката. Па така луѓето кои имаат сиромашно потекло помалку заработуваат затоа што не се склони да побараат зголемување на платата, имаат помал пристап до работни места, самите себе си, се саботираат и ги исклучуваат можностите за напредување затоа што се плашат дека нема да се вклопат.

Како што предупредуваат научниците, дискриминацијата, дали случајна или намерна, врз основа на критериумите кои не се поврзани со продуктивноста, ја намалува ефикасноста на организацијата и на долг рок.

Промовирани огласи »

Кралицата го подржа Брегзит: Велика Британија излегува од ЕУ!

Кралицата Елизабета Втора го потпиша законот за Брегзит

Британската кралица Елизабета даде кралска согласност за почеток на процесот за истапување на Британија од ЕУ, со што е отворен пат премиерката Тереза Меј да започне службена постапка.

Кралицата ја потпишала Повелбата откако таа е одобрена во Долниот дом и Домот на Лордовите во понеделникот.

Премиерката сега може да одлучи кога ќе биде активиран Член 50 од Лисабонскиот договор со што ќе се покренат двегодишни процеси за излез на Британија од ЕУ.

Меј претходно најави дека тоа ќе се слули кон крајот на март како би се избеглано поклопување со неформалниот состанок на земјите на ЕУ кој се одржува наредната недела.

Промовирани огласи »

Видео: Погледнете како жена во Кина брои пари

Кинеска машина :)

Но, што доколку снема струја, а банкарите имаат големи количини на пари за пребројување, а редот на шалтерот е голем? Кинезите се усовршиле за рачно броење пари, а како тоа изгледа погледнете во видеото. 

Промовирани огласи »

Windows XP инсталиран на iPhone 7!?

Windows XP бил инсталиран на најновиот iPhone модел и тоа без проблем

Корисникот што стои зад YouTube каналот Hacking Jules објавил видео, на кое може да се види како iPhone 7 функционира со 16 годишниот стар Windows XP десктоп оперативен систем.

Windows XP инсталиран на iPhone 7!?

Стартап анимацијата, иконките и дизајнот на менито на познатиот iPhone изгледаат идентично какви што ги познаваме. Погледнете на видеото одозгора и пишете ни како ви се допаѓа идејата.

Тагови: iPhone

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »