Мекензи Безос беше 25 години во брак со основачот на „Амазон“ Џеф Безос. Работела 12 часа дневно во сметководството на компанијата, а навечер во магацинот пакувала нарачки. Во текот на 1996 година, ја споделувала канцеларијата со помлад работник во просторот кој воедно бил и кујна на компанијата.

„ТАА ДАДЕ ГОЛЕМ ПРИДОНЕСЕ ВО ФИРМАТА. НАВИСТИНА Е ТАЛЕНТИРАНА ЛИЧНОСТ, АМА ПОМАЛКУ СЕ ИЗГУБИ КАКО СОПРУГА НА МИЛЈАРДЕР“, ИЗЈАВИЛ ВРАБОТЕН ВО „АМАЗОН“, МАЈК ХАНЛОН.
Иако никогаш не сакала да биде во центарот на вниманието, разводот од Џеф шокира многумина.
Родителите на четири деца ги потпишаа документите за развод во јули, а Мекензи доби 25 отсто од акциите во „Амазон“. Тој удел моментално вреди 36,1 милијарда долари, што е доволно да се пласира на 15 местото на списокот на Форбс.
„ТРЕБАШЕ ДА ДОБИЕ 50 ОТСТО. СЕПАК БЕШЕ РАМНОПРАВЕН ПАРТНЕР ПО ОСНОВАЊЕТО НА КОМПАНИЈАТА“, ИЗЈАВИЛ НИК ХАНАУЕР, ЕДЕН ОД ПРВИТЕ ВЛОЖУВАЧИ ВО АМАЗОН.
Во обидот да дојде до податоци за оваа жена „Форбс“ стапил во контакт со стотина нејзини пријатели и поранешни колеги. Тие им дале мошне нејасна слика за оваа несомнено талентирана жена која ја сака својата приватност. Откриле дека тивко се истакнувала во сите фази од својот живот.
Мекензи израснала во Сан Франциско, како средно дете. На шест години напишала книга од 142 страници наречена „Книшки молец“. Родителите ја испратиле во Хочки, интернат во Конектикат, каде што матурирала.
Студирала на Кембриџ, потоа на Принстон, каде што и дипломирала. Менторката за дипломската работа била нобеловката Тони Морисон.
Нејзините професори тврдат дека отсекогаш била фино расположена, ама и дека била многу тивка.
По дипломирањето се вработила во фондот „Д.Е. Шо“, каде што почнала да се дружи со Џеф Безос. Во создавањето на компанијата „Амазон“ била вклучена од самиот почеток и сето свое знаење го вложила во фирмата.
Од фирмата се повлекла во 1997 година, а последните дваесетина години од нејзиниот живот се целосна енигма.
Во 2018 година таа и Џеф издвоија две милијарди долари за борба против бездомништвото и за поддршка на непрофитни педагошки установи. Во јули, по разводот, таа напомена дека половина од своето богатство ќе го донира во хуманитарни цели, ама не кажа кому ќе му ги даде парите.
Џеф побара развод откако влезе во врска со Лорен Санчес, која тогаш, исто така, беше мажена.
Лорен има 49 години и четири деца од бракот со Безос. Беше една од водителките на утринското шоу „Добар ден ЛА“ на Фокс 11.