Разводот на основачот на Amazon.com Inc, Џеф Безос, со неговата сопруга Макензи Безос, по 25 години брак, беше финализиран вчера од судијата во Сиетл, отворајќи го патот за неа да добие акции во вредност од 38,3 милијарди долари, објави Блумберг.

Во април, најголемиот светски интернет продавач, во соопштението за берзата објави дека 19,7 милиони акции - или 4% - ќе одат кај Мекензие Безос, откако разводот беше одобрен од страна на судот.
Двојката во јануари објави преку заеднички пост на Твитер дека планираат разделба и поделба на имотот. Џеф Безос задржува 114,8 милијарди долари и останува најбогатиот човек во светот, според Блумберг.
Мекензи вети во мај дека ќе даде половина од своето богатство на добротворните организации.