Промовирани огласи »

Каде и да е, К 15 треба да легне на сметките на вработените во приватниот сектор. Газдите ги прават финалните пресметки - ќе ги почестат ли вработените со минималниот или со максималниот износ на регресот за годишен одмор.

А сумите се следниве, работодавачите мора најмалку да исплатат 10.170, но ако се повеликодушни можат да дадат и најмногу 14.920 денари. Согласно законските прописи, К 15 се пресметува минумум 40 проценти од просечната нето плата во последните три месеци, или максимум 40 отсто од исплатената  бруто платата .  

Какви казни ризикува газдата ако не го исплати регресот, или ако го плати но потоа ги бара назад парите од работникот, веќе е познато. Санкцијата е огромни 4.000 евра, но има и пострашна казна - затвор до една година. 

Владините функционери постојано апелираат до работниците да си ги бараат своите права, а газдите што ќе ја избегнуваат обврската, да бидат пријавени. 

А во кои случаи не ви следува регрес?

Исплата на к-15 не треба да очекувате доколку е исполнет еден од следните услови:

1. Вработен сте во некоја јавна институција, односно во јавниот сектор. Вработените во јавните институции се уште немаат право на к-15 бидејќи со нивниот Колективен договор од 2010 тоа не е пропишано.

2. Имате стаж во фирмата кој не е подолг од шест месеци со што автоматски не ви следува исплата на регрес за годишен одмор. К-15 се исплаќа само на работниците кои се пријавени кај ист работодавач најмалку шест месеци

3. Доколку работите кај еден ист работодавач подолг период од шест месеци меѓутоа имате прекин во работниот стаж.

Промовирани огласи »

Вредни награди ќе добијат оние кои скенираат фискални сметки. Ако и вие сте меѓу скенирачите тогаш имајте на ум дека највредната наградна игра која би можеле да ја добиете при МојДДВ #Моја награда изнесува 3 милиони денари.

Наградната игра почнува од од 15 декември а ќе се доделуваат по десет парични награди на дневно ниво.

Од тие 10 парични награди на дневно ниво, четири ќе бидат во износ од по илјада денари, три награди од по 2 илјади денари, и три награди од по 3 илјади денари.

Промовирани огласи »

Во понеделник (9.12.2019 година) кој е неработен ден поради државниот празник 8 Декември („Св.Климент Охридски“), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, информираат од ЈСП-Скопје.

Жичарницата на Водно ќе работи со вообичаено работно време за овој период од годината, односно од 10 до 17 часот. Последното возење од доле нагоре ќе биде во 16-16.30 часот, а последно возење од горе надоле ќе биде во 16.45 часот.

Дежурни ќе бидат три билетарници: Транспортен центар 7-19.30 часот, Зелено пазарче 7-19.30 часот и Ѓорче Петров 7-13 часот.

Иаку од неодамна, линијата 15А почна да сообраќа по изменета траса. Наместо преку Рекорд, автобуската линија сообраќа преку мостот „Гоце Делчев“.

Возилата на посочената линија ќе ги користат постојните автобуски постојки долж трасата, а ќе возат по истиот возен ред како и до сега. Изменетиот режим на 15А ќе важи три месеци, односно станува збор за пробен период.

Од ЈСП велат дека одлуката за ваквиот режим е донесена по барање на граѓаните.

Во насока од Ново Лисиче кон Карпош 4, автобусите како и до сега ќе се движат по улица „Февруарски поход“, булевар „Видое Смилевски Бато“, булевар „Јане Сандански“, булевар „Кузман Јосифовски Питу“, па, преку булевар „Крсте Петков Мисирков“, булевар „Гоце Делчев“, булевар „Илинден“, улица „Бледски договор“, булевар „Партизански одреди“ и улица „Љубљанска“ во Карпош 4.

Во насока од Карпош 4 кон Ново Лисиче, возилата ќе се движат по булевар „Илинден“, булевар „Гоце Делчев“, булевар „Крсте Мисирков“, булевар „Кузман Јосифовски Питу“, булевар „Јане Сандански“, булевар „Видое Смилевски Бато“, улица „Февруарски поход“, до терминал во Ново Лисиче.

Промовирани огласи »

Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство при Советот на странски инвеститори во рамки на Стопанската комора на Македонија ја поздравува определбата на Владата на Република Северна Македонија за намалување на царинските стапки доставени од странските инвеститори во земјава.

Имено, согласно постигнатата согласност на работната средба на компаниите-членки на Асоцијацијата  со премиерот Заев и економскиот тим на Владата на РСМ одржана на 18.11.2019 година беше побарано воведување  автономни мерки за укинување на царинските давачки за одредени репроматеријали, кои странските инвеститори што работат тука ги користат во своето производство.

Ова би претставувало привремено решение за зајакнување на конкурентноста на компаниите коишто производуваат технолошки напредни производи и би придонеле за поголема атрактивност на земјата при привлекување на нови компании со странски капитал од различни стопански сектори. 

Овие странски компании имаат особено големо влијание во целокупниот економски раст на земјата преку креирање нови и добро платени работни места, пораст на продуктивноста на работната сила, пристап до нови технологии и знаења, развој и усвојување на современи менаџерски вештини, финансиска стабилност и општа благосостојба во општеството.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »