Различни сектори носат различни просечни примања.
Ако сте во потрага по вработување а не сакате најниска плата тогаш би требало да ги избегнувате секторите кои носат најмали примања.

Па така според ДЗС најниските платени работни позиции согласно последните статистики се во областа на Заштита и истражување. Тој сектор во август земал најниска просечна плата која изнесувала 13 703 денари.
На втората позиција најниско платен сектор е производството на кожа каде што платата во август била 15 178 денари.
Рибарство и аквакултура е трето рангиран сектор каде платите се исто така меѓу најниските. Вработените таму за месец август добиле 15.430 денари просечна плата.
Четвртата и петата позиција на најниско платени сектори отпадна на сектори каде спаѓаат Услуги поврзани со одржување на згради, животна средина и природа и Производство на облека каде платите во август биле 15.614 денари односно 15.991 денари.