Промовирани огласи »

Тука се живее најевтино: Листа од 50 најпристапни држави, Македонија во топ 10

Ова се земјите во кои најевтино се живее

Истражувањето кое го објавило "GoBankingRates", прикажува список од најевтини земји за живот. Критериумите кои ги земале во предвид се просечната плата, трошоците за сместување, цена на производи, ресторани и превоз.Топ 50-те земји каде животот е најевтин се споредени на следниот начин, од "најскапи" до најевтини, а рангирањето изгледа вака:

"Најскапи" земји за живот кои се наоѓаат на листа од 50. до 41. место се: Белорусија, Перу, Литванија, Хрватска, Мароко, Литванија, Португалија, Египет, Ерменија и Филипини.

Од 40. до 31. место се Бангладеш, Русија, Унгарија, Сирија, Словенија, Германија, Тунис, Шпанија, Естонија и Турција.

Од 30. до 21. место својата позиција ја пронашле Бразил, Грузија, Непал, Албанија, Црна Гора, Алжир, Украина, Азербејџан, Мексико и Романија.

Од 20. до 11 место се наоѓаат во главно држави од нашето окружение: Бугарија, Грција, Србија, Малезија, Чиле, Молдавија, Пакистан, Колумбија, Полска и Босна и Херцеговина.

Во топ 10 најевтини се наоѓаат Македонија, Чешка, Парагвај, Оман, Замбија, Казахстан и Саудиска Арабија. На второто место е Индија, додека "шампион" е Јужна Африка.

Промовирани огласи »

Голем ефектот од програмите на Владата за вработување

Анализите на терен покажуваат дека се големи ефектите од програмите на Владата за вработување

Анализите на терен покажуваат дека се големи ефектите од програмите на владата за вработување.

Според информациите на Агенцијата за вработување на отворените огласи што почнаа во јануари и февруари годинава досега има солиден број апликации, а  само за мерката самовработување со грант се поднесени 902 пријави.

Токму за интересот на мерките за вработување и кои се очекувањата за реализација на оперативниот план за вработување оваа година ТВ НОВА зборуваше со директорот на агенцијата за вработување, Влатко Поповски.

Голем ефектот од програмите на Владата за вработување

Промовирани огласи »

iPhone 8 најверојатно нема "да стигне" до септември

iPhone 8 со OLED екран под закана да задоцни

Шпекулациите што се актуелни во изминатиот период сугерираа дека Apple ќе претстави три верзии на iPhone оваа есен.

Два модели ќе бидат наследници на iPhone 7 и iPhone 7 Plus, а третиот модел ќе биде сосема редизајниран модел со цена над 1.000 долари.

Но, според пишувањето на Business Insider, новиот iPhone можеби не е подготвен за лансирање во септември. Најавите беа дека новиот смартфон ќе има куќиште од нерѓосувачки челик, како и екран со неколку слоеви стакло. Во овој модел би се вградувал 5,8 инчен OLED екран што ќе го произведува Samsung.

Сепак, последните информации сугерираат дека производството на iPhone со OLED екран нема да почне се до септември, што значи дека е невозможно тој модел да се појави на пазарот во вообичаениот термин.

Тагови: iPhone

Промовирани огласи »

Одлични вести за сите македонци кои имаат бугарски пасош

Супер вести за Македонци кои имаат бугарски пасош

Бугарските граѓани од 1 декември во Канада ќе патуваат без ограничувања. Канада најави официјално укинување на визите за бугарските и романските граѓани.

Според најавата од 1 мај  во Канада без виза ќе можат да влегуваат  бугарските граѓани кои во последните 10 години имале канадска виза, како и оние кои имаат важечка виза за САД.

Канада во овој период ќе бара од бугарските граѓани да издадат електронска дозвола за патување. До олеснувачкиот режим за патување се стигна по потпишувањето на договорот за слободна трговија меѓу Европската унија и Канада. 

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »