Промовирани огласи »

Скопје ќе се обиде да го урне рекордот на Гинис и да постави нов а така и да стане град во кој е направена најголемата елка од луѓе.

Моментно Гинисовиот рекорд го држи Индија направен во 2015 година со 4030 учесници.

Надлежните ги повикуваат сите заинтересирани за овој интерен потфат, да дојдат утре во 13ч на плоштадот „Македонија“ каде во рамки од програмата на „Винтерленд“ Скопјани ќе пробаат да ја направат најголемата елка од луѓе.

Промовирани огласи »

Најатрактивните огласи за изминатата недела!

Најатрактивните огласи за изминатата недела!

Центар за обука ЕВА вработува двајца АДМИНИСТРАТИВНИ КООРДИНАТОРИ. Основна нето плата 18.000 - 25.000 денари зависно од искуството, квалификациите и вештините: https://kariera.mk/job/twiwhgLWykiOrp9F0tUayw/administrativen-koordinator

Sport Vision има потреба од ПРОДАЖЕН АСИСТЕНТ во Тетовоhttps://kariera.mk/job/EwwWA0lUEkKNpZyFFqcAMw/prodazhen-asistent-tetovo

Центарот за странски Јазици LTW Cambridge, кој постои веќе 19 години има потреба од проширување на тимот за работно место ПРОФЕСОР ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК: https://kariera.mk/job/ot43FRfW4EGW2ER9mHl3UQ/profesor-ka-po-angliski-jazik

Фирмата Дон Хаус работи градежна дејност и има потреба од ГРАДЕЖЕН ИНЖИНЕР: https://kariera.mk/job/bGT1wkSgKEenBcwC6IS5dA/gradezhen-inzhiner

Водечкиот центар за дигитално печатење во Македонија, Polyesterday, вработува ОПЕРАТОР ЗА ПЕЧАТЕЊЕ (ДИГИТАЛНО ТАБАЧНО ПЕЧАТЕЊЕ): https://kariera.mk/job/9KNZacJ6P0yJ_-FbziYgZw/operator-za-pechatenje-digitalno-tabachno-pechatenje

Промовирани огласи »

Регресот за годишен одмор или познат како К-15 е задолжителен и оваа година. Оваа 2019. година до крајот на декември на сметките на вработените треба да легнат минимални 10. 088 денари.

Според податоците за движењето на нето/бруто платата по вработен, К-15 за оваа година ќе се движи од 10. 088 денари до 14.090 денари. Услов кој треба да се исполни за регресот за годишен одмор е работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач, а право на регрес секој работник има еднаш во годината.

Обврската за задолжителна исплата на К-15 стапи на сила во 2014 година кога на вработените во приватниот сектор како средства за годишен одмор им беа исплатени по околу 8.400 денари, а годинава минималниот износ е 9.610 денари или максимални 14.090 денари.

Исплата на к-15 не треба да очекувате доколку е исполнет еден од следните услови:

1. Вработен сте во некоја јавна институција, односно во јавниот сектор. Вработените во јавните институции се уште немаат право на к-15 бидејќи со нивниот Колективен договор од 2010 тоа не е пропишано.

2. Имате стаж во фирмата кој не е подолг од шест месеци со што автоматски не ви следува исплата на регрес за годишен одмор. К-15 се исплаќа само на работниците кои се пријавени кај ист работодавач најмалку шест месеци

3. Доколку работите кај еден ист работодавач подолг период од шест месеци меѓутоа имате прекин во работниот стаж.

Треба да знаете и дека минималниот регрес за годишен одмор изнесува 40 % од просечната исплатена нето плата во РМ во предходните три месеци.

Промовирани огласи »

Се уште во тек е исплатата на повратот на ДДВ која за првото тримесечје треба да заврши до 31 овој месец.

Од УЈП апелираат граѓаните да проверат дали внеле точен број на трансакциска сметка и доколку има потреба навремено да направат корекции.

Во наградната игра МојДДВ #МојаНаграда досега учествуваат 110 илјади граѓани и се доделените првите 30 награди, при што за трипати се зголемени бројките за скенирани сметки, наплатата на ДДВ и на корисниците на мобилната апликација, објави министерката за финасии Нина Ангеловска на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.

Ангеловска истакнува дека за само три дена се скенирани над 60 проценти повеќе сметки на дневно ниво, зголемена е наплатата на ДДВ за 15 проценти, како и дека има трипати повеќе нови корисници на мобилната апликација.

– За само три дена, наградната игра МојДДВ #МојаНаграда успеа да ги триплира бројките: скенирани над 60% повеќе сметки на дневно ниво споредено со просекот пред почетокот на играта (од 260К на 400К на ден во просек), зголемена наплата на ДДВ за 15%, споредено со просекот пред почетокот, три пати повеќе нови корисници на мобилната апликација на дневно ниво.Во наградната игра до сега учествуваат околу 110 000 граѓани, а во првите три дена доделени се и првите 30 награди, наведе Ангеловска.

За наградната игра раѓаните може да ги скенираат сите сметки, дури и оние на кои е изразено нула денари ДДВ. Наградниот фонд е половина милион евра, а ќе се доделат 3852 парични награди на дневна, месечна и две главни награди.

На дневна основа ќе се доделуваат четири награди по 1000 денари, три награди по 2000 денари и три награди по 3000 денари. Наградите ќе се влечат електронски, известувањето ќе се добива веднаш по скенирање на сметката, а граѓаните средствата ќе ги добијат на трансакциска сметка.

На месечно ниво предвидено е доделување 15 награди по 100.000 денари. Ќе учествуваат фискални сметки во периодот на еден месец од едно до друго извлекување. Нема да учествуваат фискални сметки што веќе биле добитни на дневна награда. Датумите на извлекување се веќе објавени, а првото ќе стартува на 4 јануари, веднаш по лото извлекувањето што се емитува на Канал 5 телевизија.

Доделувањето на главните награди од по 3.000.000 денари ќе се одвива во посебни емисии на 18 март и 19 декември 2020 година.

Наградната игра ќе трае една година, до 14 декември 2020 година.

Тагови: УЈП

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »